Контакт

Забава

Хајди Клум позира гола во пресрет на Ноќта на вештерките: „Затишје пред бура“

Објавено пред

Хајди Клум секоја година воодушевува со своите сега веќе легендарни костими за Ноќта на вештерките, а оваа година својот нов костим го најави со фотографија на „Инстаграм“ на која позира гола.

dobivaj vesti na viber

Супермоделот (50), позната како кралица на костимите за Ноќта на вештерките, сподели фотографија на која лежи целосно гола на розова софа со рацете кои ѝ ги покриваат градите, а зад неа има голема слика на два лика.

„Затишје пред бура. Остануваат уште три дена до Ноќта на вештерките. Моето мото оваа година е: биди храбар или остани дома“, напиша таа во описот на објавата, а фановите почнаа да шпекулираат за што се работи.

За потсетување, минатата година на нејзината забава за Ноќта на вештерките во Њујорк манекенката се појави во костим на црв, кој ѝ го покриваше целото тело и ѝ се гледаа само очите и устата.

Претходно, таа се појавуваше во низа впечатливи костими, како Фиона од „Шрек“, врколак од „Трилер“ на Џексон, златен вонземјанин и Џесика Ребит, а за да го направи костимот на вонземјанин ѝ беа потребни повеќе од 10 часа, кои ги потроши на шминка и ставање протетика.

Забава

(Видео) „Пред 24 години воздивнувавме по фатална русокоса, денес по огнената бринета“

Објавено пред

Моделот Кендал Џенер се потруди да ги шармира сите што ја следат, па на отворањето на „Vogue World 2025“ блесна во иконскиот костим на Никол Кидман од филмот „Мулен Руж“.

dobivaj vesti na viber

Во 2001 година, токму овој костим ја направи славната русокоса позната, а Кендал сега го оживеа. Не е тајна дека таа, како и нејзината сестра Ким, обожава да копира други познати ѕвезди. Ким Кардашијан често беше мета на негативни коментари поради ова, но сега сите имаа само пофални зборови за Кендал.

Сребрен корсет со реси и сатенски дел што се влече, надополнети со мрежести чорапи и екстравагантна шапка, му дадоа совршен спој на гламур, смелост и сексапил на еден од најбараните модели.

Се очекуваше дека коментарите наскоро ќе започнат по ова појавување, а Кендал имаше среќа бидејќи публиката беше љубезна.

„Вистинска кабаре дива“, „Мулен Руж се врати во живот и е уште посјаен отколку во 2001 година“, „Пред 24 години воздивнувавме по Никол Кидман, денес за Кендал Џенер“, „Времето минува, црвениот кармин и светките остануваат вечни“, беа некои од коментарите за оваа убавица.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

Ентони Хопкинс без контакт со ќерката повеќе од 20 години: „Животот е болен, но мора да продолжиш“

Објавено пред

Ентони Хопкинс се пожали дека неговата ќерка Абигејл, со која е во расправија со години, го игнорирала неодамнешниот повик за помирување. Во ново интервју, добитникот на Оскар откри дека неговата сопруга Стела Аројаве се обидела да закаже средба, но немало одговор од другата страна.

dobivaj vesti na viber

„Мојата сопруга, Стела, испрати покана до Абигејл да дојде да нè посети“, рече актерот во интервју за „Њујорк тајмс“. Но, немаше одговор. „Ни збор. Па, мислам, добро. Ѝ посакувам се најдобро, но нема да пролевам крв поради тоа. Ако сакате да живеете во омраза, добро, слободно“, додаде Хопкинс.

Ентони, кој ја има 57-годишната ќерка Абигејл со својата прва сопруга Петронела Баркер, нагласи дека се обидува да не размислува негативно за минатото затоа што тоа е смрт. „Не живеете правилно. Мора да признаеме едно – не сме совршени“, објасни тој.

Хопкинс верува дека направил што можел за да ги реши разликите со својата ќерка.

„Животот е болен. Понекогаш луѓето се повредуваат“, сподели тој.

„Но, не можеш да живееш така. Мора да го преболиш тоа. А ако не можеш да го преболиш, па, среќно. Не осудувам. Но, направив што можев. Тоа е тоа. Тоа е сè што сакам да кажам.“

Кога го прашале дали се надева дека Абигејл ќе ги прочита неговите мемоари кои излегуваат следниот месец, актерот рече: „Нема да одговорам на тоа. Не. Не ми е гајле“. Сепак, кога еден новинар го прашал дали треба да ја променат чувствителната семејна тема, Хопкинс рекол: „Те молам. Сакам да го направиш тоа. Бидејќи не сакам да ја повредам“.

Ентони и Абигејл не разговарале повеќе од 20 години. Во интервју за Телеграф во 2006 година, Абигејл се сетила како ретко го гледала својот татко како дете.

„Го гледав, но можеби еднаш годишно. Малку сум тажна, но морам да продолжам со мојот живот“, признала таа во тоа време.

„Секогаш било така. А потоа, кога имав 16 години, дојде до расправија“.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Жена со стил: сите гледаа во фустанот што го прегрнуваше нејзиното тело

Објавено пред

Големиот настан наречен Vogue World: Hollywood собра бројни светски ѕвезди од различни сфери на уметноста.

dobivaj vesti na viber

Актери, модели, костимографи, филмски режисери и одлични модни магови беа дел од еден голем спектакл кој на уникатен начин ја истакна врската помеѓу филмската индустрија и светот на модата.

