Забава
Четири хороскопски знаци ќе ја пронајдат љубовта во јуни: дали сте меѓу нив
Јуни носи љубов за овие 4 знаци – чекате ли средба со вашата сродна душа?
Астролошките промени што ни ги носи јуни 2025 година отвораат врата кон одлични љубовни приказни – но само за оние кои се подготвени да ги препознаат.
Јупитер се движи во Рак, нагласувајќи го домот, емоциите и блискоста, додека Венера во Бик носи стабилност и нежност во врските. Видете дали сте меѓу среќниците кои се насмевнуваат на љубовта.
Јарец
За Јарците, јуни е време кога универзумот ја презема улогата на посредник. Јупитер ја освојува вашата седма куќа на партнерствата, носејќи ви можност да запознаете некој посебен.
Без разлика дали станува збор за семејни собири, свадби или состаноци на слепо – шансите за длабока емоционална врска се големи. Време е да се отворите за љубовта и да верувате дека некој вистински можеби веќе е на пат кон вас.
Бик
По турбулентни години, Биковите конечно се соочуваат со период на љубовен мир. Можеби ќе ја сретнете вашата сродна душа токму таму каде што најмалку очекувате – во вашето соседство, во кафуле или дури и за време на краток разговор на локална работилница.
Јуни носи можност некој посебен да влезе во вашиот живот и да разбуди чувства што можеби сте ги заборавиле. Бидете отворени – ќе знаете дека е „вистинското“ штом ќе го видите.
Рак
Јуни е твој месец! Јупитер влегува во вашиот знак и ги отвора вратите кон љубовните чуда.
Повеќе повици, повеќе погледи, повеќе насмевки – сè е дел од вашето ново секојдневие. Можеби веќе постои сродна душа во вашата околина, а сега чувствата би можеле да процветаат.
Обрнете внимание на деновите помеѓу 15 и 18 јуни – тие можат да донесат љубовна средба што ќе ви го промени животот.
Водолија
Плутон во вашиот знак ве трансформира одвнатре, а јуни ве прави уште попривлечни и едноставно магнетни. Љубовта може да се појави во најобичните околности – додека сте на работа, во теретана, во продавница, па дури и додека го шетате кучето.
Без разлика дали ќе запознаете некого преку работа или волонтирање, врската може да биде подлабока отколку што сте очекувале. Не барај, туку дозволи љубовта да те пронајде.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) За „Југославија“ пишуваат и германските медиуми – песната за која деновиве се зборува
„Дојче Веле“ го пренесува пишувањето на германските медиуми за политичките несогласувања што го следат Евросонг. Весникот „Франкфуртер Рундшау“ прашува дали нови расправии би можеле да избијат поради песната „Југославија“, која би можела да ја претставува Србија на натпреварувањето во Виена.
Ситуацијата околу песната „Југославија“ на овогодишниот избор за Евросонг предизвика бурни реакции на Балканот, пишува „Дојче Веле“. Станува збор за песна која уште во најавата на натпреварот отвори расправи и ја подели јавноста поради самата референца на поранешната државна заедница – Југославија.
Во Србија на социјалните мрежи и во коментарите се појавија бројни критики и реакции, бидејќи некои сметаат дека поимот „Југославија“ има политичко значење што не е соодветно за музички натпреварувачки формат како Евросонг.
Пејачката која ја изведува песната, Зејна, позната и како кума на белградската Парада на гордоста, им одговори на своите поддржувачи дека пораката на песната носи универзална порака за единство, мир и љубов и дека насловот не значи враќање на историски политички концепти, туку симболизира надеж и заедништво меѓу луѓето без оглед на нивните национални или етнички разлики, пренесе „Н1“.
Поради оваа песна, на почетокот на месецот на мрежата „Икс“ се огласи профилот „Евровизија Косово“, обвинувајќи ја Србија дека „не може да ја одвои политиката од Евровизија“. Се тврди дека песната ја „глорифицира“ Југославија и дека Европската радиодифузна унија нема да ја прифати доколку Белград ја испрати на натпреварувањето. „Франкфуртер Рундшау“ потсетува дека Косово не е членка на Европската радиодифузна унија и дека не е јасно кој стои зад овој профил. Сепак, пораката предизвика внимание во Србија и во другите поранешни југословенски републики.
