Забава
Шер има нова љубов, 42 години помлад од неа

Шер и Александар Едвардс дополнително ги поттикнаа шпекулациите за романса кога беа забележани како влегуваат во нејзината палата на Малибу рака под рака доцна ноќе.
Претходно, беа на интимна вечера во Западен Холивуд.
Божицата на попот (78) и музичкиот продуцент (36) беа фотографирани како седат еден до друг во задниот дел на црн „кадилак“, кој ги донесе до приватниот влез.
Двете ѕвезди претходно свратија во ресторанот „Крегс“ во Западен Холивуд. Подоцна им се придружи пријател на Александар, раперот Тајга.
Шер и Александар се држат за раце со заплеткани прсти пред нејзиниот дом во Малибу. Таа минатиот месец ја огласи куќата за продажба за неверојатни 85 милиони долари.
Александар, поранешно момче на Амбер Роуз, не е омилен во Холивуд бидејќи важи за сериски прељубник, пишуваат таблоидите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Четири знаци ги очекува голема заработка: нема да знаат што да прават со парите

Тие влегуваат во постабилен финансиски период, па затоа не мора да се грижат за пари.
Ако се прашувате кој ќе има среќа кога станува збор за пари, тоа се хороскопските знаци: Близнаци, Овен, Девица и Стрелец.
Близнаци
Влегувањето на Венера покрај Марс во вашата втора куќа ви носи бонуси, но и дополнителна заработка. Преку лице родено под знакот на Рак, можете да заработите многу пари, а конечно се стабилизиравте и финансиски во споредба со почетокот на годината.
Овен
Силната втора куќа ви носи многу можности за профит, но и одредена доза на ризик бидејќи Уран е во Бик. Ќе треба да инвестирате пари иако сте свесни дека е ризичен период. Подобро е да почекате поповолен период за да ги инвестирате парите.
Девица
Венера влегува во знакот на Рак, па пријателите ќе ви понудат да работите на заеднички проект што може да донесе пари. Во секој случај, влегувате во постабилен финансиски период, па затоа не мора да се грижите за пари.
Стрелец
Сатурн е во Риби, но во добри аспекти, па добивате она што го заслужувате. Оваа планетарна позиција може да ви донесе работа од дома или приход преку недвижнини.
Знакот кој треба да игра игри на среќа до 17 мај е Јарецот.
Забава
(Видео) Каролина со нова песна и спот – „Мог живота дио“

Каролина Гочева го објави најновиот видеоспот за песната „Мог живота дио“.
Позади песната стои Дино Мухаремовиќ (музика и текст), кој е автор и на последниот сингл на Каролина, ,,Дај на сунце”, додека аранжманот е на Дино Шукало, познат сараевски студиски музичар, аранжер и композитор и долгогодишен соработник на Каролина.
Песната е снимена во Сараево, во неговото студиото Модра Риека, додека видео спотот е дело на Миомир Милиќ.
Забава
Галеб на покривот на Систинската капела го украде шоуто на конклавата, интернетот е полн со мемиња

Голем број луѓе денеска со нетрпение го следеа оџакот на Систинската капела, чекајќи го белиот чад што ќе го одбележи изборот на нов папа.
Сепак, вниманието на јавноста за момент не го украде чадот, туку галеб кој слета на местото во кое беа вперени сите погледи на светот.
Птицата која се насели на покривот на Систинската капела стана главна атракција на социјалните мрежи, а корисниците веднаш ја претворија во ѕвезда на бројните мемиња.
„Дива“, „Поздрав до оној галеб кој беше целосно фокусиран на настаните од конклавата“, „Најдоброто место во градот“, се само дел од коментарите на „Икс“.