Забава
ШК „Алкалоид“ се подготвува за Европскиот клупски куп 2018
Шаховскиот клуб „Алкалоид“ повторно во борба за европски медал. „Алкалоид“ како европски клупски шампион во шах за 2016 година и вицешампион за 2017 година и оваа година амбициозно се подготвува за најсилното клупско шаховско натпреварување – Европски клупски куп, кое ќе се одржи во октомври во Порто Карас, Грција.
Минатата година успехот беше надополнет со 5 медали за индивидуални резултати по табли (4 златни и еден сребрен). По двата последователни историски резултати, новиот предизвик за екипата е освојување уште еден медал и со тоа да се запише во листата на 8 најуспешни екипи во современата историја на европските клупски шаховски натпреварувања.
Дотогаш екипата на „Алкалоид“ ќе учествува на екипниот Шампионат на Македонија, од 11 до 17 август во Струга. Шампионскиот состав и оваа година е непроменет и ќе се бори за 7. последователна титула или вкупно ја брка својата 21. шампионска титула во 27. настап од 1992 година. Покрај најдобрите македонски шахисти, стандардни членови на клубот, ВМ Трајко Недев, ИМ Филип Панчевски, ВМ Звонко Станојоски, ИМ Дејан Стојановски, ВМ Драгољуб Јаќимовиќ и ВМ Влатко Богдановски, дел на екипата се и четворицата велемајстори од светскиот врв. Странските играчи во изминатите години повеќепати биле дел од составот на ШК „Алкалоид“ и на овој начин продолжува да се негува тимскиот дух на екипата, кој се покажува како исклучително значаен фактор во успешните настапи претходните години.
Дмитриј Јаковенко – член на Руската шаховска репрезентација; европски шампион за 2012 година; светски јуниорски првак до 18 години во 2001 година; првак на Европскиот екипен шампионат за 2007 година и носител на сребрен олимписки медал за 2012 година, двапати златен медал за индивидуален резултат на Олимпијада (2008 и 2012), трипати член на шампионска екипа на Европски клупски куп (2005, 2006, 2016). На ЕКК 2016 играше на четврта табла, при што освои 3,5 поени од 6 партии. На ЕКК 2017 играше на петтата табла и со 5,5 поени од 7 партии освои златен медал за индивидуален резултат.
Јуриј Криворучко – стандарден член на Украинската шаховска репрезентација која освои сребрен медал на Олимпијадата 2016 година; шампион на Украина за 2013 година и континуирано член на ШК „Алкалоид“ во последните 7 години. Секогаш максимално мотивиран кога настапува за екипата на „Алкалоид“, во 2015 година освои бронзен медал за индивидуален резултат на Европскиот клупски куп, во 2016 година освои 5 поени од 7 партии и повторно во 2017 година со 6 поени од 7 партии освои златен медал.
Дмитриј Андрејкин – светски јуниорски првак за 2010 година и шампион на Русија за 2012 година, трипати член на шампионска екипа на Европски клупски куп (2009, 2010, 2016), трипати (2008, 2012, 2015) златен медал за индивидуален резултат на Европски клупски куп. На ЕКК 2016 играше на втора/дел од партиите и на прва табла, при што освои значајни 4,5 поени од 7 партии, без пораз! Во 2017 година настапи на третата табла и со 5,5 поени (без пораз) од 7 партии освои златен медал.
Павел Елјанов – стандарден член на Украинската шаховска репрезентација, со која има освоено две олимписки злата и сребро во 2016; во 2015 година на Светскиот куп низ систем на меѓусебни елиминации од 128 учесници на стартот стигна до полуфинале, во кое беше поразен од победникот на турнирот, три =пати член на шампионска екипа на Европски клупски куп (2009, 2010 и 2016). Со својата сигурна игра, како еден од најуспешните, на ЕКК 2016 освои бронзен медал за индивидуален резултат на трета/делумно и втора табла (4,6 поени од 6 партии).
Како најсилен шаховски клуб во Македонија, ШК „Алкалоид“ останува и понатаму главен столб на македонските репрезентации, а очигледно и странските играчи на ист начин се дел и од своите државни репрезентации. Функционирајќи веќе 42 години под континуирано спонзорство на компанијата „Алкалоид“ АД Скопје, клубот важи за еден од најуспешните во Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс
По повеќе од еден месец откако беше пронајдена мртва во хотел во Сан Франциско, причината за смртта на 34-годишната Викторија Џонс, ќерка на познатиот актер Томи Ли Џонс, е објавена. Таа почина на 1 јануари, а причината за смртта е предозирање со кокаин.
Канцеларијата на главниот судски испитувач во Сан Франциско објави дека Викторија починала од „токсични ефекти на кокаинот“. Начинот на смртта беше опишан како „несреќен случај“.
Полицијата и пожарникарите во Сан Франциско реагираа во хотелот Фермонт во 2:52 часот наутро на 1 јануари по пријава за медицинска итна состојба. По пристигнувањето, ја пронајдоа починатата, чиј идентитет не беше официјално објавен во тоа време.
NBC Bay Area подоцна објави, повикувајќи се на полициски извор, дека станува збор за Викторија. Во аудио-снимка од повикот до кој дојде People, случајот е опишан како сомнително предозирање со видливи знаци на промена на бојата на кожата. Таквиот опис најчесто се однесува на цијаноза – состојба поврзана со ниски нивоа на кислород во крвта, што може да предизвика кожата, усните или ноктите да добијат синкава или виолетова боја, а често се поврзува со срцеви или белодробни нарушувања.
