Забава
Шон Пен им се придружи на украинските бегалци пеш кон Полска
Неколку дена по пристигнувањето во украинскиот главен град Киев со цел да снима документарен филм за инвазијата на Русија, холивудскиот актер и режисер Шон Пен се најде меѓу илјадниците бегалци што бегаат во Полска придружувајќи им се пеш, објави „Ројтерс“.
Пен (61) во понеделникот објави фотографија на својот твитер-профил, на која се гледа како носи ранец и багаж на тркала додека се движи по патот покрај колона автомобили што се протега во далечината.
„Јас и двајцата колеги пешачевме со коломерти до полската граница откако го оставивме нашиот автомобил покрај патот“, пишува Пен во описот на фотографијата. „Речиси сите автомобили на оваа фотографија носат само жени и деца, повеќето без никаков багаж, автомобилот им е единствената вредност“.
Твитот не објаснува зошто актерот оскаровец и неговите придружници биле принудени да го напуштат своето возило.
Неговата портпаролка во Лос Анџелес, Мери Буксбаум, во вторникот преку е-пошта изјави за „Ројтерс“ дека Пен безбедно успеал да излезе од Украина. Таа одби да одговори на други прашања за тоа каде се наоѓа или околностите на неговото заминување од Украина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Полицијата ја истражува смртта на Метју Пери, се обидуваат да откријат кој му го дал кетаминот
Актерот Метју Пери почина во октомври минатата година, а неговата смрт е под истрага. Портпаролот на судскиот вештак во Лос Анџелес изјави дека Пери починал од консумирање кетамин и давење.
Полициската управа во Лос Анџелес и Управата за борба против дрога ја истражуваат смртта бидејќи сè уште е отворено прашање – кој му дал на Метју кетамин.
Истрагата трае со месеци, а клучните личности од Холивуд се сослушани, изјави извор за TMZ.
Тие рекоа дека на оние на кои им пристапиле инспекторите биле „познати дека имале историја на употреба или злоупотреба на дрога“.
Изворот рече дека интервјуираните „не се нужно вистинските добавувачи на кетамин“, но се верува дека имаат информации што би можеле да доведат до изворот или до лицето кое му дало на актерот кетамин.
Засега никој не е уапсен.
Неговата поранешна девојка Кајти Едвардс пред два месеци побарала полицијата повторно да ја отвори истрагата бидејќи верува дека медицински персонал му давал лекови. Таа вели дека во екот на неговата зависност, актерот имал медицинска сестра која му носела лекови.
Забава
Салма Хајек и нејзиниот сопруг ги привлекоа погледите во Кан
Салма Хајек и оваа година не го пропушти Кан.
Актерката на филмскиот фестивал пристигна со сопругот и францускиот бизнисмен Франсоа Анри Пино, а парот се гушкаше и позираше пред фотографите и не ја симнуваше насмевката од своите лица.
Салма Хајек е 15 години во среќен брак со Франсоа-Анри Пино, а по повод нивната годишнина објави досега невидени фотографии од нејзината венчавка во април 2009 година, која се одржа во Венеција.
Забава
Принцот Вилијам за прв пат беше на забава без Кејт
Принцот Вилијам беше домаќин на традиционалната забава одржана во градините на Бакингемската палата овој вторник, а фотографите го фатија во добро расположение.
Вилијам на забавата присуствувал без сопругата Кејт која се опоравува од рак, а на забавата ја задржал насмевката на лицето. Како и Кејт, и кралот Чарлс се лекува од рак и не присуствуваше на забавата.
Кејт последен пат беше видена во јавноста минатиот Божиќ, а нејзиното ненадејно исчезнување од јавноста, како и тајноста околу нејзината здравствена состојба, ја вознемири јавноста.
Во март таа објави дека има рак, а оттогаш принцот Вилијам сам ги извршува кралските должности.