Весникот потсетувадека Југославија постоела како кралство и како социјалистичка федерација, која се распаднала во крвавата војна, а на крајот станала унија на Србија и Црна Гора.
„Во оценката на Југославија до ден-денес се разликуваат мислењата во сите седум држави наследнички“, пишува авторот во текстот. Како што се наведува, критичарите му замеруваат на раководството на поранешна Југославија авторитарност и потчинување на народите. „Некои постари луѓе, пак, се потсетуваат на релативно безгрижен заеднички живот во мултиетничка земја без граници“, пишува германскиот весник.
Песната „Југославија“ може да биде предмет на проверка од страна на Европската радиодифузна унија само доколку навистина биде избрана за финалното натпреварување.
Критиките од Косово, наведува Дојче Веле, значително ги зголемиле нејзините шанси – „Југославија“ има најмногу прегледи на Јутјуб од сите кандидати.
За некои критичари, споменувањето на името Југославија во контекст на Евросонг буди сеќавања на минатите политички и воени конфликти на Балканот, додека други сметаат дека песната може да има поширока симболична порака што ги надминува политичките контексти.
Забава
Домашен лек кој прави чуда за болното грло
Засипнатост, печење и болка при голтање се најчестите знаци на грип, особено во зимските месеци.
Пред да посегнете по лекови, можеби веќе го имате решението во вашата кујна. Топла комбинација од мед, лимон и ѓумбир може да ја смири иритацијата и да го намали воспалението.
Медот допира до слузницата и ја смирува иритацијата, лимонот е богат со витамин Ц, додека ѓумбирот има антиинфламаторно дејство.
Во чаша топла (не врела) вода, додадете сок од половина лимон, лажица мед и неколку парчиња свеж ѓумбир. Оставете да отстои неколку минути и пијте полека, во голтки.
Експертите советуваат и пиење доволно течности и избегнување ладни пијалоци. Доколку болката трае подолго од неколку дена или ако имате висока температура, треба да се консултирате со лекар.
фото/Depositphotos
Забава
(Фото) Облините се тука, но тука е и нејзиното „старо“ лице: Дали убавицата ги отстрани филерите?
Парот кој сигурно привлече најголемо внимание уште од првиот ден од нивната врска – Кајли Џенер и Тимоти Шаламе, се појавија заедно на доделувањето на наградите БАФТА, а риалити убавицата се држеше до своето „правило“ и не сакаше да привлекува внимание кон себе кога беше во негово друштво.
Сакала или не, новинарите повторно ја бараат и секогаш кога се појавува со Тимоти, нивната врска станува главна тема.
Kylie Jenner and Timothée Chalamet win cutest couple at the EE BAFTA Film Awards 🥹 pic.twitter.com/FiDr0oXtlO
— Chicks in the Office (@ChicksInTheOff) February 22, 2026
На доделувањето на наградите БАФТА, Кајли блесна во црна елегантна тоалета украсена со големи циркони, меѓутоа, тоа не е она што им го привлече вниманието на сите. Нејзиниот природен изглед стана предмет на коментари, а многумина шпекулираа дека ги отстранила филерите од усните.
„Изгледа како порано“, „Изгледа помлада, но поприродна“, „Многу е поубава вака, како помлада верзија од себе“, беа некои од коментарите.
Timothée Chalamet and Kylie Jenner attend the EE BAFTA Film Awards. pic.twitter.com/z7hRoCYBjT
— 📸 (@metgalacrave) February 22, 2026
Кајли и претходно беше мета на коментари поради козметички корекции, а како што самата призна, почнала да прави корекции на усните како тинејџерка бидејќи била несигурна. Пред осум години таа тврдеше дека ги отстранила филери, но во меѓувреме се појавија сомнежи дека ги вратила.
Во секој случај, сега навистина изгледа дека филерите се отстранети и, судејќи според коментарите, конечно ја воодушеви публиката.

