Забава
Хари и Меган им се заканија со тужби за таблоидите
Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл се заканија дека ќе преземат судска постапка кога таблоидите објавија фотографии од поранешната војвотка од Сасекс со нејзиниот син Арчи во Канада, јавија британските медиуми.
Според дневниот весник „Гардијан“ и каналот „Скај њуз“, адвокатите на двојката посочиле дека тие фотографии биле направени од фотограф што се криел во грмушка без знаење на Меган Маркл на островот Ванкувер, каде што Хари им се придружил на сопругата и синот во понеделникот вечерта.
Тие се жалат дека папараците постојано ги демнат, дури и по откажувањето од кралските должности за да почнат нов самостоен живот.
Таблоидите „Сан“ и „Дејли мејл“ објавија и снимки од поранешната американска актерка како го шета својот син со нејзините две кучиња.
Есенва парот поднесе тужба против некои весници поради нарушувања на приватноста и телефонско прислушување.
„Ја изгубив мајка ми и сега гледам како жена ми е жртва на истите моќни сили“, рече помладиот син на Лејди Ди, која загина во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година додека нејзиниот автомобил беше следен од папараци.
Нивното исклучување од британската монархија ќе се случи напролет. Тогаш веќе нема да бидат активни членови на кралското семејство и нема да носат кралски титули.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Мајка ѝ е кралица нa „Ноќта на вештерките“, но и Лени Клум воодушеви со својот костим
На годинешната забава на Хајди Клум за „Ноќта на вештерките“ во Њујорк, во центарот на вниманието беше нејзината ќерка Лени Клум, која со креативниот костим го привлече вниманието на сите.
Дваесет и едногодишната манекенка се претстави како ликот Камил Крим од детската книга „Необичниот случај со пругите“. и го обои целото тело во шарени пруги – еден од највпечатливите костими на вечерта.
Хајди Клум се појави како Медуза, нејзиниот сопруг Том Каулиц како сребрен витез, а неговиот брат близнак Бил Каулиц како Сејлор Мун. На забавата присуствуваа и останатите деца на Клум од бракот со Сил.
Забава
Љубов до 5 ноември: неколку хороскопски знаци ќе блеснат во романса
Астролозите предвидуваат дека до 5 ноември четири хороскопски знаци ќе уживаат во љубовна хармонија, благодарение на Венера во знакот на Вага – планетата на љубовта, убавината и рамнотежата.
Вага – Ѕвезда на сезоната: привлекува љубов, пари и успех. Зафатените Ваги ја продлабочуваат врската, а слободните можат да доживеат неочекувана романтична средба.
Овен – Венера носи нова љубов или обновување на старата. Можно е заеднички живот или веридба.
Близнаци – Период на емоции, страст и инспирација. Романтиката се меша со креативноста, но треба да внимаваат да не идеализираат нови луѓе.
Водолија – Конечно мир и длабока поврзаност. Привлекуваат искрени и интелигентни партнери, а некои можат да ја пронајдат својата сродна душа.
Забава
Никогаш не е доцна за љубов, вели новиот партнер на Џенифер Анистон
Новиот партнер на Џенифер Анистон, Џим Кертис, изјави дека никогаш не е доцна да се најде љубов, пренесе „Пипл“.
На прашање како да се пронајде љубов по 40-тата година, Кертис одговорил дека тоа се прави исто како и на 22 или 32 години – но со повеќе самодоверба, искуство и автентичност.
„Прво сакајте се себеси и знајте дека сте во совршени години“, рекол тој, додавајќи дека „животот не завршува на 42“.
Кертис и Анистон првпат биле видени заедно во јули, а потоа и на премиерата на новата сезона на серијата The Morning Show и на заедничка вечера со актерот Џејсон Бејтман и неговата сопруга. Според извор за „Пипл“, „тие повремено излегуваат и уживаат во дружењето“.

