Забава
Чау Јун Фат: Притаен милионер, скриен добродетел
Чау Јун Фат, познат актер од Хонгконг, вели дека планира своето богатство од 715 милиони долари да го подари во добротворни цели, објавија кинеските медиуми.
Актерот кој освои Оскар за филмот „Притаен тигар, скриен змеј3 е познат по тоа што води скромен живот, троши само 100 долари месечно.

Луѓето често го гледаат како се вози во градски превоз и купува стоки на попуст, според „Дејли мејл“.
Актерот е познат и по тоа што користел еден мобилен телефон веќе 17 години, а само пред две години се префрлил на паметен телефон откако неговиот стар модел на телефон престанал да работи.
„Парите всушност не ми припаѓаат мене, јас сум само привремено одговорен за нив”, изјави тој за новинарите кога беше прашан какви му се плановите за неговото богатство.
Веста за неговите планови се појави оваа недела откако беше забележан во Тајван каде што го промовираше својот нов филм „Проект Гутемберг”, кој се прикажува од 4 октомври.
Тој се фотографираше со своите обожаватели во метрото во Тајпеј, но исто така и кога џогираше во националниот парк.
Актерот и неговата сопруга, Јасмин Тан, веќе неколку години имаат хуманитарна фондација. Двојката нема деца.
„Мојот сон е да бидам обична и среќна личност. Најтешкото нешто во животот не е да се заработи богатство, туку да се зачува мирот до крајот на животот, на едноставен и грижлив начин“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Жената-мачка го покажа вереничкиот прстен: не оди никаде без дијамантот од 200.000 долари
Познатата актерка, Хали Бери (59), „прошета“ за прв пат со својот веренички прстен, за кој се вели дека чинел околу 200.000 долари. Нејзиниот партнер Ван Хант ѝ предложи брак, а ова ќе биде четврти брак на Хејл.
По добрата вест, познатата актерка се појави на премиерата на новиот филм „Злосторство 101“. Како и обично, таа беше совршено стилизирана, а овој пат не избра провокативни фустани. За споменатиот настан, таа позираше во црн тесен комплет во комбинација со свилена блуза.
Нејзиниот колега Крис Хемсворт ѝ правеше друштво пред фотографите, но тој остана во сенка на дијамантскиот прстен.
Како што пишува Дејли Меил, станува збор за дизајн на АртДеко, дијамант опкружен со црни камења, а нивниот експерт за накит истакна дека цената на таков модел е од 120 до 200 илјади долари.
Врската на Хали Бери и Ван Хант започна за време на пандемијата на коронавирусот, и како што претходно истакна актерката, тој ѝ предложил брак уште порано, но таа дури сега се согласила.
Забава
(Фото) Принцот од Брунеј и убавицата со хрватско потекло ја покажаа својата ќерка
Принцот Абдул Матин од Брунеј и неговата сопруга, Аниша Калебиќ, од хрватско потекло, добија ќерка на 8 февруари, според телевизијата RTB.
Среќната двојка сега ја објави првата фотографија од својата ќерка, а го откри и името што ѝ го дале на девојката.
„Захра Маријам Болкија. Аниша и јас сме неизмерно благодарни на сите за нивната поддршка и грижа и ви благодариме на сите за вашите убави желби“, напишаа тие во описот.
Тие покажаа и како изгледа бебето, но таа нема да биде во редот на наследници поради правилата на Брунеј дека само мажи можат да го наследат тронот.
Името Захра е од арапско потекло и значи „цвет“ или „блеска“, а Маријам има и семејна симболика, со оглед на тоа што и мајките на Абдул и на Аниша се викаат исто.
Забава
(Видео) Ретко носи проѕирни фустани, а сега ги воодушеви сите: Го покажа своето витко тело
Ен Хатавеј неодамна присуствуваше на ревијата на Ралф Лорен во рамките на Неделата на модата во Њујорк. За таа пригода, таа одлучи да облече креација која комбинира чист сексапил и темен гламур.
Станува збор за специфично парче облека кое ја следи линијата на телото, а е украсено со висока јака и целосно отворен грб. Покрај тоа, има слоеви од чипка кои ја продолжуваат должината на целиот фустан и дискретно откриваат црна долна облека.
Но тоа не е сè…
Таа додаде и на стајлингот, да речеме, интересна наметка која ги обвиваше нејзините раце и му даде на целиот аутфит доза на елеганција.
Оваа фатална креација ја надополни со шминка во нежни тонови, а косата ја стилизираше на наједноставен начин – се одлучи за брановидна фризура која паѓаше по рамената.
Во еден момент за време на фотосесијата, стави очила и изгледаше како вистинска дива каква што сите ја посакуваат!

