Забава
Хари и Меган ќе продуцираат и водат поткасти за „Спотифај“
Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган ќе бидат продуценти и водители на поткасти за стриминг-платформата „Спотифај“, соопшти шведската компанија во вторникот, додавајќи дека ќе започнат со празничен поткаст што ќе биде емитуван овој месец.
Според повеќегодишниот договор, новооснованата компанија на двојката, „Арчивел аудио“, ќе продуцира програма што „ја воздигнува и забавува публиката ширум светот и содржи разновидни перспективи и гласови“, се вели во соопштението на „Спотифај“.
Поткастите ќе бидат достапни бесплатно преку „Спотифај“, една од најпопуларните светски платформи за мрежен аудиопренос.
Компанијата што го предводи пазарот на стриминг-музика исто така нуди повеќе од 1.5 милиони поткаст-наслови како што се „The Michelle Obama Podcast“ и „Mama Knows Best“ од инфлуенсерката Адисон Ре, има повеќе од 320 милиони активни корисници месечно.
Финансиските услови на зделката не беа обелоденети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) На позната актерка и е дијагностициран редок синдром: „Затоа тренирам секој ден“
Актерката Енди Мекдауел (66) неодамна се појави во ток-шоуто на Дру Баримор, каде откри дека и бил дијагностициран синдром на пириформис. Станува збор за синдром во кој пириформисниот мускул притиска на ијатичниот нерв, предизвикувајќи болка или вкочанетост во задникот.
„Мислев дека ќе морам да направам операција на колкот. Фала богу моите колкови се во ред“, коментираше Енди. По дијагнозата почнала да работи со личен тренер за да се ослободи од болката и тренира секојдневно.
„Морам да работам на мојот задник и моите колкови. Тоа го правам секој ден. Тоа е чудо, навистина е“, истакна актерката.
Таа се осврна и на приватниот живот, велејќи дека го напуштила Холивуд и се преселила во Јужна Каролина. Рекла дека таму живее во заедница со многу луѓе на нејзина возраст и дека и е полесно да наоѓа нови пријатели.
Да потсетиме, Мекдауел неколку пати нагласи дека стареењето не и пречи. Не ја покрива седата коса и не ги крие брчките, што многумина го сметаат за освежување во Холивуд. Таа еднаш призна дека се смее кога некој ќе и каже дека изгледа постаро од порано.
Забава
Џејми Фокс раскина со 26 години помладата девојка
Џејми Фокс (57) раскина со својата девојка Елис Хакстеп (31), пренесува „Пипл“. Веста ја потврдија повеќе извори блиски до поранешната двојка, а причината за раскинувањето се уште не е позната.
Не се знаеше многу за нивната врска. Тие првпат беа поврзани во 2022 година, кога беа видени како разменуваат нежности на јахта во Кан. Нејзиниот идентитет, сепак, тогаш не беше познат.
Пет месеци откако Фокс заврши во болница, во септември 2023 година, „Пејџ Сикс“ доби фотографии на кои се гледа парот како се држи за раце во одморалиштето Кабо Сан Лукас.
Биле видени и како се бакнуваат на улиците на Лос Анџелес, како и на вечера во ресторан. Последен пат заедно беа фотографирани во октомври 2024 година на одмор во Мексико. Фокс претходно беше во врска со Кејти Холмс, со која раскина во 2019 година, по шест години.
Забава
Секогаш совршено стилизирана: кралицата Летиција во парче што веднаш ќе го побарате
Кралската двојка редовно привлекува внимание со својот моден избор, а убавата кралица ниту овој пат не разочара со комбинација за деловна можност.
Кралицата Летиција е совршено облечена за секоја пригода и од ден на ден сугерира дека едноставниот, ненаметлив, удобен, а сепак модерен, е најдобриот стајлинг во кој ќе се чувствувате самоуверено и ќе привлечете внимание, а дека кичот и претерувањето во модата не се секогаш добра идеја.
Во последните месеци бевме сведоци на можеби најдобрите модни изрази на кралицата Летиција, без разлика дали се работи за деловна или лежерна верзија. За една деловна пригода во Мадрид таа избра црно-розова комбинација, која ги спои модерното и традиционалното.
И за оваа пригода кралицата одлично го координира својот изглед со тој на кралот Филип.
Црните панталони и црната кошула ги освежила со пастелно розов блејзер, кој можете да го најдете во популарните „хај-стрит“ продавници, а овој модел одлично ја истакна нејзината вита фигура.
Кралицата секогаш избира удобни чевли, а овој пат не носеше рамни, туку црни со потпетици – чевли што секоја дама треба да ги има во својот гардеробер.
Таа го заокружи елегантно-лежерниот изглед со природна шминка, која го истакнува нејзиното убаво лице, а нејзината пуштена, малку свиткана коса, одлично се вклопи во оваа модна приказна.