Забава
Хороскопски знаци кои се диктатори: веројатно знаете барем еден

Хороскопските знаци кои се диктатори многу лесно го наметнуваат своето мислење. Тешко дека ќе прифатат „не“ за одговор затоа што сепак најдобро знаат.
Не, не станува збор за луѓе кои не се откажуваат од своето мислење и се убедуваат со часови. Тие едноставно ќе ви го наметнат своето мислење и вие, сосема едноставно, ќе мора да го прифатите. Претставниците на овие знаци веруваат дека се најпаметни и никој нема да го побие нивното мислење.
Хороскопски знаци кои се диктатори
Бик
Постојано зборуваат и зборуваат како и на кој начин нешто треба да се направи. Сè што велат е во нивните очи закон на земјата. Кога нешто сакаат, сигурно ќе го наметнат. Во исто време, ако кажат нешто, ќе го прифатите вака или онака. Не давајте отпор бидејќи нивната тврдоглавост не познава граници.
Стрелец
Можеби не сте ги очекувале, но дали сте сретнале личност со Меркур во Стрелец? Тие го знаат сето тоа, го знаат тоа подобро од вас и собраа многу информации за да ги поткрепат своите зборови. Стрелците едноставно ќе ви го наметнат своето мислење бидејќи имаат нулта толеранција за нивните идеи. Значи тие се секогаш, запомнете СЕКОГАШ во право.
Шкорпија
Нема да ви треба многу време за да сфатите дека Шкорпиите се угнетувачки во нивните желби и сфаќања за светот. Ја прифаќаат спротивната страна, но свесно избираат да ја отфрлат. Тие ќе ви ги наметнат своите ставови на многу специфичен начин. Ќе ги направи начин на живот и нема да прифати да го менува за никого.
Овен
Тие не можат да прифатат дека постои мислење или гледна точка подобро од нивната, дури и ако грешат. Овните се силни и го изразуваат своето его на најбрутален начин. Не, не можете да им кажете не, освен ако не очекувате интензивна драма веднаш потоа. И по драмата, ќе се вратите на истото место каде што бевте пред неа. Откажете се на време.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Се нижат критики за новиот имиџ на Кејт Мидлтон: „Изгледа оштетено, многу лошо“

Кејт Мидлтон се врати на кралските должности и веднаш ги изненади сите со драстична промена на својот имиџ.
Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, ја покажа својата летна трансформација за време на посетата на Природонаучниот музеј во Лондон.
Придружувана беше од принцот Вилијам, а ова беше и нивното прво појавување по летниот одмор.
Иако сме навикнати Кејт секогаш да привлекува внимание со својот изглед и внимателно одбрани комбинации, овој пат токму нејзината коса направи сè за неа.
Принцезата драстично го промени својот имиџ и се појави со златни прамени и многу посветла нијанса на коса.
Ако им се верува на најлојалните обожаватели на кралското семејство, ова е нејзината најсветла коса досега, но и најдолга. Сепак, не им се допадна на сите.
„Никогаш немала толку грда коса“, „Изгледа оштетена“, „Ова дефинитивно е перика“, „Кејт, навистина лоши екстензии“, беа некои од коментарите.
Сепак, тешко е да се поверува дека принцеза би се одлучила за толку лоша перика.
фото: принтскрин
Забава
Згодниот актер Џејсон Момоа и со лакирани нокти и розови папучи повторно ги освои жените

Самиот крај на Филмскиот фестивал во Венеција донесе вистинско изненадување, Џејсон Момоа во необично издание.
Холивудскиот актер се појави на осмиот ден од Филмскиот фестивал во Венеција и целосно ги изненади сите.
Тој ги шокираше сите со својот изглед, токму кога мислевме дека веќе сме виделе сè на овој Фестивал.
Имено, тој прошета во специјално „барби издание“. Џејсон избра розов костум кој го комбинираше со бела кошула, традиционално раскопчана кога е тој во прашање и сандали во иста боја.
Сепак, деталите се она што го издвојува секој стајлинг, без разлика дали е за мажи или жени, а овој пат Џејсон ги имаше налакирано ноктите.
Џејсон Момоа одамна е познат како актер кој нема предрасуди кога станува збор за облекување, па затоа појавувањето во розова боја воопшто не е шок за него, а не е ни прв пат. Уште во 2019 година, тој привлече внимание кога прошета во розов смокинг од Фенди на доделувањето на Оскарите.
Фото: ЕПА
Забава
(Фото) Српската модна инфлуенсерка блесна во Венеција

Венецискиот филмски фестивал е сè уште во тек, а парадата на славните личности на црвениот тепих е неизбежен аспект на овој настан.
Досега имавме можност да видиме креации кои го привлекуваат вниманието, но и такви кои се резервирани само за храбрите.
На црвениот тепих се појави и српската модна инфлуенсерка Тамара Калиниќ, a таа прошета во креација која привлекува погледи и воздишки.
Тамара одлучи да носи макси фустан во беж боја со цветни мотиви за посебната пригода.
Гламурозниот фустан се карактеризира со деколте во облик на срце кое ги нагласува градите. Целата креација е изработена од транспарентен материјал и открива многу за љубопитните набљудувачи.
Стајлингот го надополни со едноставна фризура, сребрени додатоци и шминка во земјени тонови кои ја истакнуваа нејзината природна убавина.
фото: принтскрин