Забава
Чанинг Татум и Џена Деван ќе користат апликација за заедничко родителство на ќерката
Актерот Чанинг Татум и неговата поранешна сопруга Џена Деван ќе користат апликација за заедничко родителство, која ќе им помогне заедно да ја подигаат својата ќерка иако повеќе не се во брак.
Чанинг и Џена разводот го финализираа овој месец откако речиси пред две години – во април 2018 – најавија дека ќе се разделат по девет години брак.
Таблоидите тврдат дека тие постигнале согласност за условите на договорот за старателство врз шестгодишната Еверли.
Според американскиот таблоид „Ју-ес викли“, Џена и Чанинг ќе се потпрат на апликацијата OurFamilyWizard, која е осмислена за да им помогне на разведени родители во комуникацијата, со цел правилно да ги следи нивните распореди кога станува збор на ќерката.
Апликацијата им овозможува на родителите да го зацртаат својот распоред, како и да наведат какви било трошоци, да следат дневни активности и да споделуваат пораки што ниеден од нив двајцата не може да ги уреди, избрише или повлече.
А што се однесува до заедничкото старателство, Чанинг (39) ќе биде со Еверли во текот на целата недела, а Џена (39) ќе биде со ќерката секој втор викенд.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Денешниот датум 12.12. е еден од најмоќните во годината – направете неколку симболични чекори за да ве следи среќа
Датумот 12.12. во нумерологијата се смета за еден од посилните во годината поради повторувањето на бројките и нивната симболика. Според нумеролозите, овој ден е поврзан со засилена интуиција, промени и завршување на еден животен циклус.
Бројот 12 симболизира транзиција – спој на индивидуалноста и иницијативата (1) со рамнотежата и партнерството (2). Нивниот збир дава број 3, кој се поврзува со креативност, комуникација и изразување. Кога датумот се повторува, како на 12.12., се верува дека оваа енергија е засилена.
Нумеролозите наведуваат дека 12.12. е погоден ден за донесување одлуки, затворање на стари ситуации и јасно дефинирање на насоката за наредниот период, особено пред крајот на годината. Денот се поврзува и со потребата за поставување граници, искрена комуникација и интроспекција.
При збир на целиот датум (1+2+1+2) се добива бројот 6, кој симболизира хармонија, дом, семејство и одговорност, поради што 12.12. често се поврзува со емотивна зрелост и приватниот живот.
Според нумеролошките и духовни толкувања, датумот 12.12. може да се искористи преку едноставни, симболични чекори кои не вклучуваат сложени ритуали. Простување и отпуштање – на хартија да се запишат работите што биле товар во текот на годината, а потоа безбедно да се уништи, со симболично „отпуштање“ на товарот. Јасна визуелизација – во 12:12 часот, со затворени очи, да се замисли една конкретна желба како веќе остварена, со фокус на чувството што таа го носи. Чин на добрина – да се направи нешто убаво за непозната личност, како симбол на давање и поврзаност.
Во текстот се споменува и т.н. „техника на огледало“, при која лицето гласно изговара позитивна порака пред огледало, што се толкува како психолошка поддршка за надминување на сомнежите и зајакнување на самодовербата.
Според овие толкувања, 12.12. се гледа како симболичен момент за носење одлуки и лична посветеност, без чекање на почетокот на новата година.
Забава
(Фото) Повторно облече проѕирна кошула и покажа сè: „Вистинска бомба“
Пејачката Дуа Липа секогаш наоѓа начин да привлече внимание, главно на социјалните мрежи. Покрај своите вокални способности, таа може да се пофали и со беспрекорен стил, а атрактивните, малку провокативни изданија се нејзин заштитен знак.
И се чини дека повторно играше на таа карта…
Неодамна објави компилација од жешки фотографии на Инстаграм, во различни пози. Сепак, вниманието го привлече нејзината облека, поточно, проѕирна маица со златни детали што откриваа „проблематичните“ делови од телото.
Липа намерно го оставила градникот дома и ги покажала своите атрибути.
Својот стајлинг го комплетираше со миди здолниште со интересен принт, чанта од кожа и крзно и преголеми златни обетки.
Што се однесува до фризурата, таа се одлучи за модерна, неуредна пунџа, како и шминка во земјени тонови што совршено го заокружија овој необичен моден изглед.
Следеа коментари на Инстаграм.
„Вистинска бомба“, „Прекрасна си“, „Ја обожавам таа кошула“, се само неколку…
Забава
(Видео) Бившата на Дикаприо во „опасен“ корсет од 3.800 евра: Покажа многу повеќе од очекуваното
Поранешната девојка на Леонардо Дикаприо, актерката Камила Мороне (28), блесна на премиерата на втората сезона од серијата „Night Manager“ во Лондон, а нејзиниот изглед привлече големо внимание.
@camilamorronebrasil Camila Morrone wearing Carolina Herrera for the The Night Manager season 2 premiere! @Carolina Herrera #camilamorrone #tomhiddleston #thenightmanager #diegocalva ♬ Feel Good – Clara La San
За овој важен настан, таа избра смела модна комбинација која се состоеше од златен корсет вреден дури 3.800 евра и проѕирно црно здолниште од брендот Carolina Herrera.
@camilamorronebrasil Stories posted by Cami today ❤️ #camilamorrone #tomhiddleston #diegocalva #thenightmanager ♬ original sound – Tom Walker The Music Man
Златниот корсет ѝ помогна на убавата актерка да ги привлече сите погледи, а своето убаво лице го истакна со дискретна шминка.
@camilamorronebrasil The cast of The Night Manager season 2 ❤️🔥 #camilamorrone #tomhiddleston #diegocalva #thenightmanager ♬ Tuyo – Rodrigo Amarante
Имаше и лежерна фризура, а уште еднаш нè потсети зошто Леонардо Дикаприо „се заљуби“ во неа.
@camilamorronebrasil Camila Morrone, Tom Hiddleston and Diego Calva for the Night Manager season 2 premiere 😻 #camilamorrone #tomhiddleston #diegocalva #thenightmanager ♬ safety net – Ariana Grande
Целиот стајлинг го комплетираше само со ѓердан и црн лак за нокти, а беше одлично расположена во текот на вечерта. Позираше со своите колеги и се шегуваше пред собраните фотографи.
Таа беше во врска со Леонардо Дикаприо повеќе од четири години, а нивната врска беше една од најгледаните во светот на славните, делумно поради големата разлика во години – дури 23.

