Забава
Хороскопски комбинации кои најчесто завршуваат со развод
Љубовта е убава, но и сложена – понекогаш се чини дека ѕвездите имаат свои планови. Додека некои хороскопски парови се согласуваат како путер и мармалад, други се соочуваат со непремостливи разлики кои често завршуваат со развод.
Ако некогаш сте се запрашале кои комбинации на знаци едноставно не успеваат да го издржат тестот на времето, ви пренесуваме три драматични двојки од Зодијакот кои почесто завршуваат со документи за развод отколку во романтична идила.
Близнаци и Шкорпија
Близнаците сакаат да разговараат, истражуваат и да ја одржуваат динамиката во врската жива. Шкорпиите, од друга страна, живеат за длабочина, интензитет и целосна посветеност. И иако на почетокот можеби се привлекуваат еден со друг бидејќи и двата знака се фасцинантно харизматични, нивните различни очекувања брзо почнуваат да создаваат проблеми.
Близнаците ја сакаат слободата и не сакаат премногу емотивни заплетки, додека Шкорпијата бара длабока поврзаност и може да стане посесивна. Потребата на Близнаците за дружељубивост и склоноста на Шкорпијата да биде љубоморна често резултираат со експлозивни расправии – раскинувањето понекогаш е единствениот излез од овој хаос.
Овен и Јарец
Овнот и Јарецот често изгледаат како совршен деловен тим, но во љубовта работите не се толку едноставни. Овнот е импулсивен, спонтан и страстен, додека Јарецот е сериозен, внимателен и фокусиран на долгорочни цели. Теоретски ова може да биде интересна рамнотежа – но, во реалноста, нивните различни пристапи кон животот често предизвикуваат фрустрации.
Овнот може да чувствува дека Јарецот е премногу ладен или вкочанет, додека Јарецот го гледа Овнот како неодговорен и премногу нетрпелив. Конфликтите околу приоритетите и темпото на живот често кулминираат со тоа што двата знака одлучуваат да одат по својот пат.
Лав и Водолија
Лавот и Водолијата имаат неверојатна почетна хемија – и двајцата се креативни, страсни и сакаат авантури. Но, по првичната искра, нивните разлики брзо стануваат проблем. Лавот бара внимание, восхит и постојано потврдување, додека Водолијата ја претпочита нивната слобода и емоционална дистанца.
Лавот може да се чувствува запоставен од Водолијата, додека водолијата може да смета дека потребите на Лавот се премногу напорни. Иако и двајцата се неверојатно интересни ликови, нивните конфликти околу тоа што значи „вистинска љубов“ често завршуваат со развод – и тоа со многу драма!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Сопругата на актерката Ребел Вилсон е бремена
Семејството на актерката Ребел Вилсон е на прагот да добие уште еден член. Нејзината сопруга Рамона Агрума објави дека е бремена и дека го очекуваат своето второ дете, повеќе од една година по нивната венчавка во септември 2024 година.
View this post on Instagram
Рамона ја сподели среќната вест на својот инстаграм-профил. „Најсреќната вест во нашето семејство“, напиша таа. „Набргу ќе бидеме четворица! Бебето број 2 е на пат. Те сакам, Ребел Вилсон“.
Заедно со објавата таа сподели трогателно видео, на кое се прикажани семејни фотографии, како и видео од позитивен тест за бременост. Рамона гордо го покажа својот труднички стомак.
View this post on Instagram
Проширувањето на семејството долго време беше желба на актерката. Набргу по добивањето на ќерката Ројс преку сурогат-мајка во ноември 2022 година, таа откри дека логистичките проблеми биле единствената пречка.
„Би сакала да имам уште едно дете“, изјави таа за „Е! Њуз“ во август пред две години. „Прашањето е: „Дали е можно?“ Морам да одам преку ин витро фертилизација. Ќе видиме како ќе оди“.
View this post on Instagram
Двојката веќе ја има тригодишната ќерка Ројс Лилијан, која е родена во ноември 2022 година преку сурогат-мајка.
