Забава
Хартиена чинија со листа на песни напишана од Курт Кобејн продадена за 22.400 долари
Чинија од хартија на која фронтменот на „Нирвана“, Курт Кобејн, напишал листа со песни, е продадена за 22.400 долари на аукција во Њујорк.
Аукциската куќа „Џулиенс“ првично процени дека чинијата ќе биде продадена за околу две илјади долари.
Кобејн со црн фломастер, пред концерт во 1990 година во Вашингтон, ја напишал листата со песни на чинија од хартија.
На истата аукција, џемперот кој Кобејн го носел на неговото последно фотографирање пред да изврши самоубиство во 1994 година е продаден за 75.000 долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Калиопи објави нова песна и спот
Калиопи денеска во Белград ја претстави својата нова песна со наслов „Добро веќе и лаку ноќ“ („Добра вечер и лека ноќ“).
Автор на музиката, текстот, аранжманот и на продукцијата е повторно Ромео Грил.
Песната „Добро веќе и лаку ноќ“ е достапна на сите дигитални платформи.
Видеото за песната, кое го изработи Александар Ристовски-Принц, може да се гледа на нејзиниот јутјуб-канал:
Забава
(Фото) Бред Пит изненади со нов изглед на бејзбол-натпревар
Бред Пит повторно го промени својот имиџ. Славниот актер ја покажа својата најнова трансформација за време на четвртиот натпревар од американската бејзбол-лига World Series, кој се одржа на 28 октомври на стадионот „Доџерс“ во Лос Анџелес. Пит се појави со подолга, неуредна руса коса, седи бакенбарди и впечатливи мустаќи, пишува „Е!Онлајн“.

На фотографија од натпреварот, облечен во бел дрес на Доџерс, тој беше со басистот на „Ред хот чили пеперс“. Двајцата го гледаа натпреварот помеѓу домашниот тим од Лос Анџелес и Торонто Блу Џејс, во кој канадскиот тим на крајот победи со резултат од 6-2.

Грубиот изглед е во остра спротивност со кратката фризура што 61-годишниот актер ја имаше во јуни на премиерата на неговиот филм F1: The Movie.

Кога го прашаа за причината за бричењето на главата, Пит за списанието „Пипл“ кусо објасни: „Тукушто завршив со работа. Тоа е за лик што го правевме“.
фото: принтскрин
Забава
Ѕвездата од популарната серија „Суитс“ објави гола фотографија од сопругата: Среќен роденден
Патрик Џ. Адамс, ѕвездата од популарната серија „Suits“, ѝ го честиташе на својата сопруга, актерката Тројан Белисарио роденденот на многу посебен начин. Тој сподели нејзина гола фотографија покрај базенот на својот Инстаграм, на која таа е во друштво на нивното куче Бинс.
„Не знам како го правиш сето тоа или како јас имав среќа да го правам ова со тебе, но ќе ја земам секоја проклета капка што можам да ја добијам“, напиша покрај фотографијата 44-годишниот актер.
„Среќен роденден @sleepinthegardn – ти си дар кој буквално никогаш не престанува да дава и секој што е доволно среќен да те познава го чувствува тоа. Секогаш одиш напред, ниту еден камен не останува непревртен, нема спиење до Бруклин, нема одмор за злите, нема ако, и или но, нема штета, нема прекршоци, нема храброст, нема слава. Цело срце. Цел труд. Цела љубов. Секогаш и на секој начин“, додаде тој во емотивна порака.
Покрај оваа смела фотографија, Патрик објави и низа други слики од нивните животи, вклучувајќи фотографии од актерката во ледена бања, од заедничко пешачење, како лежат во кревет покрај нивната седумгодишна ќерка Аурора и седат со четиригодишната ќерка Елиот на јога подлога.
фото: принтскрин

