Забава
Шапката на Меланија Трамп предизвика лавина реакции во Африка

Првата дама на САД, Меланија Трамп, во текот на викендот ја заокружи својата прва официјална посета на африканскиот континент, и тоа без нејзиниот сопруг Доналд Трамп.
За време на посетата, Меланија престојуваше во африканските држави Гана, Малави, Кенија и Египет, а нејзиното патување многумина го протолкуваа како начин за да се ублажат мноштвото негативни коментари и пропусти што американскиот претседател претходно ги направи во врска со земјите од Африка вклучувајќи го и наведувањето непостојна африканска земја Намбија при обраќањето пред африканските амбасадори во САД.
За време на престојот во Најроби, Меланија посети сиропиталиште, а потоа се упати во обиколка на националниот парк, каде што со мобилен телефон ги фотографира животните што ги затече таму.
За жал, позитивните напори на првата дама беа засенети од гест што тамошната јавност го протолкува како навредлив. За многумина, тоа што го демонстрирала првата дама на САД претставува крајна небрежност и непознавање на локалната историја.
Имено, Меланија за оваа пригода носеше елегантна сафари-комбинација, а главен додаток во ѝ беше ретро шапката, која личеше на оние што во 19 век ги носеле Европејците во Африка, делови на Азија и на Блискиот Исток. Во Африка таа станала симбол на британските колонијални освојувачи, па многу Африканци се почувствуваа навредени поради тоа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Андријана Јаневска ја изведе „Ако утре ме нема“ од ДНК: Еден од најтешките настапи во мојата кариера…

„Еден од најтешките настапи во мојата кариера… ‘Ако утре ме нема’ од ДНК ја изведов во придружба на Битолскиот камерен оркестар и Благојче Трајковски на кларинет“, напиша пејачката Андријана Јаневска на социјалните мрежи и објави снимка од настапот.
Забава
(Видео) Ед Ширан настапи на улица и ги воодушеви минувачите

Британскиот пејач и текстописец Ед Ширан ги воодушеви обожавателите, минувачите и патниците со уличен настап во Лондон.
Ширан (34) свиреше на акустична гитара пред железничката станица Кингс Крос во петокот, облечен во впечатлива розова маица. Тој ја изведе новата песна „Азизам“, како и хитовите Perfect, Bad Habits и Shivers.
View this post on Instagram
Пејачот, познат по хитовите Shape of You и Thinking Out Loud, по настапот напиша објава на „Инстаграм“, во која атмосферата ја опиша како неверојатна.
Една случајна минувачка, која чекала меѓу возовите, изјави дека имала неверојатна среќа што била сведок на таква ѕвездена изведба.
Забава
Принцот Хари не сака Меган да објавува фотографии од децата?

Принцот Хари наводно не е премногу среќен што неговата сопруга Меган Маркл ги користи децата за да го промовира својот нов бренд As Ever.
Кралскиот уредник на британски „Сан“, Мет Вилкинсон, тврди дека војводата и војвотката од Сасекс не се синхронизирани кога станува збор за објавување фотографии од нивните деца, принцот Арчи (5) и принцезата Лилибет (3) ,на социјалните мрежи.
„Колку што сум запознаен, Хари би сакал неговите деца да останат надвор од очите на јавноста до одредена возраст“, рече Вилкинсон во петокот во A Right Royal Podcast.
View this post on Instagram
Од друга страна, Вилкинсон тврди дека Меган има поинаков став: „Таа порасна во Калифорнија и претходно веќе кажа дека сака да има калифорниски начин на живеење – да ги однесе на плажа, да излезат, да бидат активни“. „Таа не сака да ги крие“, рече новинарот иако забележа дека Маркл сè уште не ги покажува јасно лицата на своите деца, туку ги користи за да го претстави својот имиџ како мајка и домаќинка. „Хари, веројатно, не е премногу среќен поради тоа“, додаде Вилкинсон.