Забава
Хедер Локлир од клиника за одвикнување од алкохол напиша молитва со розов кармин
Актерката Хедер Локлир (58) повеќе години се бори со зависноста од алкохол. Таа неодамна на социјалните мрежи сподели фотографија од соба во клиника за одвикнување од алкохол. На огледалото пред креветот поранешната актерка напиша молитва со розов кармин и ја сподели со своите фанови на „Инстаграм“.
„Боже, ти се нудам себеси. Да градиш со мене и да одлучиш што да направиш со мене. Ослободи ме од моите окови“, напишана актерката позната по нејзините улоги во „Династија“, „Мелроус Плејс“ и „Спин Сити“. Во третиот дел од процесот на одвикнување Хедер акцентот го стави на пронаоѓање верба и свртување кон Бога.

Локер се најде во центарот на вниманието минатата година кога се скара со момчето Крис Хајсер (57), а потоа го претепа и го исфрли од куќата. Тогаш Хедер беше сместена на психијатриски оддел.
Порано се сметаше за икона на сексапил, а сега ја следат лоши приказни. Во јуни 2018 година таа завршила во полициска станица затоа што возела во алкохолизирана состојба и со автомобилот ја срушила оградата пред својот дом во Калифорнија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) „Брутална жена“: Убавата актерка во 50-тите години изгледа како девојче
Холивудската актерка Џесика Алба (44) се појави на Супербоул, на сцената откако Бед Бани ја покани да му се придружи, заедно со Рики Мартин и Лејди Гага.
Џесика стана особено интересна за медиумите по разводот од Кеш Ворен, со кого помина 17 години и доби три деца, а потоа се шпекулираше дека утеха пронашла во Дени Рамирез, кој е 11 години помлад од неа.
Убавата актерка е сè поактивна на социјалните мрежи, каде што најчесто објавуваше провокативни фотографии од плажа, но ниту оваа комбинација од Супербоул не е „за фрлање“.
Jessica Alba aging like fine wine pic.twitter.com/dW8vEodfwf
— Popcultureguy (@Pop_cultureguy) February 9, 2026
Џесика позираше во лежерна, street style комбинација што дефинитивно ќе сакате да ја копирате. Широките фармерки и бел корсет, со ефектна сива јакна – совршено се вклопуваат за ваков настан.
Младоста е она кон што сите се стремиме дури и во нашата петта деценија, а Џесика успева, особено по разводот.
„Таа не остарела ниту еден ден“, „Станува сè подобра со годините“, „Како е можно Џесика Алба сè уште да изгледа исто“, „Како оваа жена се грижи за себе“, „Брутална жена“, „Како девојче“, се некои од бројните коментари под објавите на кои се појавува убавата актерка.
Забава
(Видео) Лејди Гага на Супербоул, но сосема поинаква: „Оземпик го направи своето“
Контроверзната пејачка Лејди Гага се појави во Санта Клара на Супербоул, каде што настапи за време на полувремето со ѕвездата на вечерта, Бед Бани, кој ги воодушеви сите со својот избор и ја отпеа песната „Die With A Smile“.
Свои пет минути имаше и познатиот Рики Мартин, кој импресионираше со својот изглед многу повеќе отколку со својата песна, но ова не е ништо ново за него.
Лејди Гага за својот настап избра асиметричен син фустан со набори, кој го комбинираше со црвени сандали и црвен детаљ на едното рамо. Нејзината препознатлива руса коса и тука беше нејзин заштитен знак, а нејзиното лице загрижи многумина.
И покрај сето ова, во центарот на вниманието беше тоа што е многу ослабена, па некои на мрежата ја нарекоа „Оземпик Лејди Гага“.
„Дали е ова AI Лејди Гага?“, „Што се случи со нејзиното лице?“, „Оземпик го направи своето“, беа некои од коментарите на мрежата.
Се чини дека, покрај сè, Лејди Гага се забавуваше одлично, иако многумина пишуваат дека Бед Бани наводно ја поканил да биде негов гостин на сцената само затоа што му снемало идеи.
Забава
(Видео) Има 54 години, а изгледа двојно помладо: Хирурзите се во шок – не користи ботокс, филери…
Не е тајна дека познатиот пејач Рики Мартин привлекува внимание со својот изглед. За време на полувремето од овогодинешниот Супербоул, тој создаде вистински музички спектакл кој остави многумина без зборови – вклучувајќи ги и луѓето од медицинската област кои почнаа да се интересираат за неговиот беспрекорен изглед.
Иако има 54 години, пејачот изгледа двојно помладо, а пластичниот хирург Шон Мекнали ја анализираше структурата на неговото лице за да дојде до вистината!
Тој нагласи дека Мартин никогаш не бил негов пациент и дека својата проценка ја базира исклучиво на фотографии и видеа од настапи, пишува „Дејли меил“.
„Не ми изгледа како да имал големи козметички операции како што се лифтинг на лице, лифтинг на вратот или веѓите, или блефаропластика“, рече Мекнали. Сепак, две области на лицето, како што вели тој, се „значително подобрени“.
„Прво, обликот и волуменот на централниот дел од лицето“, објасни тој, додавајќи дека ова може да се постигне со дермални филери или калемење на маснотии.
Второто е подобрување на тенот и текстурата на кожата, што може да биде резултат и на употреба на филери во пределот на образите и вилицата.
„Филерите можат да помогнат во одржувањето на младешкиот изглед на лицето“, истакна тој.
Изненадувачки, тој не користи ботокс…
„Со оглед на неговата возраст и тип на кожа, тој би бил склон кон хиперпигментација, како што се старечки дамки. Очигледно презема одредени мерки на претпазливост за да го спречи тоа“, рече козметичкиот хирург.
Заклучок: Тоа е комбинација од квалитетна нега на кожата и ласерски третмани за кожа.
„Тој најверојатно користи режим на хидрохинон и поблаги типови ласери за обновување на кожата, како што се Мокси или ербиум ласери, кои се посоодветни за чувствителна и реактивна кожа“, објасни тој.

