Забава
Шерон Стоун венча геј пар на плажа

Шерон Стоун откри дека одржала венчавка на двајца луѓе.
Во објава на нејзиниот Инстаграм во средата, 63-годишната актерка сподели фотографија на која се гледа како говори покрај среќната двојка на живописна церемонија на плажа.
„Имам среќа: ќе венчам двајца прекрасни луѓе денес“, напиша Стоун, додавајќи емотикон срце.
За церемонијата, Стоун се одлучи за целосно бела комбинација со елегантен мантил што ја штити од крајбрежното ветре
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
На Евровизија годинава ќе може да се вее палестинското, a знамето на ЛГБТ заедницата e забрането

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) усвои нови правила во пресрет на овогодинешниот Избор за песна на Евровизија. Според изменетите прописи, публиката годинава ќе смее да вее палестински знамиња, што минатата година предизвика политички полемики.
Но, тоа не е се – тие ги забранија и сите ЛГБТК+ знамиња, што налути многу активисти. Затоа, на изведувачите оваа година ќе им биде дозволено да ги носат само знамињата на земјите што ги претставуваат на сцената.
Забраната за носење знамиња за изведувачите ќе се применува на сцената, во фан зоната, во зелената соба и официјалните површини каде натпреварувачите ги чекаат резултатите. Групите за права на ЛГБТК+ веќе ја критикуваа одлуката, тврдејќи дека знамето на виножитото претставува личен идентитет наместо политичка изјава.
Швајцарскот победник Немо минатата година носеше небинарно жолто-бело-виолетово знаме за време на парадата на знамето. На еден од панелите по победата рече дека морале да го прошверцуваат оти организаторите им го забраниле споменатото знаме. Неколку фанови го пробаа истото во публиката, но обезбедувањето ги натера да ги фрлат знамињата пред да влезат во салата.
Оваа година на Евровизија ќе учествуваат неколку изведувачи кои припаѓаат на ЛГБТК+ заедницата. Меѓу нив се Миријана Конте (Малта), Џеј Џеј (Австрија), Ерика Викман (Финска), како и хрватскиот претставник Марко Бошњак.
Забава
(Видео) Трамп повторно ја „уништи“ Тејлор Свифт

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера го пречека рагби тимот на Филаделфија Иглс во Белата куќа за да ја прослави нивната победа над Канзас Сити Чифс во Супербоул.
Тој, исто така, го искористи настанот уште еднаш да се потсмева на најистакнатиот навивач на Чифс, пејачката Тејлор Свифт, објави NBC.
Trump recounts being at the Super Bowl: “I was there, I watched in person. I was there along with Taylor Swift. How did that one work out?” pic.twitter.com/lUxMRocXjT
— Breaking News of the Day (@Breakingne66541) April 29, 2025
„Бев таму. Го гледав лично натпреварот. Бев таму со Тејлор Свифт. Како се случи тоа?“, рече Трамп, предизвикувајќи смеа кај толпата навивачи на Филаделфија.
Свифт, која е во врска со играчот на Чифс, Тревис Келс, ја поддржа кандидатката на демократите Камала Харис на минатогодишните претседателски избори.
Забава
(ФОТО) Новата девојка на Ченинг Тејтум ја потврди врската на „Инстаграм“

Ченинг Тејтум и моделот Инка Вилијамс ја официјализираа својата врска на социјалните мрежи. За да го одбележи 45. роденден на актерот, Вилијамс објави колаж од фотографии исполнети со заеднички моменти на својот инстаграм-профил.
На една од фотографиите Тејтум ја бакнува 25-годишната Вилијамс, а на друга парот се гледа како се забавува, се дружи со кучиња и се релаксира на сонце.
„Среќен роденден на најзгодното, најљубезно, најсмешно, најглупаво и најпрекрасно човечко суштество на светот!!!“, напиша Вилијамс покрај објавата. „Ти благодарам што го правиш животот убав и забавен“, додаде таа.
Таа ја заврши објавата со реченицата JTM trop fort, што е француски сленг за „Те сакам толку многу“.