Забава
Шоуата мора да продолжат: Музикалите на Лојд Вебер ќе се емитуваат бесплатно

Фановите на музичкиот театар принудени да останат дома поради пандемијата на коронавирус ќе можат да гледаат неколку од најпопуларните дела на британскопт композитор Ендрју Лојд Вебер бесплатно на Јутјуб секоја недела.
Серијата музикли, насловена The Shows Must Go On! („Шоуaтa мора да продолжaт!“), ќе започне во петок со филмска верзија од 2000 година на Веберовата „Јосип и дречливите бои на неговите сништа“ (Joseph and the Amazing Technicolor Dreamcoat) во кој глумат Дони Осмонд и Џоан Колинс. Ќе биде достапен 48 часа од 18:00 часот (GMТ временска зона).
Иако програмата ќе оди бесплатно на Јутјуб, луѓето ќе бидат охрабрувани да донираат во различни добротворни цели кои ќе бидат посочени на секое видео.
Лојд Вебер светската слава ја постигна со прочуениот мјузикл „Мачки“, кој е еден од најдолго играните мјузикли, на лондонската сцена е изведуван 21 година, а на Бродвеј 18 години.
Тој основаше фондација за помош на уметниците и за развој на уметности. Посебен придонес даде во 2010 година, кога на една аукција продаде слика од Пабло Пикасо од својата приватна колекција, а приходот од 37 милиони фунти го пренасочи за понатамошна работа на својата фондација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Сопругот на Камерон Дијаз: Се плашам од неа, понекогаш е навистина страшна

Бенџи Маден, фронтменот на бендот „Гуд Шарлот“, даде еден од ретките коментари за бракот со Камерон Дијаз.
Во подкастот „Буквално!“ чиј домаќин беше Роб Лоу, тој призна дека понекогаш се плаши од својата сопруга, но вели дека тоа е од најдобри причини.
„Таа е кралица. И се спротивставувте? Со среќа. Воопшто не сакам да се мешам во тоа“, рекол тој.
Роб, кој е оженет со Шерил Беркоф, се согласи со Бенџи, велејќи дека не би се закачал со ниту една од нив.
Братот на Бенџи, Џоел, чија сопруга е актерката Никол Ричи, исто така учествуваше во подкастот.
„Ја почитувам и истовремено се плашам од неа“, продолжи Џоел за својата поубава половина.
Бенџи и Дијаз се запознаа во 2014 година. По осум месеци врска, парот се венча во јануари 2015 година. На почетокот на 2020 година, тие станаа родители на девојчето Редикс, кое се роди преку сурогат мајка. Во март 2024 година, тие го добија синот, Кардинал.
Иако и двајцата обично го држат својот брак подалеку од очите на јавноста, Дијаз го коментираше својот сопруг пред две години.
Забава
Елтон Џон се пожали: „Немам голема куќа, па чувам 15.000 очила во складиште“

Легендарниот музичар Елтон Џон е познат по своите очила колку и по неговите огромни хитови. Сега тој откри дека неговата колекција на очила е толку голема што дури и неговата мега палата во Виндзор не е доволно голема за да ги складира сите.
Елтон во средата вечерта настапуваше со Бренди Карлајл на лондонскиот Паладиум, а во таа прилика му беа поставувани различни прашања – од оние за неговата кариера до неговите скриени хоби.
На прашањето на канадскиот актер Ден Леви колку очила има, Елтон одговори: „Не знам навистина. Ги чуваме во складиште затоа што немам толку голема куќа, но би рекол, претпоставувам меѓу 10.000 и 15.000 илјади.
Тоа насмеа многумина, а Бренди додаде: „Сега не се чувствувам лошо за мојата колекција на чевли“.
Инаку, замокот на Елтон Џон во Стариот Виндзор е на само 10 минути возење од замокот Виндзор и се наоѓа на 37 хектари земја. Големата куќа била изградена во 1500-тите за хирургот на кралот Хенри VIII, специјално поставена на повидок од замокот Виндзор, така што доколку се подигне знаме од дворот, лекарот може да го види и да притрча на помош на кралот.
Реновирана во 1989 година, вилата има осум спални соби, пет соби за гости, соба за билијард, па дури и терен за сквош. Ја купил во 1974 година за 480.000 евра, што е еквивалентно на 6,2 милиони евра денес, а тоа е само една од многуте куќи во сопственост на поп ѕвездата.
Елтон поседува и две куќи во Беверли Хилс и разни куќи за одмор низ Европа. Но, неговата палата во Вудсајд – во близина на местото каде што живеела неговата сестра – е негова гордост и радост.
Во текот на целата вечер, Елтон и Бренди добиваа голем број видео пораки од бројни обожаватели и колеги, меѓу кои и Ед Ширан и Дуа Липа.
Забава
Најсебичните хороскопски знаци

Иако секој од време на време се става себе си на прво место, некои хороскопски знаци го прават тоа многу почесто – до тој степен што другите може да ги доживуваат како себични.
Според астрологијата, луѓето родени во овие знаци често се фокусираат на сопствените потреби, желби и цели, па во врските понекогаш го занемаруваат тоа како се чувствуваат другите. Нивното однесување не е секогаш намерно штетно, но емпатијата често не им е силнa страна.
Овен
Родените во знакот Овен се познати по својот натпреварувачки дух и силна волја. Тие се брзи, импулсивни и често реагираат без да размислуваат за туѓите емоции. Кога сакаат нешто, тие одат по тоа без оглед на препреките – и без многу да внимаваат на чувствата на луѓето околу нив. Овните се водени од потребата да бидат први и најдобри, што ги прави одлични во акција, но и склони кон себично однесување кога нивните интереси се во прашање.
Лав
Лавовите сакаат внимание, пофалби и признанија, а понекогаш им е тешко да видат надвор од нивните потреби. Иако можат да бидат дарежливи, нивната желба да бидат во центарот на вниманието често ги доведува до однесување кое другите го доживуваат како егоцентрично. Кога не се чувствуваат доволно ценети, тие можат да станат драматични и да бараат, заборавајќи дека и другите имаат потреби и чувства.
Близнаци
Близнаците се шармантни и духовити, но поради својата природа често се однесуваат себично, особено кога станува збор за преземање одговорност. Тие можат брзо да се предомислат, лесно да заборават на ветувањата и да се повлечат кога ситуацијата станува емоционално напорна. Нивната потреба за постојана возбуда и разновидност често ги наведува да го следат само она што им одговара во моментот, без оглед на туѓите очекувања.