Актерката Никол Кидман имаше чест да ја отвори програмата со изведба на песната „Put the Blame on Mame“, а потоа познатата манекенка Кендал Џенер ги воодушеви сите присутни со своето грациозно одење.

Вниманието на јавноста го привлече и убавица која ја замени модната писта со место во публиката, а тоа е манекенката Хејли Бибер. За големиот настан, таа одлучи да носи црна кожна креација од Mugler која ја следи линијата на телото и ја нагласува нејзината завидна фигура.

Фустанот е украсен и со интересен детаљ во горниот дел, имено цвет кој ги нагласува градите. Голиот грб беше исто така составен дел од креацијата.

Својот стајлинг го комплетираше со минимална шминка во природни тонови, но и со класична пунџа која ја истакнуваше нејзината природна убавина.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

Обвинение за смрт на работник: камион паднал во Вардар возејќи низ импровизирана патека, возачот останал заробен и починал

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против еден осомничен од Неготино за тешки дела против општата сигурност од член...

Македонија1 час

Кривична против поранешен директор, заменик директор и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „проневера во службата“

СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против З.А., поранешен директор на Агенцијата за храна и ветеринарство поради сомнение...

Свет3 часа

Орбан е пред голема дилема: Трамп или руска нафта

Унгарскиот премиер Виктор Орбан се наоѓа во незавидна позиција – притиснат помеѓу неговата зависност од руската нафта и притисокот од...

Европа4 часа

Зеленски даде наредба: Украина почнува да извезува оружје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му нареди на украинското Министерство за одбрана да започне „контролиран извоз“ на украинско оружје во странство...

Свет4 часа

(Видео) Властите на Јамајка предупредуваат: Внимавајте се од крокодили

Јамајканските власти ги предупредија жителите за уште една опасност предизвикана од разорното уништување од ураганот Мелиса – крокодили кои можеби...

Свет5 часа

Северна Кореја лансира крстосувачки ракети: летаа два часа

Северна Кореја тестираше крстосувачки ракети море-земја западно од Корејскиот Полуостров, објави државната новинска агенција KCNA, токму во време кога американскиот...

Свет5 часа

(Видео) Страшниот ураган ја опустоши Јамајка: сега се движи кон Куба станувајќи сè посилен

Екстремнно моќниот ураган Мелиса се движи кон Куба откако ја опустоши Јамајка. Тоа е најсилната бура со која некогаш се...

Македонија18 часа

Еден од министрите, секој ден плаче и праќа пораки по дипломатските претставништва да ми реагираат да престанам до избори да говорам за криминалов, вели Арсовска

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, преку објава на социјалните мрежи го повикува Ислам Абази од Основното јавно обвинителство за организиран...

Македонија21 час

(Видео) Илјадници пластични шишиња во Вардар, од Министерството за животна средина велат виновни се слабите комунални услуги

Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека појавата на пластичен и друг амбалажен отпад во реката Вардар и...

Македонија22 часа

Обвинителството побара притвор за директорот и за управителот на „Комунална хигиена“

Скопското обвинителство побара притвор за в.д. директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Сабахудин Рустеми, и за еден управител за...

Македонија23 часа

Голем е интересот за вакцинацијата против сезонскиот грип, од Здравство велат пријавени се повеќе од 70.000 граѓани

Министерството за здравство информира дека интересот за вакцинација против сезонскиот грип континуирано расте. Досега се пријавени над 70 илјади граѓани,...

Македонија1 ден

Мицкоски: Енергетиката е поставена високо на државната агенда – не како техничко прашање, туку како национален приоритет

Енергетиката е поставена високо на државната агенда, не како техничко прашање, туку како национален приоритети државна стратегија, рече премиерот, Христијан...

Топ1 ден

Во Кавадарци со тесла го убил својот помлад брат на неговиот роденден поради расправија за имот

Обвинителството ги откри мотивите за грозоморното убиство што се случи летово во Кавадарци. Утврдено е дека 43-годишникот го убил својот...

Свет1 ден

(Видео) Јамајка се подготвува за најлошиот ураган во историјата

Три лица веќе загинаа на Јамајка, додека островот се подготвува за најсилната бура во светот оваа година, а можеби и...

Европа1 ден

Русија: Украина ја напаѓа Москва со беспилотни летала втора ноќ по ред

Украина ја нападна Москва со беспилотни летала втора ноќ по ред, соопштија денес руското Министерство за одбрана и градоначалникот на...

Свет1 ден

(Видео) Експлозија во австралиски рудник, двајца загинати

Две лица загинаа, а едно беше повредено денес во експлозија во од неодамна повторно отворен рудник во австралиската држава Нов...

Свет1 ден

Судијата му дозволи на убиецот на Чарли Кирк да носи обична облека на суд

22-годишниот маж обвинет за убиство на истакнатиот конзервативен активист Чарли Кирк може да се појави на суд во „цивилна облека“,...

Европа1 ден

Фон дер Лајен: Литванија се соочува со хибридна закана, нема да го толерираме тоа

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја изрази целосната солидарност на Европа со Литванија во врска со постојаните...

Европа1 ден

Зеленски потврди дека Русите влегле во Покровск

Руските сили ја фокусираа целата своја напаѓачка моќ врз Покровск, град во источна Украина каде што сега се водат жестоки...

Македонија2 дена

Мицкоски од Пробиштип повика на масовна излезност во вториот круг

Во првиот круг коалицијата којашто ја предводи ВМРО-ДПМНЕ освои 33 градоначалници. Двајца во меѓу време, помеѓу првиот и вториот круг,...