Забава
Шведска призна: Нашето традиционално ќофте всушност е турско
Шведска призна дека традиционалните ќофтиња всушност се турски рецепт. Државата ја соопшти оваа вест на официјалниот профил на „Твитер“. „Нашето ќофте всушност се заснова на рецепт на кралот Чарлс Седми кој го донел од Турција на почетокот на 18 век. Се држиме до фактите“, гласи твитот.
Swedish meatballs are actually based on a recipe King Charles XII brought home from Turkey in the early 18th century. Let’s stick to the facts! pic.twitter.com/JuTDEjq9MM
— Sweden.se (@swedense) April 28, 2018
Сè уште не е јасно зошто Шведска се одлучила дека сега е вистинско време да го соопшти ова, но предизвика лавина реакции и шеговити коментари.
„Целиот мој живот ми бил лага“, се пошегувал еден Швеѓанец на „Твитер“. Еден Турчин, пак, се пошегувал Шведска да го смени името на јадењето во „köfte“, што е турски назив за ќофте.
Кралот Чарлс во периодот меѓу 1697 и 1718 бил во егзил во Отоманското Царство, а кога се вратил повторно во Шведска, освен рецептот за ќофте, со себе понел и зрна кафе и рецепт за сарма.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Новогодишен хороскоп: Три знаци ги очекуваат неверојатни промени во 2026 година
Астролошки гледано, 2026 година носи силни промени благодарение на влегувањето на Јупитер во Лав, стабилизацијата на Сатурн во Риби и долгорочните трансформации на Плутон во Водолија.
Три знаци особено ќе почувствуваат бран на среќа, напредок и големи животни промени.
Лав
Од летото 2026 година, Јупитер – планетата на среќата, експанзијата и новите почетоци – влегува директно во вашиот знак. Ова се случува еднаш на секои 12 години и носи период што ги отвора вратите за големи животни промени.
Ова е годината кога универзумот речиси ве „турка“ на сцената – само треба да зачекорите.
Водолија
Плутон, планетата на длабоки трансформации и регенерација, дефинитивно влегува во вашиот знак од 2026 година за 20 долги години. Сосема нова сила почнува да се буди во вас.
Ве чека: Животна „ревизија“ што ве ослободува од сè што ве кочи; Градење нова кариера или статус; Влегување во врски што имаат кармички карактер; Огромна лична моќ и влијание – другите почнуваат сериозно да ве слушаат.
Ова е годината кога ќе почнете да пишувате ново поглавје од вашиот живот, со храброст што не сте ја користеле претходно.
Риби
Сатурн е веќе во вашиот знак и во текот на 2026 година носи најсилни ефекти. Сатурн не подарува – ја наградува дисциплината. Рибите кои биле упорни ќе почувствуваат одлична стабилизација и конечни резултати.
Ве чека: Уредување на животот, конечно решавање на финансиски и семејни проблеми; Сериозни, долгорочни врски и бракови; Професионална сигурност – она што го градите сега стои 10+ години; Чувството дека конечно имате контрола врз себе и вашиот правец; Рибите излегуваат од маглата и влегуваат во најзрелата, стабилна година во последната деценија.
Овие три знаци се астролошки најголемите фаворити во 2026 година. Секој на свој начин влегува во период на пресврти на судбината, неочекувани можности и длабок личен раст.
Фото: depositphotos
Забава
Прогласени 10-те победнички во националниот избор за “Жена на годината 2025” во Македонија
На свечена церемонија исполнета со инспиративна атмосфера и многу позитивна енергија денеска во Скопје се одржа прогласувањето на победничките во македонскиот избор за “Жена на годината 2025”.
Наградени беа вкупно 10 дами, кои со својот професионален и општествен ангажман секојдневно и во континуитет поставуваат високи стандарди на деловно и етичко однесување и оствариле забележителни резултати во годината што одминува.
