Забава
Хороскопски знаци кои имаат најголемо срце: ќе ве чуваат како малку вода на дланка
Доколку барате некој кој искрено ќе ве сака, обрнете внимание на следните хороскопски знаци. Ова се хороскопските знаци кои имаат најголеми срца.
Има претставници на зодијакот кои секогаш ги поддржуваат своите партнери и се подготвени да го вложат своето време, пари и емоции за да ја задоволат својата сакана.
Кои хороскопски знаци имаат најголемо срце
1. Рак
Секој знае дека Раковите се најљубезните и најнежните луѓе – па сосема е за очекување дека ќе ги видите на оваа листа. Иако, понекогаш Раковите може да изгледаат груби и затворени. Но само на оние кои ги гледаат првпат или на оние кои на некој начин ги навредиле. Избегнувајте непримерни шеги и зајадливи коментари доколку сакате да се дружите со Ракот. Но, среќниците кои се во врска со Рак многу добро знаат дека никој друг нема да им посвети толку внимание и љубов.
2. Риби
Претставниците на овој знак придаваат големо значење на сопствените и туѓите чувства. Затоа, тој долго и вредно ќе ви се извинува дури и за помала грешка. Рибите можеби не се најодлучните партнери – така што првиот чекор ќе зависи од вас – но дефинитивно нема да ве остават на цедило. Рибите ќе ги исцрпат сите начини да и помогнат на саканата личност и нема да можат да се вратат во нормалниот живот доколку со партнерот не е се во ред. Нивното срце е големо колку вселената.
3. Лав
Општо е прифатено дека Лавовите се најсебичните луѓе. Но, овој хороскопски знак знае да го сака не само својот одраз во огледалото, туку и својот романтичен партнер. Лавовите се многу дарежливи – ги опсипуваат своите сакани со љубов, внимание и подароци. Најважно е никогаш да не се потсмевате или да ги обезвредните чувствата на Лав, во спротивно никогаш повеќе нема да го видите.
4. Овен
Ова е најмоќниот и најенергичниот знак, а неговиот љубовен јазик е заштита на саканите. Ако отсекогаш сте сонувале за партнер кој нема да дозволи другите да кажат ниту збор за вас на негативен начин, тогаш Овенот дефинитивно ќе стане ваш идеал. Само не ги доведувајте во прашање неговите достигнувања и не обидувајте се да ја разнишате неговата самодоверба. Овенот ќе ви го даде своето срце само ако верувате во него.
5. Девица
Колку пати сме слушнале дека Девиците се неверојатно критични и сурови луѓе. И како се најдоа на оваа листа? Всушност, Девицата одлично знае колку нејзиното срце е ранливо и колку може да биде слаба – и затоа не паѓа на изјави за љубов и комплименти, бидејќи на тој начин се заштитува од емоционални повреди. Но, тие ги опсипуваат своите најблиски со знаци на внимание и им пружаат безрезервна поддршка. Најважно е да и дадете до знаење на Девицата дека никогаш нема да ја изневерите.
6. Јарец
Бидејќи е доста сличен со Девицата, веројатно и за Јарецот се прашувате како завршил на оваа листа. Ниту еден друг знак досега не добил толку критики дека е ладен и бесчувствителен. Само, за разлика од Девиците, Јарците навистина не се способни да пишуваат љубовни песни и искрено да зборуваат за своите чувства. Но, Јарецот е тој „камен ѕид“ на кој секогаш можете да се потпрете и навистина има големо срце. Освен тоа, тој нема да ви даде никаква причина да бидете љубоморни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кога телото нагло старее: Ова се критичните години
Луѓето не стареат со исто темпо. Кај некои, првите брчки и бели влакна се појавуваат порано, додека други го задржуваат својот младешки изглед долго време. Сепак, новото истражување покажува дека постојат два периода во животот кога промените стануваат ненадејни и поизразени.
Научници од Медицинскиот факултет на Универзитетот Стенфорд следеа повеќе од 135.000 биолошки маркери кај 108 испитаници во текот на неколку години. Тимот го водеше Мајкл Снајдер, претседател на Одделот за генетика.