Семејството издаде соопштение за трагичната загуба денот по смртта, на 2 јануари. „Ги цениме сите љубезни зборови, мисли и молитви. Ве молиме почитувајте ја нашата приватност во ова тешко време. Ви благодариме“, рекоа тие во соопштението.
Викторија беше ќерка на Томи Ли Џонс и неговата поранешна сопруга Кимберли Клафли. Двојката има и 43-годишен син, Остин Џонс.
Викторија имала неколку помали улоги, вклучително и во филмови на кои работел нејзиниот татко. Таа се појави во филмот „Човек во црно II“, вестернот „Трите погреби на Мелкијадес Естрада“ и филмот од 2014 година „Домаќинот“. Таа исто така глумеше во филмот „Извинете, мразители“ и во епизода од „Еден рид на дрвјата“ во 2005 година.
Според судските записи, таа била уапсена најмалку двапати во изминатата година, од кои еден бил за поседување дрога.
Забава
(Видео) Најжешката бринета за промена ги покри градите: и повторно е совршена
Пејачката Никол Шерцингер (47) е најмногу во центарот на вниманието поради својот изглед, но и поради жешките фотографии од плажа што често ги објавува на социјалните мрежи.
Кога не е на плажа, таа е на црвениот тепих и повторно е најжешка и најубава. Со нејзиното појавување на Неделата на модата во Њујорк, Никол покажа дека голотијата не секогаш победува и дека елеганцијата може да го најде својот пат до совршенство.
Лелев син фустан во комбинација со црни салонки беше вистинскиот избор за убавата пејачка. Иако сме навикнати често да биде провокативна и да ги открива градите, овој пат сè беше спротивно.
Не видовме ниту трошка провокација од Никол Шерцингер, но бевме убедени дека елеганцијата ѝ стои повеќе од сè друго.
Меките бранови во косата и црвениот кармин го надополнија ова модно издание на прекрасната бринета која трпеливо позираше за собраните фотографи и уживаше во комплиментите.
Забава
Ако вашата коса изгледа безживотно во зима, веројатно ја правите оваа грешка
Оптимално е да ја миете косата два до три пати неделно и да избирате шампони збогатени со масла или хијалуронска киселина.
Откријте зошто вашата коса го губи сјајот и волуменот во зима. Дерматолозите откриваат честа грешка што ја прават многу жени и како да ја исправите за здрава, сјајна коса дури и во постудените месеци.
Зимата е тука, а со неа и сувиот воздух, ветерот и загреаните простори кои немилосрдно ја сушат вашата коса. Ако забележувате дека вашата коса го губи сјајот, изгледа безживотно или се крши побрзо од вообичаеното, не сте сами. Дерматолозите предупредуваат дека повеќето од нас несвесно прават една клучна грешка што ни ја уништува косата во овој период – но добрата вест е дека решението е едноставно.
Дерматолозите велат дека проблемот е неправилната хидратација и пречестото миење на косата.
Зошто косата го губи својот живот во зима
Зимата може да биде немилосрдна за вашата коса и е огромен предизвик за убава фризура.
Додека се обидувате да останете елегантни и стилски, вашата коса може да испраќа SOS сигнали – таа е безживотна, сува и склона кон кршење.
Дерматолозите истакнуваат дека најчестата грешка што ја правиме во овој период е занемарувањето на хидратацијата на косата.
Пречесто миење на косата
Иако хигиената е важна, во зима многу жени погрешно веруваат дека почестото миење помага во борбата против мрснотијата или непријатните мириси на косата.
Дерматологот д-р Ана Петровиќ објаснува: „Топлата вода и шампоните со силни сурфактанти можат да ги отстранат природните масла од скалпот, оставајќи ја косата сува и кршлива. Оптимално е да ја миете косата два до три пати неделно и да избирате шампони збогатени со масла или хијалуронска киселина.“
Заборавате на третманот со маски и масла
Хидратантните маски и масла се зимски задолжителни работи. „Маските за коса и серумите богати со липиди го обновуваат заштитниот слој на косата и го враќаат нејзиниот природен сјај“, советува д-р Петровиќ.
Особено се препорачуваат масла како што се арган, јојоба или маслиново, кои можат да се користат и на краевите на косата помеѓу миењата.
Во зима, косата често е незаштитена од надворешни фактори
Капата не е само моден додаток. Сувиот воздух и студениот ветер можат да предизвикаат хаос во косата. Дерматолозите препорачуваат носење свилени или памучни шалови околу вратот и користење благи заштитни спрејови пред да излезете надвор.
Преинтензивното топлотно стилизирање
Пеглите и феновите дополнително ја сушат косата. Доколку веќе користите топлински алатки, задолжително нанесете термозаштитен спреј пред нанесување и ограничете го стилизирањето на неколку пати неделно.
Безживотната коса во зима не е неизбежна – клучот е во грижата што ја враќа влажноста, штити и обновува. Прилагодете ја вашата рутина, посветете се на маски и масла, и вашата коса повторно ќе заблеска. Како што нагласуваат дерматолозите, зимата не е време за драстични експерименти, туку за љубов и внимание кон скалпот и секое влакно.
фото/Depositphotos