Ребел сподели емотивна објава во тоа време.
„Не можам ни да ја опишам љубовта што ја чувствувам кон неа, таа е прекрасно чудо! Благодарна сум им на сите што беа вклучени (знаете кои сте), ова се правеше со години, но особено би сакала да ѝ се заблагодарам на мојата прекрасна сурогат-мајка, која ја носеше и ја роди со таква грациозност и грижа. Ви благодарам што ми помогнавте да основам свое семејство, тоа е неверојатен подарок. Најдобриот подарок! Подготвена сум да ѝ ја дадам на малата Ројси целата љубов што можам да ја замислам. Учам бргу… Ги почитувам сите мајки! Се гордеам што сум во вашиот клуб“.
фото/депозитфотос
Забава
Крива Паланка осветлена со декорации: „Новогодишната бајка може да почне“
Општина Крива Паланка ја информира јавноста дека празничното украсување на градот е целосно завршено. Централните локации, плоштадот и главните улици се осветлени со светлосни инсталации и тематски новогодишни декорации.
Градоначалникот Сашко Митовски порача дека новогодишната бајка во Крива Паланка може да почне посакувајќи празничното осветение да донесе радост, мир и надеж за сите жители.
Тој истакна дека украсувањето е создадено со љубов и внимание за сите генерации и дека градот блеска како што заслужуваат неговите жители.
Забава
Таа со години живее бесплатно на крузер : „Јадам и пијам што сакам, но под еден услов“
Кристин Кестелу и нејзиниот сопруг Питер живеат на крузер со години, а таа неодамна откри како изгледа тоа искуство.
Оваа 44-годишна жена, по потекло од Америка, решила да го напушти традиционалниот живот на копно. Се ослободила од грижата за кирија и кредити и наместо тоа, почнала да заработува пари пловејќи низ светот.
За време на едно од патувањата, таа го запознала и својот сопруг, кој ја дели нејзината страст за крузери, објавува „Дејли стар“.
View this post on Instagram
Иако повеќе не работи како директорка за крстарења (лицето одговорно за организирање забава и активности), Кристина сè уште останува на бродот како гостинка со својот сопруг – најмалку шест месеци во годината.
Денес, таа создава содржина за социјалните медиуми документирајќи го животот на отворено море. Повеќе од милион луѓе ги следат нејзините дневни рутини на „Тик-ток“, каде што таа одговара на прашања од љубопитни гледачи за овој неконвенционален начин на живеење
„Животот и работата на крузер е посебен свет што многу луѓе не го разбираат“, објаснува Кристина.
Како сопруга на член на екипажот (Питер е главен инженер на бродот), Кристина има пристап до просторот за персонал и патници, со услов да мора да носи значка за идентификација. Таа може да ужива во луксузните погодности на бродот – базени и спа-центри, ресторани и сите погодности.
И покрај предрасудите дека крузерите не се најбезбедна средина, таа тврди поинаку.
„Над 260 крузери што им припаѓаат на повеќе од 60 компании пловат секој ден. Инцидентите се навистина ретки, иако стотици илјади луѓе пловат секој ден“, вели таа.
Таа додава дека често се вели дека крузерите се проблематични, но според искуството на нејзиниот сопруг, тоа не е вистина.
View this post on Instagram
„Питер е на море 34 години и бил болен само еднаш. Тоа се илјадници и илјадници дена. На крајот, сè се сведува на миење раце“, нагласува Кристина.
Сепак, постои едно правило што мора строго да го почитува – не ѝ е дозволено да се коцка во казиното на бродот.
Исто така, како креатор на содржини за мрежите Кристина се придржува до строги правила за приватност – таа не ги снима патниците или членовите на екипажот, без нивна изречна дозвола.
Со повеќе од една деценија на море,се чини дека таа целосно ужива во својот неконвенционален, луксузен живот – и без никакви трошоци за домување.

