Забава
Чешката полиција ги потсетува нудистите да носат заштитни маски

Иако маските за лице не се задолжителна опрема насекаде, во Чешка се применуваат строги правила за нивно носење, кои важат дури и за нудистите во екот на пандемијата од Ковид-19.
Оваа средноевропска земја почна да ги релаксира ограничувањата наметнати поради коронавирусот, но во екот на загриженоста кон крајот на минатиот месец полицијата била ангажирана да ги потсетува луѓето дека во ред е да се сончаат голи на одредени јавни места, но само доколку нивните лица се прекриени со заштитни маски, пренесува Си-ен-ен.
Чешката полиција издаде предупредување кога полицајци на 27 март биле повикани во мало место во близина на Прага со цел да реагираат поради немаскирани нудисти привлечени од топлото време.
„За жал, многу граѓани што се сончаа беа собрани во големи групи, а некои не носеа маски за лице“, се вели во полициското соопштение.
„По пристигнувањето на полицијата, сите се согласија да ја почитуваат владината регулатива дека заштитните маски за лице се задолжителни надвор од домот“, се појаснува во соопштението.
Во него се додава и дека на граѓаните им е дозволено да бидат без облека на одредено место, но тие сепак мора да ја прекријат устата и да се собираат само во соодветна бројка, со цел да се спречи ширењето на вирусот.
Во соопштението се нагласува и дека во полициска патрола спроведена по апелот, на јавните места биле затекнати 150 лица, а властите го сметаат за успех тоа што само половина од нив било потребно да ги потсетат за маските.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Ана Ивановиќ повторно неодолива: Бастијан сигурно веќе се кае

Познатата тенисерка Ана Ивановиќ не дозволи тешкиот период да ја уништи сликата што целиот свет ја има за неа како насмеана и секогаш негувана жена.
Убавата Србинка расцвета по разводот од Бастијан Швајнштајгер, а нејзините фотографии на Инстаграм го докажуваат тоа.
Иако веќе некое време покажува колку ужива во животот и собира позитивни коментари за својот изглед, овој пат Ана дополнително шармираше со модното издание, но и со природната елеганција што ја поседува без оглед на тоа што носи.
Повторно позираше во еден од нејзините совршени фустани, а овој пат избра нежна жолта нијанса и модел што ја следи линијата на телото.
Фустанот на Ана е во два дела, долниот дел е направен од плис, додека горниот дел е тесен, без прерамки. Детаљот околу вратот што е дел од фустанот исто така привлече внимание, и додава нова нота на мистика и гламур на сè.
Сите ја пофалија во коментарите, а особено се издвојува коментарот од германската манекенка Каролина Даур, многу добра пријателка на Ана, која ѝ кажа дека е убава и остави емотикон со мед.
Забава
(Фото) Тајната за совршениот есенски изглед: новиот тренд за шминкање ги освојува улиците

Како што летото се претвора во есен, нашата шминка се префрла на потопли, побогати тонови.
Таканаречениот toasty make-up тренд носи бронзени, земјени нијанси кои совршено го надополнуваат исончаниот тен и внесуваат допир на есен во нашата рутина за убавина.
Стилот toasty make-up слави топлина, природна свежина и мекост бакната од сонцето. Замислен е како преоден изглед помеѓу летото и есента, идеален за истакнување на исончаниот тен. Овој тренд се карактеризира со богати бронзени, теракота, праска и црвеникави нијанси кои беспрекорно се вклопуваат со кожата, создавајќи sun-kissed ефект.
Како да постигнете toasty make-up?
1. Свеж тен
Започнете со лесна подлога како BB крема или хидратантна крема со нијанса која ќе го изедначи вашиот тен и ќе обезбеди природен сјај. Користете посветла нијанса на коректор под очите и во средината на челото за да создадете свеж ефект.
2. Топол бронзер и руменило
Нанесете бронзер од теракота или праска на вашите јаболчници, слепоочници и вилица за да создадете контура и „сончев“ изглед. Нанесете руменило во боја на праска во средината на образите и на носот за исончан ефект.
3. Суптилен хајлајтер
Нанесете златен или хајлајтер во нијанса на шампањ на врвот на јаболчниците и внатрешните агли на очите за природен сјај.
4. Земјени очи
Нанесете теракота, праска или бронзена сенка за очи на очните капаци. За дополнителна длабочина, нанесете кафеав ајлајнер по горната линија на трепките и завршете со неколку слоја маскара.
5. Природни усни
За усните, изберете кармин во нијанса на праска, карамела или кафеава боја. Нанесете моливче за дефиниција, а потоа додадете балсам или сјај за природен финиш.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Омилената актерка ги загрижи сите: „Се надевам дека е здрава“

Додека сите ја чекаме новата сезона на „Емили во Париз“, Лили Колинс уживаше на Неделата на модата во Њујорк.
Убавата актерка се појави на ревијата на Келвин Клајн за пролет 2026, но со својот изглед успеа да ги засени сите, или поточно, да ги загрижи.
lily collins omg pic.twitter.com/QSBpbaXBRQ
— favs pop culture (@favspopculture) September 12, 2025
Се појави во сет составен од долго здолниште и топ, така што нејзиниот стомак беше видлив, но потоа беше јасно и колку е слаба Лили. Овој нејзин изглед буквално шокира многумина и предизвика лавина коментари.
„Зошто луѓето мислат дека неисхранетоста е привлечна“, „Сигурно не се хранела правилно со години“, „Се надевам дека е здрава и дека ова е за улогата“, „Нема да судам“, „Ова е навистина премногу, таа е премногу слаба“, беа некои од коментарите.
Лили Колинс неодамна заврши со снимањето на петтата сезона од омилената серија „Емили во Париз“ и во таа пригода им се заблагодари на сите на „Инстаграм“.
View this post on Instagram
Многумина забележаа и дека во оваа објава таа не е толку слаба како што е сега на Неделата на модата во Њујорк.