Забава
Хороскопски знак во кој најчесто се раѓаат луѓе со благородно и љубезно срце
Некои луѓе само зрачат со добрина. Не затоа што сакаат да изгледаат подобри од другите, туку затоа што во нивната природа е да помагаат, разбираат и да бидат потпора кога сè друго ќе почне да се распаѓа.
Не бркаат пофалби, не ги објавуваат своите добри дела и не очекуваат ништо за возврат – најважно им е да знаат дека некому му го олесниле денот.
Ако им веруваме на ѕвездите, постои еден хороскопски знак во кој најчесто се раѓаат луѓе со такво срце. Луѓе кои ве прегрнуваат со поглед, лекуваат со зборови и секогаш имаат простор за уште едно пријателство, уште еден убав гест, уште едно: „Тука сум ако ти требам“.
Риби: Тивките херои на зодијакот
Рибите можеби не се најгласни, најхрабри или најорганизирани, но кога станува збор за топлината на срцето – ретко кој може да им парира. Нивната емпатија е безгранична, а нивната способност да се стават во туѓа кожа е речиси нереална. Рибите сакаат да помагаат, не поради чувство на должност, туку затоа што се искрено исполнети со туѓа среќа.
Ќе ви пратат порака во два часот наутро ако почувствуваат дека сте тажни, ќе купат ситница што ги потсетува на вас, ќе ги слушаат вашите проблеми дури и кога ви е досадно – и никогаш нема да ве обвинат. Во нивниот свет, луѓето не се бројки или случајни минувачи – секој има приказна и секоја приказна им е важна.
Рибите понекогаш можат да заборават на себе затоа што многу се трудат да бидат тука за другите, но токму во оваа несебичност лежи нивната вистинска сила. Тие не потсетуваат дека добрината не е слабост, туку најтивката форма на храброст. И тоа благородништво не бара сцена – туку само отворено срце.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Ноември носи пресврт: Три хороскопски знаци излегуваат од тежок период
Ноември 2025 носи значајни промени на астролошката сцена, а за три хороскопски знаци — Девица, Близнаци и Риби — ќе означи крај на тешко поглавје и почеток на нов, поволен период.
Девица — конечно доаѓа мир и јасност. Напнатите денови се зад вас, а крајот на месецот носи нова енергија и можност за реализација на идеи. Можно е и помирување со блиски луѓе, а љубовта и семејните односи добиваат хармонија со влезот на Венера во Стрелец.
Близнаци — професионален подем и стабилност. По период на застој, завршува ретроградното влијание на Сатурн и Меркур, што отвора пат кон успех и признание на работа. Крајот на месецот е идеален за грижа за себе и обновување на енергијата.
Риби — повраток на сила и самодоверба. По долгиот ретрограден период на Сатурн во вашиот знак, конечно чувствувате стабилност и внатрешен мир. Крајот на месецот ви носи мотивација, јасност и нова вера во себе.
Забава
Деми Мур откри дека го изневерила сопругот ноќта пред венчавката: „Побегнав од сопствената моминска вечер“
Холивудската актерка Деми Мур открила дека го изневерила својот прв сопруг, музичарот Фреди Мур, ноќта пред нивната венчавка во 1981 година — признание што го објави во своите мемоари.
Актерката, која тогаш имала 18 години, признала дека ја напуштила својата моминска вечер за да се сретне со маж што го запознала на снимање.
„Наместо да ги пишувам заветите, се искрав и отидов кај него“, напишала Мур.
Таа објаснила дека не можела да се соочи со своите сомнежи пред бракот, па го саботирала уште од почетокот.
„Бев егоцентрична тинејџерка која не била воспитана со многу почит кон бракот,“ додала актерката.
Бракот со Фреди Мур траел четири години, по што актерката се омажила за Брус Вилис, со кого има три ќерки, а подоцна и за Ештон Качер.
Забава
„Инстаграм“, конечно, ја добива функцијата што сите ја сакаат
Многу корисници ја бараа оваа функција, а „Инстаграм“, конечно, им ги исполни желбите.
„Инстаграм“, конечно, ги послуша своите корисници: популарната социјална мрежа воведува нова функција „Историја на гледање“, која ви овозможува да ги прегледате сите видеа од Reels што сте ги гледале претходно, дури и ако не сте ги лајкнале, зачувале или споделиле.
Досега, ако случајно сте „скролувале“ преку интересно видео од Reels и сте заборавиле да го зачувате, беше речиси невозможно повторно да го пронајдете. Новата функција го решава токму тој проблем.
Како што објаснува извршниот директор на „Инстаграм“, Адам Мосери, многу корисници барале начин да ги пронајдат видеата што претходно ги гледале, но не ги зачувале, а оваа функција е директен одговор на овие барања.
View this post on Instagram
Функцијата „Историја на гледање“ ќе биде достапна во делот „Ваша активност“. За да пристапите до неа, треба да го отворите вашиот профил, да ги допрете трите реда во горниот десен агол, потоа да изберете „Ваша активност“ и да ја пронајдете „Историјата на гледање“.
Корисниците ќе може да ги видат сите претходно гледани видеа подредени хронолошки, како и да ги сортираат според времето на гледање или авторот. Тие исто така ќе може да избришат поединечни ставки или целата историја одеднаш.
Новата функција се воведува постепено и треба да биде достапна за сите корисници во светот во наредните недели.
Фото: Принтскрин

