Забава
Ѕвездите во паника по хакерскиот напад: меѓу жртвите се Бекам, Алек Болдвин, Том Хенкс и Тамара Еклстоун

Руска хакерска група, наводно, добила пристап до лични податоци на филмски ѕвезди, светски лидери и милијардери со хакирање на ексклузивната лондонска златарница, компанијата за накит „Граф“.
Десетици личности од т.н. А-листа беа цел на масовните хакерски напади. Хакерите објавија голем број чувствителни податоци кои се однесуваат на Опра Винфри, Доналд Трамп, Дејвид Бекам и многу други.
Хакерите тврдат дека ова е само мал дел од податоците, фајловите и датотеките кои вклучуваат списоци на различни клиенти, банкарски сметки, меѓу кои има и сметки за подароци за љубовници.
Зад нападите стои озлогласената руска хакерска банда „Конти“, а сега бара десетици милиони фунти за да се запре објавувањето на податоците, пишува „Дејли мејл“.
Експертите тврдат дека ќе бараат пари во валута што не може да се следи, па дури и скапоцености и накит.
Меѓу жртвите има дури 600 Британци, меѓу кои Тамара Еклстоун – наследничката на Формула 1, фудбалските ѕвезди Френк Лампард и Дејвид Бекам, тајкунот милијардер сер Филип Грин… а меѓу Американците се поранешниот претседател Доналд Трамп, актерите Семјуел Л. Џексон, Том Хенкс, Алек Болдвин, ТВ-водителката Опра Винфри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Хејли Бибер дојде на Мет Гала без Џастин, ја нарекоа „најтажната жена на вечерта“

На овогодинешната Мет Гала во Њујорк, која повторно ги собра најголемите ѕвезди од модната, музичката и филмската сцена, вниманието на јавноста особено го привлече Хејли Бибер (28), која се појави сама.
Познатата манекенка и претприемачка за прв пат по четири години прошета по црвениот тепих без својот сопруг Џастин Бибер (31).
Нивното последно заедничко појавување на Мет Гала во 2021 година беше запаметено по еден непријатен инцидент – публиката го скандираше името на поранешната девојка на Џастин, Селена Гомез.
Модниот избор на Хејли оваа година вклучуваше софистицирана мини сако фустан од Сен Лоран. Иако изгледаше смирена и самоуверена, многумина забележаа резервиран израз на нејзиното лице и забележаа дека нејзиниот изглед е тивок и некако оддалечен.
На социјалните мрежи, некои дури ја нарекоа и „најтажната жена“ на вечерта.
Во исто време додека Хејли позираше на гламурозниот тепих, Џастин престојуваше во Лос Анџелес, од каде што објави видео на својот Инстаграм профил како лежерно гледа хокеарски натпревар.
Забава
Дејвид Бекам му испрати порака на синот Бруклин кој не дојде на неговата роденденска забава

Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам се огласи по раскошната прослава за неговиот 50-ти роденден. Единствениот член на семејството кој не присуствуваше на забавата беше неговиот најстар син Бруклин, на кого Дејвид сега му испрати порака.
Тој објави фотографија од Шкотска, каде што ловел риба со своите синови Ромео и Круз. Тој го тагна и профилот на Бруклин и напиша: „Ни недостигаше“.
Иако не го спомена својот роденден, многумина веруваат дека мислел на фактот дека Бруклин не бил на забавата.
Поранешниот фудбалер организираше голема забава за својот роденден во лондонскиот ресторан „Кор“. Сопругата на Дејвид, Викторија, исто така беше на забавата со нивните синови Ромео и Круз и ќерката Харпер, но нивниот најстар син Бруклин наводно не бил таму, како ни неговата сопруга Никол Пелц.
Пред какви било шпекулации за заладени односи, Бруклин беше познат како горд постар брат.
Забава
(Фото) Никол Кидман изненади со нова фризура на Мет Гала

Никол Кидман (57) привлече големо внимание на црвениот тепих на Мет Гала 2025 година, каде што за прв пат покажа новата „пикси“ фризура.
Иако оваа кратка фризура доста го промени нејзиниот изглед, веројатно е привремена промена бидејќи добитничката на Оскар е позната по тоа што носи перики во речиси секој проект.
Заедно со фризурата, Никол носеше црн, по мерка изработен фустан без прерамки од Balenciaga Couture во чест на познатата пејачка и актерка Ерта Кит. Луксузниот фустан е инспириран од модел од колекцијата на Balenciaga од 1952 година и за негова изработка биле потребни 700 часа.