Забава
Холивуд остана без Ракел Велч, една од најубавите жени на сите времиња
Ракел Велч почина на 82-годишна возраст по кратко боледување, јавуваат странските медиуми.
Нејзиното семејство ја потврди трагичната вест за ТМЗ.
Актерката ветеранка се прослави во 60-тите со улогите во филмовите „Милион години пред Христ“ (One Million Years B.C.) и „Фантастично патување“ (Fantastic Voyage).
Актерката, со повеќе од 70 филмски и телевизиски улоги, почна како портпарол во естрадната емисија „Холивудска палата“ и доби мала улога во филмот на Елвис Присли, Roustabout, во 1964 година.
Нејзината кариера тргна нагоре две години подоцна по објавувањето на научнофантастичниот филм „Фантастично патување“ и „Милион години пред Христ“, праисториска драма во која Велч глуми пештерска жена. Фотографиите во крзнено бикини набргу станаа темел на маркетинг-кампањата на филмот, а Велч ја претворија во глобален секс-симбол.

Кариерата на Велч во ТВ и филм траеше со децении. Во доцните 60-ти следуваа голем број главни улоги вклучувајќи ги и вестерните Bandolero! и 100 Rifles.

Ракел доби „Златен глобус“ за најдобра актерка во мјузикл/комедија за улогата во филмот „Тројцата мускетари“ во 1974 година.

Таа беше една од најубавите жени и најголемите секс-симболи во Холивуд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нела Манческа ѝ донесе седмо место на Македонија на „Јуниор Евросонг“
Нела Манческа со песната „Miracle“, со која ја претставуваше Македонија на „Јуниор Евросонг“, го заврши натпреварот на високото седмо место, освојувајќи вкупно 141 поен.
Конечниот пласман беше одреден од комбинираните гласови на стручните жири-комисии и публиката, при што Македонија оствари одличен резултат кај жирито, пласирајќи се меѓу првите пет земји според нивното гласање.

Во жири-гласањето, Македонија доби 12 поени од Црна Гора и Италија, што дополнително го потврди силниот впечаток што настапот на Нела Манческа го остави кај професионалните оценувачи.
Победник на годинашното издание на Јуниор Евросонг е Франција со освоени 248 поени, второто место ѝ припадна на Украина, а третото на Грузија.
Забава
(Видео) „Miracle“ одекна во Тбилиси: Нела Манческа ја претстави Македонија на Јуниор Евросонг
Вечерва во Тбилиси, Грузија, се одржува 23-то издание на Јуниор Евросонг, а Македонија ја претставуваше Нела Манческа со песната Miracle.
Aвтори на песната се продуцентoт Лазар Цветкоски и Магдалена Ена-Цветкоска која го напиша текстот.
View this post on Instagram
На овогодишниот избор за песна на Детска Евровизија учествуваат 18 земји.
Гласањето можете да го следите во живо на линкот.
Забава
Љубов под елката: Три знаци ќе доживеат филмска љубов до крајот на месецот
Иако декември е хаотичен месец, за некои хороскопски знаци љубовта оваа година доаѓа посилно од очекуваното. Според астрологот Адама Сисеј од „Lilith Astrology“, клучни се транзитите на Венера и Марс – планетите на љубовта, привлечноста и страста. Кога тие се поволно поставени, се случуваат токму оние „филмски“ моменти: вистинско време, вистинско место, вистинска личност.
Овие три знаци имаат најголеми шанси Новата година да не ја дочекаат сами:
Близнаци – Венера и Марс се во силен аспект со вашиот знак, носејќи нови средби, лесна комуникација и природна хемија. Ќе бидете похрабри и поотворени – токму она што ви оди најдобро.
Стрелец – Венера и Марс се во вашиот знак речиси цел месец, па вашата привлечност е на врвот. Спонтани излегувања, флерт и романса доаѓаат без многу напор.
Јарец – Кон крајот на декември, двете планети влегуваат во вашиот знак и ги активираат романтичните и страстните импулси. Можно е новогодишниот бакнеж да биде со некој навистина посебен.
Ако не сте меѓу овие знаци – вреди да го проверите и вашиот подзнак.
Фото: Pexels

