Забава
Шарм, скандали и молк за вистинските жртви во документарецот за Чарли Шин

Новата двоепизодна документарна серија „Поранешниот Чарли Шин“ (AKA Charlie Sheen) не открива многу ново за актерот, чие бурно минато е веќе детаљно документирано, објави британски „Гардијан“. Од забави, преку забави со проблеми, до само проблеми – така самиот ги дели фазите од својот живот објаснувајќи дека медиумите веќе ги имаат покриено сите скандали: зависности, јавни хоспитализации, разводи, па дури и откривањето на неговиот ХИВ-статус.
Иако неговиот татко Мартин Шин и братот Емилио Естевез одбиле да учествуваат, други членови од семејството – вклучувајќи ги неговите деца и поранешните сопруги – зборуваат отворено, но со љубов. Шин, кој е седум години трезен, изгледа шармантно и благодарно, но документарецот внимателно ги избегнува најтешките теми: обвинувањата за семејно насилство, судските наредби и тврдењата дека ги изложувал партнерките на ризик.
Критиките за површноста на „Поранешниот Чарли Шин“ доаѓаат од новинарски кругови, особено од рецензијата на „Гардијан“, каде што се истакнува дека режисерот Ендру Рензи му дал „нежна и контролирана платформа“ на Шин оставајќи ги најтешките обвинувања речиси недопрени. Иако Шин искрено им оддава почит на семејството и на пријателите, недостига вистинско каење или разбирање за болката што им ја нанел.
Најсилните моменти доаѓаат од луѓе што биле директно погодени – како Хајди Флајс, која сè уште гневно зборува за неговото сведочење против неа, и Џон Крајер, колегата од „Два и пол мажи“, кој отворено зборува за циклусот на хаос што Шин го предизвикувал на снимањата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) По чоколадата, Дубаи доби нов гастрономски хит!

По виралната „дубаи чоколада“, од Емиратите доаѓа нов гастрономски тренд – кроасан пица.
Станува збор за комбинација на слоевит кроасан кој служи како кора, со сос од домати, сирење и преливи. Новитетот првпат го претстави Papa John’s во Дубаи, а реакциите на публиката се одлични.
@ahlanlivedubai @Papa Johns AE ♬ ECE Marketing Airball – EC Equine Marketing
Кроасан пицата веќе е хит на TikTok и Instagram, каде инфлуенсери и блогери објавуваат видеа со своите први залци. Очекувањата се дека наскоро ќе се појави и во пицерии низ светот.
Забава
Четири хороскопски знаци кои најчесто ги изневеруваат своите партнери

Астролозите издвојуваат четири знаци кои, поради својата природа, се посклони кон неверство:
Близнаци – брзо им здосадува, па во потрага по ново возбудување често преминуваат граници.
Стрелец – љубители на слобода и авантура, кога врската станува рутина бараат возбуда на друго место.
Вага – нивната потреба за внимание и шармантност лесно ги носат во паралелни односи.
Риби – емотивни и чувствителни, кога се чувствуваат осамено или неразбрано бараат утеха кај друг.
Забава
(Видео) Инфлуенсерка нападна жена во теретана бидејќи ѝ упаднала во кадар, реакциите жестоки

Видеоснимка од теретана стана вирална на TikTok откако инфлуенсерката Џенифер (@jenniferrpicone) остро реагирала на жена која вежбала во позадина додека таа снимала.
„Зошто стоиш таму?“ ја прашала, а кога добила одговор „Што ти е гајле?“, инфлуенсерката возвратила: „Затоа што ме нервираш“.
@jenniferrpicone She did that 💩on purpose 🤪 #gymtok #fyp ♬ original sound – Jennifer R. Picone
Видеото завршува со нејзина порака: „Лекција од бонтон во теретана #47: Не фотобомбирај креатор на содржина“.
Реакциите на TikTok беа бурни – многумина ја обвинија за ароганција и ја потсетија дека правилото број еден во теретана е „биди пристоен“.
Познатиот фитнес инфлуенсер Џои Свол ја нарече нејзината реакција глупава и ѝ порача дека ако не сака луѓе во кадар – треба да си изгради домашна теретана.