Забава
Хумористичната страна на кралското семејство: И тие понекогаш имаат добри шеги
Кралското семејство на Велика Британија е веројатно најпопуларното кралско семејство во светот. Тие се појавуваат во јавноста многу повеќе од кралските семејства во други земји и затоа мислиме дека знаеме многу за нив.
Иако често се сериозни и професионални, членовите на британската монархија знаат да нафрлат по некоја шега. Освен што се моќни и богати, некои од се и многу духовити.
Чарлс и Кејт имаат добри трикови, но најдобриот во тоа дефинитивно е Вилијам. Овие цитати сведочат за нивната добра смисла за хумор:
Сè е поради косата…
Кејт и Вилијам требало да присуствуваат на забава. Кога пристигнале малку подоцна од очекуваното, ја прашале Кејт која е причината за нивното доцнење, таа одговори: „Вилијам мораше да прави фризура“.

Вистинска лекција
На прашањето што научил додека растел, принцот Вилијам одговорил: „Научив дека не смеам да се зафркавам со баба ми“.
Разочарување
Непосредно пред едно од неговите патувања во САД, принцот Вилијам рекол: „Секој пат кога ќе сретнам деца на кои им е кажано дека доаѓа принц од вистинскиот живот, гледам разочарување на нивните лица кога ќе ме видат без круна или наметка.“
Интересен одговор
Кога односите меѓу принцот Хари и неговото семејство беа добри, на Лондонскиот маратон во 2012 година тој ветил дека следни ќе трчаат Вилијам и Кејт. Следната година, кога го прашале за неговиот брат и снаа, тој одговорил: „Тој е стар, а таа е бремена“.
Правила на бонтон
Кога принцот Филип требало да каже нешто за правилата на бонтон, тој рекол: „Кога маж на својата сопруга ѝ ја отвора вратата на автомобилот тоа е или затоа што има нов автомобил или нова жена“. Интересно размислување!

Непосредно пред раѓањето на правнуката
Неколку дена пред да се породи Кејт Мидлтон, кралицата Елизабета рече: „Се надевам дека ќе се роди наскоро, бидејќи одам на годишен одмор“.
Љубов кон внуците
Принцот Чарлс исто така има одлична смисла за хумор. По раѓањето на неговиот прв внук, принцот Чарлс беше запрашан дали е среќен што стана дедо. Тој одговори: Многу! И супер е што внукот можеш да го вратиш на неговите родители кога сакаш “.

Најсмешната шега
Ова е веројатно најсмешно. Принцот Вилијам го прашале зошто е толку слаб, и тој одговорил: „Готвењето на Кејт е причината“, пишува Genmice.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

