Забава
Целосно нова онлајн платформа на „Окаиди“, уште повесело доживување за најмалите!
Веќе подолго време постои еден неодолив бренд на кој родителите секогаш му се воодушевуваат, а најмалите го обожаваат.
„Окаиди“ е дефинитивно најслаткиот бренд во нашата групација, па секогаш сме полни радост и предизвици кога треба да работиме за подобрување на истиот.
Овој пат, со неверојатно задоволство го откриваме проектот на кој работевме изминатиот период, а тоа е целосно нова платформа www.okaidi.com.mk полна изненадувања, неодоливи производи за најслатките и секогаш толку добри промоции.
Есента оваа година е сосема поинаква, но тоа воопшто не значи ограничување на детската игра во надворешни услови. Во однос на тоа, дизајнерите на „Окаиди“ создадоа исклучително топла колекција полна слатки парчиња, како и подеднакво топли обувки кои знаеме дека секогаш се од исклучително значење.
Онлајн платформата „Окаиди“ овој пат е надоградена со уште повеќе содржина, па така сега на ултра лесен начин ќе ја пронајдете колекцијата целосно изработена од органски памук, маичките со принт кои се омилени на вашите најмили или, пак, неопходните производи за новороденчињата.
Палетата на бои и исклучителните материјали секогаш се од огромно значење, па токму есенската колекција на брендот е полна парчиња со овие одлики.
Дел од истата се и производите за спиење изработени од најмеки материјали совршени за сонот на секое детенце, како кадифени пижами, вреќи за спиење и стилски додатоци.
Денеска е совршен ден за отпочнување на нова приказна, па ве чекаме да ни ја раскажете вашата во слатките парчиња на Okaidi кои од денеска се достапни на www.okaidi.com.mk.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.