Резултатите покажаа дека дури 81 процент од молекулите поврзани со стареењето не се менуваат постепено, туку во таканаречен нелинеарен модел. Со други зборови, телото не старее рамномерно. Промените доаѓаат во бранови.
Постојат два особено чувствителни периоди – околу 44 и 60 години. Тогаш се случуваат ненадејни молекуларни промени. Начинот на кој телото ги обработува алкохолот и кофеинот се менува. Го забавува метаболизмот. Ризикот од кардиоваскуларни заболувања, исто така, се зголемува.
Студијата е објавена во стручното списание Nature Aging. Иако точната причина за овие промени не е утврдена, истражувачите посочуваат на можни фактори на животниот стил.
Во средната возраст, консумирањето алкохол често се зголемува. Стресот е поизразен. Квалитетот на спиењето се намалува. Сето ова може да има последици врз срцето и имунолошкиот систем.
фото/Depositphotos
Забава
Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс
По повеќе од еден месец откако беше пронајдена мртва во хотел во Сан Франциско, причината за смртта на 34-годишната Викторија Џонс, ќерка на познатиот актер Томи Ли Џонс, е објавена. Таа почина на 1 јануари, а причината за смртта е предозирање со кокаин.
Канцеларијата на главниот судски испитувач во Сан Франциско објави дека Викторија починала од „токсични ефекти на кокаинот“. Начинот на смртта беше опишан како „несреќен случај“.
Полицијата и пожарникарите во Сан Франциско реагираа во хотелот Фермонт во 2:52 часот наутро на 1 јануари по пријава за медицинска итна состојба. По пристигнувањето, ја пронајдоа починатата, чиј идентитет не беше официјално објавен во тоа време.
NBC Bay Area подоцна објави, повикувајќи се на полициски извор, дека станува збор за Викторија. Во аудио-снимка од повикот до кој дојде People, случајот е опишан како сомнително предозирање со видливи знаци на промена на бојата на кожата. Таквиот опис најчесто се однесува на цијаноза – состојба поврзана со ниски нивоа на кислород во крвта, што може да предизвика кожата, усните или ноктите да добијат синкава или виолетова боја, а често се поврзува со срцеви или белодробни нарушувања.
Семејството издаде соопштение за трагичната загуба денот по смртта, на 2 јануари. „Ги цениме сите љубезни зборови, мисли и молитви. Ве молиме почитувајте ја нашата приватност во ова тешко време. Ви благодариме“, рекоа тие во соопштението.
Викторија беше ќерка на Томи Ли Џонс и неговата поранешна сопруга Кимберли Клафли. Двојката има и 43-годишен син, Остин Џонс.
Викторија имала неколку помали улоги, вклучително и во филмови на кои работел нејзиниот татко. Таа се појави во филмот „Човек во црно II“, вестернот „Трите погреби на Мелкијадес Естрада“ и филмот од 2014 година „Домаќинот“. Таа исто така глумеше во филмот „Извинете, мразители“ и во епизода од „Еден рид на дрвјата“ во 2005 година.
Според судските записи, таа била уапсена најмалку двапати во изминатата година, од кои еден бил за поседување дрога.
Забава
(Видео) Најжешката бринета за промена ги покри градите: и повторно е совршена
Пејачката Никол Шерцингер (47) е најмногу во центарот на вниманието поради својот изглед, но и поради жешките фотографии од плажа што често ги објавува на социјалните мрежи.
Кога не е на плажа, таа е на црвениот тепих и повторно е најжешка и најубава. Со нејзиното појавување на Неделата на модата во Њујорк, Никол покажа дека голотијата не секогаш победува и дека елеганцијата може да го најде својот пат до совршенство.
Лелев син фустан во комбинација со црни салонки беше вистинскиот избор за убавата пејачка. Иако сме навикнати често да биде провокативна и да ги открива градите, овој пат сè беше спротивно.
Не видовме ниту трошка провокација од Никол Шерцингер, но бевме убедени дека елеганцијата ѝ стои повеќе од сè друго.
Меките бранови во косата и црвениот кармин го надополнија ова модно издание на прекрасната бринета која трпеливо позираше за собраните фотографи и уживаше во комплиментите.

