Забава
Хилари Даф ѝ се враќа на музиката по десет години

По еднодецениска пауза, обожавателите на Хилари Даф, конечно, добија добри вести. Популарната актерка и пејачка го потврди своето враќање на музичката сцена во вторникот, точно една деценија по објавувањето на својот последен албум Breathe In. Breathe Out. во 2015 година.
Официјалното соопштение за медиумите потврди дека 37-годишната ѕвезда потпишала договор со Atlantic Records, а заедно со новата музика во подготовка е и документарна серија што ќе го следи нејзиното враќање.
Проектот, режиран и продуциран од Сем Ренч, „ќе ги следи долгоочекуваното музичко враќање и личното патување на Даф нудејќи нефилтриран поглед во светот на Хилари“, се вели во соопштението.
View this post on Instagram
Серијата ќе ги следи хронолошки нејзините подеми, падови и сè помеѓу, а обожавателите ќе може подетаљно да ја видат додека таа го балансира семејниот живот со снимање нови песни, вежбање за настапи во живо и подготовка за нејзиното прво сценско појавување по повеќе од една деценија. Документарецот ќе вклучува и интервјуа, снимки од настапи и видеа од нејзината лична архива.
Пејачката ја сподели среќната вест и со своите следбеници на „Инстаграм“. „Нова музика… или нешто слично“, напиша Даф кратко покрај серија фотографии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) По чоколадата, Дубаи доби нов гастрономски хит!

По виралната „дубаи чоколада“, од Емиратите доаѓа нов гастрономски тренд – кроасан пица.
Станува збор за комбинација на слоевит кроасан кој служи како кора, со сос од домати, сирење и преливи. Новитетот првпат го претстави Papa John’s во Дубаи, а реакциите на публиката се одлични.
@ahlanlivedubai @Papa Johns AE ♬ ECE Marketing Airball – EC Equine Marketing
Кроасан пицата веќе е хит на TikTok и Instagram, каде инфлуенсери и блогери објавуваат видеа со своите први залци. Очекувањата се дека наскоро ќе се појави и во пицерии низ светот.
Забава
Четири хороскопски знаци кои најчесто ги изневеруваат своите партнери

Астролозите издвојуваат четири знаци кои, поради својата природа, се посклони кон неверство:
Близнаци – брзо им здосадува, па во потрага по ново возбудување често преминуваат граници.
Стрелец – љубители на слобода и авантура, кога врската станува рутина бараат возбуда на друго место.
Вага – нивната потреба за внимание и шармантност лесно ги носат во паралелни односи.
Риби – емотивни и чувствителни, кога се чувствуваат осамено или неразбрано бараат утеха кај друг.
Забава
(Видео) Инфлуенсерка нападна жена во теретана бидејќи ѝ упаднала во кадар, реакциите жестоки

Видеоснимка од теретана стана вирална на TikTok откако инфлуенсерката Џенифер (@jenniferrpicone) остро реагирала на жена која вежбала во позадина додека таа снимала.
„Зошто стоиш таму?“ ја прашала, а кога добила одговор „Што ти е гајле?“, инфлуенсерката возвратила: „Затоа што ме нервираш“.
@jenniferrpicone She did that 💩on purpose 🤪 #gymtok #fyp ♬ original sound – Jennifer R. Picone
Видеото завршува со нејзина порака: „Лекција од бонтон во теретана #47: Не фотобомбирај креатор на содржина“.
Реакциите на TikTok беа бурни – многумина ја обвинија за ароганција и ја потсетија дека правилото број еден во теретана е „биди пристоен“.
Познатиот фитнес инфлуенсер Џои Свол ја нарече нејзината реакција глупава и ѝ порача дека ако не сака луѓе во кадар – треба да си изгради домашна теретана.