Забава
Чедвик Боусман постхумно доби награда „Еми“ за гласот во серијата „Што ако…?“
Покојниот Чедвик Боусман постхумно ја доби наградата „Еми“ за гласовната улога како господар на ѕвездите Т’чала во Марвеловата серија „Што ако…?“
Наградата ја означува првата номинација и победа за „Еми“ на ѕвездата на „Црниот пантер“, која следува нешто повеќе од две години по неговата смрт.
Во серијата на „Марвел“ и „Дизни плус“ , Чедвик го позајми гласот за цртаниот лик. Неговиот глас разбуди емоции во врска со покојниот и сега веќе легендарен актер.

Неговата супруга Тејлор Симон Ледвард ја прими наградата за својот покоен сопруг и изрази благодарност за укажаната чест.
„Кога дознав дека Чад е номиниран, почнав да размислувам за сè што се случува во нашиот свет. Јас се восхитувам на неговата посветеност. Колку убав момент е тоа што една од последните работи на кои тој работеше беше важна за него и за светот, но и нешто ново“, рече Ледвард.
„Не можете да ја разберете својата цел, освен ако не прашате – што ако? Што ако универзумот заговара во моја корист? Што ако тоа сум јас? Чад би бил многу почестен и јас сум почестена во негово име“.
Боусман се појави во четири епизоди на „Што ако…?“ – „Што ако чуварот ја прекрши својата заклетва?“, „Што ако. Килмонгер го спаси Тони Старк?“, „Што ако зомби?!, и „Што ако… Т’Чала стане господар на ѕвездите?“
„Марвел студиос“ го прослави овој момент на „Твитер“: „Благодарност на телевизиската академија за признавањето на извонредната работа на нашиот крал, покојниот Чедвик Бозман. #Еми“

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам по обвинувањата од синот Бруклин
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам и Викторија Бекам, откако нивниот син Бруклин Бекам јавно ги нападна родителите и порача дека не сака помирување со нив.
Во интервју за „Мирор“, Снуп Дог, кој повеќе од 20 години е пријател со Дејвид Бекам, изјави дека тој е „семеен човек“ и дека без оглед на успехот, ништо не му е поважно од семејството. Тој додаде дека се надева оти Бруклин со текот на времето ќе се помири со родителите, за кои рече дека се длабоко погодени.
Снуп Дог нагласи дека ниту едно семејство не е совршено и дека притисокот е уште поголем кога семејниот живот е постојано под лупа на јавноста, но изрази уверување дека проблемите ќе бидат надминати.
Во својата објава, Бруклин Бекам ги обвини родителите дека се обидуваат да му го нарушат односот со сопругата Никола Пелц, а наведе и дека неговата мајка на свадбата во 2022 година „непримерено“ танцувала со него.
Диџејот на свадбата, Диџеј Фет Тони, кој гостуваше во емисијата „This Morning“ на ITV, инцидентот го опиша како „навистина непријатен“ и потврди дека Никола Пелц во солзи го напуштила приемот.
Забава
(Фото/Видео) Сидни Свини профитираше од својот сексапил, ја распродаде долната облека за само неколку часа
Се чини дека Сидни Свини реши да „заработи“ на своите луксузни облини и неодолив изглед, па лансираше линија долна облека наречена „Syrn“.
Линијата брзо стана глобален успех, а моделите на интимна долна облека беа распродадени во рок од неколку часа од нејзиното лансирање. Исто така, треба да се напомене дека контроверзното рекламирање на брендот вроди со плод, дополнително зголемувајќи ја неговата цена и популарност.
Самата колекција е комбинација од филмски гламур и женска сексапилност. Меѓу парчињата што се истакнуваат се чипканите корсети и долната облека што ја одразуваат старата холивудска естетика, по која е позната и самата Свини.
„Сакав бренд за долна облека што навистина ги разбира жените. Syrn ја слави самодовербата без притисок, тоа чувство да се биде секси, моќен, нежен, разигран или сите тие работи во ист ден.
Имав јасна визија, сакав нешто што функционира во реалниот живот и не наметнува ограничувања на никого“, изјави актерката за ELLE.
Забава
(Видео) Меланија Трамп блесна на премиерата на нејзиниот документарец
Меланија Трамп блесна на премиерата на документарецот „Melania: Twenty Days to History“ во Центарот Кенеди во Вашингтон. Нејзино друштво на црвениот тепих беше, секако, нејзиниот сопруг и претседател на САД Доналд Трамп.
THE PREMIERE OF "MELANIA" AT THE TRUMP-KENNEDY CENTER 🤩🍿pic.twitter.com/MEy6VLmcZW
— The White House (@WhiteHouse) January 30, 2026
Првата дама на САД одлучи да остане верна на својот специфичен моден израз за оваа пригода, и избра црн фустан од „Долче и Габана“. Станува збор за креација која претставува совршена комбинација од чиста елеганција и вечерна облека, а е украсена со здолниште со рамен крој и струкирано сако.
За да го „разбие“ овој деловен фустан и да го истакне струкот, таа додаде тенок ремен. Признаваме, овој моден детаљ ја однесе целата комбинација на следно ниво, а не треба да ги заборавиме и црните потпетици кои го заокружија стилот.
Ја стилизираше косата на наједноставен начин – се одлучи за брановидна фризура што паѓаше по рамената, а што се однесува до шминката – Меланија остана верна на нежните, невпечатливи тонови.

