Забава
Шејн Линч го напушти семејниот дом, не можел да издржи во изолација
Шејн Линч не издржа под притисокот во карантин.
Пејачот на ирскиот состав „Бојзон“ (Boyzone) и сопругата се разделија откако беа принудени да поминат повеќе време заедно во текот на самоизолација поради пандемијата на коронавирус, објави ирскиот весник „Ајриш егзаминер“.

Линч (43) открил дека тој и сопругата Шина Вајт, со која е во брак 13 години, „си здосадиле еден на друг“ додека биле затворени дома.
Потврдувајќи дека се иселил од семејниот дом поради бројни расправии со Шина , тој рече: „Имавме проблеми и минуваме низ тешки времиња во текот на оваа изолација.“
Шејн, кој има две ќерки со Шина, Били (11) и Марли (7), рече дека тие двајцата сметаат дека е тешко да се ограничат внатре за време на глобалната здравствена криза, бидејќи биле навикнати тој да е постојано на турнеја.
„Обично сум на турнеја и првпат поминав три месеци во мојата куќа“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Мис Универзум 2025 е претставничката на Мексико
Ноќеска, на Тајланд се одржа финалето на 74-от избор за Мис Универзум. Мис Универзум 2025 е Мексиканката Фатима Бош. Првата придружничка е Мис Тајланд.
Втората придружничка е Мис Венецуела, третата е Мис Филипини, а четвртата придружничка е девојката од Брегот на Слоновата Коска.
Круната на победничката ѝ ја врачи минатогодишната победничка, данската претставничка Викторија Кјар Теилвиг.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Облече најмало бикини и помисли дека никој нема да ја види: папараците ја фатија на покривот на хотел
Популарната пејачка Дуа Липа моментално е во Рио де Жанеиро за нејзината бразилска турнеја „Радикален оптимизам“, а слободното време помеѓу настапите и пробите го искористи за да се опушти.

Сепак, папараците не ја пропуштија иако беше далеку од јавноста, и ја фатија на базенот на покривот од луксузниот хотел каде што престојува.

Во тесно црно-жолто бикини, Дуа Липа го покажа своето витко, тонирано и исончано тело, особено нејзините извајани стомачни мускули кои е невозможно да не се забележат и да не се коментираат, кои не избегаа од објективите.

Снимена е додека се обидува да се завитка во парео со ист дезен како бикинито, а како моден додаток носеше очила за сонце. Долгата коса лежерно паѓаше преку грбот, а очигледно е дека немаше ни трага шминка додека го впиваше витаминот Д.
Забележлив е и нејзиниот скап веренички прстен, со кој британскиот актер Калум Тарнер ја запроси кон крајот на декември минатата година.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Аманда Холден мами воздишки во чипкана креација
Познатата водителка Аманда Холден (54) се појави на добротворна гала вечер и ги воодушеви сите со својот зачудувачки аутфит.
Убавата русокоса често е мета на папараците, па секој нејзин моден изглед е пречекан со лавина од позитивни коментари, а самата водителка понекогаш се обидува да го привлече вниманието кон себе со провокативни објави.

Токму како што диктира гала вечерта, гламурот и луксузот беа насекаде, а Аманда го следеше тоа „правило“.
Водителката се појави во чипкана црна креација украсена со цветни мотиви, со голем шлиц што оди сè до рамената, дискретно нагласувајќи ги нејзините гради.

Едноставни сандали со тенок ремен, обетки и нејзината насмевка – тие беа таму за да го „зачинат“ овој елегантен и провокативен изглед, додека како и обично, имаше силна вечерна шминка за да ги истакне очите.
Тајната на изгледот на Аманда Холден е секогаш тема, со оглед на тоа што таа е една од најзгодните јавни личности иако е во шеесеттите години. Како што еднаш откри, тајната лежи во избалансиран начин на живот, не ограничувајќи се, но ниту претерувајќи.

фото: принтскрин

