Забава
Хејли Бибер благодарна за љубовта на својот живот

Хејли Бибер има многу за да биде благодарна оваа година.
22-годишната манекенка на својот „Инстаграм“ сподели слатка црно-бела фотографија на која го бакнува сопругот Џастин на нивната свадба. Таа фотографијата ја сподели во четвртокот, на Денот на благодарноста.
И под неа напиша: „Благодарна сум за љубовта на мојот живот“
На сликата таа носи преубав бел венчален фустан од свила.
Венчаницата многу потсетува на сатенското чудо што го носеше модната публицистка Каролин Бисет кога се венчаваше со Џон Ф. Кенеди Јуниор во 1996 година.
Хејли и Џастин, кои првично се венчаа на тајна церемонија во септември 2018 година, разменија завети пред 154 гости во одморалиштето „Монтаж Палмето Блаф“ во Јужна Каролина на 30 септември.
Џастин и Хејли разменија завети пред низа познати личности: Ед Шеран, Кендал и Кајли Џенер, Ушер и Џаден Смит во капелата „Сомерсет“ во дворот на хотелот „Монтаж Палмето Блаф“.
Канадскиот пејач Џастин Бибер не издал албум веќе неколку години. Негов последен албум е Purpose од 2015 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Џеј Ло настапи во Абу Даби во леопард комбинезон, снимката има 16 милиони прегледи

Џенифер Лопез одржа два големи концерти во Абу Даби на 20 и 21 февруари, а клип од настапот што го сподели на Инстаграм и ТикТок собра повеќе од 16 милиони прегледи за помалку од 24 часа.
Џеј Ло веќе некое време немаше настапи, но неодамна направи исклучок со настапот во Дубаи на отворањето на луксузен хотел. Потоа следеа два распродадени концерти во Абу Даби, а снимките од тие настапи брзо ги преплавија социјалните мрежи.
Забава
Блејк Лајвли за насловната страница на „Холивуд Репортер“: Срамна и сексистичка

Блејк Лајвли, кој е во правен спор со Џастин Балдони поради наводите за сексуално вознемирување на снимањето на филмот It Ends With Us, остро го критикуваше таблоидот „Холивуд Репортер“ за начинот на кој го објави случајот.
На актерката не и се допадна како „Холивуд Репортер“ го покрива правниот процес меѓу неа и Балдони. Овој таблоид објави фотографија од Лајвли на насловната страница на која се гледа како таа го фрла мобилниот телефон додека околу неа се прикажуваат пеперутки.
„Холивуд репортер треба да се срами. Оваа фотографија е крајно навредлива затоа што се потпира на сексистички стереотипи за жените кои се осмелуваат да пријават недолично однесување на работното место, прикажувајќи ги како агресори и сугерирајќи дека заслужуваат одмазда. Понатаму, написот е крајно проблематичен затоа што се обидува да ги оправда документираните случаи на сексуално вознемирување и одмазди нарекувајќи ги културни недоразбирања“, напиша актерката.
Блејк првично го обвини Балдони за сексуално вознемирување и обид да ја „уништи“ нејзината репутација во жалбата до Одделот за граѓански права во Калифорнија. Во изменетата тужба сега стои дека однесувањето на актерот предизвикало непријатност кај другите жени на филмскиот сет.
Балдони потоа поднесе противтужба против Блејк и Рајан Рејнолдс, барајќи отштета од 400 милиони долари. Адвокатите на Блејк ова го нарекоа „уште едно поглавје во книгата на насилникот“, што адвокатот на Балдони го смета за „глупост“.
Забава
Тони Цетински: Мојот официјален профил на Инстаграм беше хакиран

Хрватскиот пејач Тони Цетински вели дека некој му го хакирал профилот на Инстаграм.
„ВАЖНО! Мојот официјален профил на Инстаграм е хакиран и одземен. Правиме се што можеме за да го вратиме“, напиша 55-годишниот пејач предупредувајќи ги своите следбеници.