Изборот за „Жена на годината“ започна со онлајн номинирање кое беше отворено за целата домашна јавност, при што беа поднесени вкупно 600 номинации. Од сите нив беше формирана листа на финалистки, по 5 во секоја категорија, за кои потоа гласаше жири-комисија составена од претставници на медиуми, образовни институции, организатори и соработници.
Лауреатот македонска Жена на годината 2025 го понесе Рисима Рисимкин, авангардна македонска кореографка за современ танц.
Во продолжение, следува листата со овогодинешните победнички во сите категории од изборот „Жена на годината 2025“:
1. Жена на годината – Рисима Рисимкин
2. Жена со трајни вредности – Индира Кастратовиќ
3. Жена менаџер на годината – Јелена Спасова
4. Жена со најголеми достигнувања во науката и технологијата – Венера Крлиу
5. Млада жена менаџер на годината (до 40 години) – Ениса Кадрии
6. Жена со најголеми достигнувања во културата – Наталија Теодосиева
7. Жена со најголеми достигнувања во спортот – Ангела Мојсовска
8. Жена со најголеми достигнувања за општеството – Моника Ризовска Таневска
9. Жена со најдобар стил – Наташа Петровска
10. Инфлуенсерка на годината – Миа Арабаџиевска (@mia.arabi)
Во конференцискиот дел на настанот, свои предавања одржаа: Павле Зимбаков, Сузанне Пазит Гева, Елена Бубало, Данчо Димков и Марина Анчевска . Организатори на „Жена на годината“ (www.zenanagodinata.mk) се Маркетинг365 и Касиа Евентс. Овогодишни покровители на настанот се: Империјал Тобако, Ананас, Фабу, Тиквеш, Енерџи Студио, Нескафе, Бизнис Академија Смилевски, Савекс, Семанта, Скопска Пивара и други.
Забава
Денешниот датум 12.12. е еден од најмоќните во годината – направете неколку симболични чекори за да ве следи среќа
Датумот 12.12. во нумерологијата се смета за еден од посилните во годината поради повторувањето на бројките и нивната симболика. Според нумеролозите, овој ден е поврзан со засилена интуиција, промени и завршување на еден животен циклус.
Бројот 12 симболизира транзиција – спој на индивидуалноста и иницијативата (1) со рамнотежата и партнерството (2). Нивниот збир дава број 3, кој се поврзува со креативност, комуникација и изразување. Кога датумот се повторува, како на 12.12., се верува дека оваа енергија е засилена.
Нумеролозите наведуваат дека 12.12. е погоден ден за донесување одлуки, затворање на стари ситуации и јасно дефинирање на насоката за наредниот период, особено пред крајот на годината. Денот се поврзува и со потребата за поставување граници, искрена комуникација и интроспекција.
При збир на целиот датум (1+2+1+2) се добива бројот 6, кој симболизира хармонија, дом, семејство и одговорност, поради што 12.12. често се поврзува со емотивна зрелост и приватниот живот.
Според нумеролошките и духовни толкувања, датумот 12.12. може да се искористи преку едноставни, симболични чекори кои не вклучуваат сложени ритуали. Простување и отпуштање – на хартија да се запишат работите што биле товар во текот на годината, а потоа безбедно да се уништи, со симболично „отпуштање“ на товарот. Јасна визуелизација – во 12:12 часот, со затворени очи, да се замисли една конкретна желба како веќе остварена, со фокус на чувството што таа го носи. Чин на добрина – да се направи нешто убаво за непозната личност, како симбол на давање и поврзаност.
Во текстот се споменува и т.н. „техника на огледало“, при која лицето гласно изговара позитивна порака пред огледало, што се толкува како психолошка поддршка за надминување на сомнежите и зајакнување на самодовербата.
Според овие толкувања, 12.12. се гледа како симболичен момент за носење одлуки и лична посветеност, без чекање на почетокот на новата година.

