Забава
Хари и Меган тивко ја прославија годишнината од венчавката среде гласини дека Хари престојува во хотел

Кралската двојка во петокот тивко прослави пет години брак без да објави никакви фотографии на социјалните мрежи.
Принцот Хари негираше дека има луксузна хотелска соба во која наводно престојува сам, во близина на својата куќа во Калифорнија.
Војводата од Сасекс (38) – кој има четиригодишен син Арчи и 23-месечна ќерка Лилибет со сопругата Меган, војвотката од Сасекс (41) – исто така наводно има уште едно ексклузивно скривалиште во Лос Анџелес каде што вежба, работи и понекогаш преноќува.
Но, „Пејџ сикс“ пишува дека негов претставник изјавил за порталот: „Ова не е точно“.
За Хари се вели дека има приватна соба во хотел во близина на заедничкиот дом со Меган во Монтесито, и бунгалов во Сан Висенте, приватен клуб за членови со строги правила за заштита на приватноста на гостите.
Клубот во Западен Холивуд им забранува на посетителите да се фотографираат внатре во местото, а налепници се ставаат преку камерите на нивните телефони кога ќе пристигнат.
Исто така, на гостите им е посочено да не разговараат за ништо што членовите или нивните гости ќе видат за време на својата посета и, забрането им е да им се приближуваат на другите членови во клубската зграда.
Цената за годишен наем е 3.200 фунти. Апликантите мора да ги провери комисија пред да им биде одобрен прием во клубот.
Хари и Меган во петокот тивко ја прославија годишнината од бракот без да споделат никакви фотографии.
Двајцата се најдоа на насловните страници откако нивниот претставник изјави дека ги бркал автомобил со папараци кога биле во Њујорк на 16 мај. Медиумите пренесоа дека имало немилосрдна потера по кралската двојка и дека за малку бил избегнат судир со други возила и повредување на пешаци.
Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс е меѓу поддржувачите на двојката и рече: „Јасно е дека папараците сакаат да ја добијат вистинската снимка, тие сакаат да ја добијат вистинската приказна, но јавната безбедност секогаш мора да биде во прв ред.“
Градоначалникот додаде дека можело да бидат повредени двајца службеници на њујоршката полиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Оженет богаташ фатен во прељуба: jа прегрнува љубовницата на концерт, целиот свет ги виде во живо

Социјалните мрежи беа преплавени со видео од концертот на „Колдплеј“ на кое се гледа како директорот и основач на „Астрономер“ ужива во музиката додека ја прегрнува шефицата на кадровската служба.
Сето ова не би било проблем ако двајцата веќе не беа во брак со други луѓе.
Концертите на „Колдплеј“ традиционално се најпосетени, честопати привлекувајќи околу 70.000 луѓе, а Енди Бајрон и неговата колешка имаа среќа да се најдат на големото платно, и сите дознаа за нивната врска.
Камерата ги фати како се гушкаат и пеат заедно со бендот, а за да биде уште полошо, во моментот кога се појавија на големото платно, дури и Крис Мартин, пејачот на бендот, искоментира нешто.
Extra-Marital affair Got Caught during Coldplay Concert (Coldplay accidentally exposed an alleged affair between Astronomer CEO Andy Byron and his colleague Kristin Cabot at one of their recent concerts.)
pic.twitter.com/IbvnXGSf9h— Ghar Ke Kalesh (@gharkekalesh) July 17, 2025
„Погледнете ги овие две гулапчиња“, рече Мартин.
Двајцата брзо се фатија за главите еден за друг и се обидоа да исчезнат од кадарот, но беше предоцна. Целиот свет ги виде.
Крис Мартин ја искористи можноста да се пошегува и додаде дека двајцата или имаат афера или се многу срамежливи.
Набрзо се дозна дека двојката имала афера, а стотици илјади луѓе ја поддржаа неговата сопруга, која дознала за тоа по ова видео.
Иако социјалните медиуми се преполни со коментари и мемиња, ниту еден од нив не се огласил.
Забава
Фаталната Бразилка позира топлес: фотографијата го привлече целото внимание

Познатата манекенка Алесандра Амброзио веќе долго време ужива во љубовниот живот со Бака Палмер. Двојката отпатува на Ибица, каде што веќе се објавени интересни фотографии од нив, а сега убавата Бразилка се потруди да ја загрее атмосферата.
Таа сака да споделува моменти од приватниот живот на социјалните мрежи, па неодамна објави неколку фотографии од сончање, а една фотографија го украде целото внимание.
На неа, Алесандра позира топлес додека лежи на лежалка. Тетоважата што ја има над задникот, исто така, привлече внимание.
Забава
(Видео) Мишел и Барак Обама застанаа заедно пред камерите: „Ме прими назад“

Поранешната претседателска двојка на САД, Барак и Мишел Обама, решија на хумористичен начин да стават крај на постојаните шпекулации за проблеми во нивниот брак. Гостувајќи во нејзиниот поткаст, Барак се пошегува за шпекулациите за развод и низ смеа рече: „Ме прими назад!“
Во опуштената атмосфера на најновата епизода од поткастот IMO, кој Мишел го води со својот брат Крег Робинсон, славната двојка се осврна на медиумските шпекулации дека нивниот децениски брак е во криза. За потсетување, шпекулациите се загреаја кога Мишел не се појави со својот сопруг на неколку важни јавни настани, вклучувајќи ја и инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп.
„Толку е убаво да ве видам двајцата во иста просторија“, почна водителот Робин. Мишел веднаш одговори: „Знам, бидејќи секогаш кога не сме заедно, луѓето мислат дека се разведуваме“.
Барак веднаш се вклучи смеејќи се: „Ете такви работи очигледно пропуштам“.
„Јас дури и не знам за тоа додека некој не ми го спомне. Потоа само го гледам и се прашувам за што, по ѓаволите, зборувате?“, продолжи поранешниот претседател.
Сепак, со посериозен тон Мишел ја нагласи силата на нивната врска: „Никогаш немаше момент во нашиот брак кога помислив да се откажам. Секако, имавме некои навистина тешки времиња, но имавме и многу забава и авантури. Станав подобра личност поради човекот со кој сум во брак“.
Ова не е првпат поранешната прва дама да се осврне на злонамерни озборувања. Во април таа ѝ кажа на актерката Софија Буш во друг поткаст дека многу луѓе веднаш ги протолкувале нејзините независни одлуки како знак на брачни проблеми.
„На луѓето им е несфатливо што донесувам одлука сама, па затоа веднаш мораа да претпостават дека мојот сопруг и јас се разведуваме“, објасни таа во тоа време.