Забава
Јадењето доцна навечер е штетно за срцето
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/09/jadenje.jpg)
Во споредба со оброците што ги јадеме во текот на денот, намирниците што ги внесуваме доцна навечер може да предизвикаат повеќе болести, а особено болести на срцето.
Медицинското училиште „Перелман“ при Универзитетот во Пенсилванија неодамна спроведе истражување кое ја докажа штетноста на „ноќните оброци“ за нашиот организам.
„Во споредба со оброците што ги консумираме во текот на денот, намирниците што ги внесуваме навечер се многу штетни за нашето здравје“, рекол еден од авторите на истражувањето, докторот Намни Голе.
Освен тоа што храната што ја внесуваме во доцните вечерни часови гарантирано ќе придонесе да ја покачиме нашата телесна тежина, исто така, го зголемува нивото на инсулин и холестерол во крвта.
На тој начин, оваа навика негативно влијае како на метаболизмот, така и на хормоналните маркери, се истакнува во истражувањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Забава
Дневен хороскоп: Биковите ќе покажат емоции, а јарците ги чекаат добри вести
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/04/Horoskop-Mesec.jpg)
Овен
Во текот на денешниот ден започнете повеќе деловни врски за да можете да ги завршите сите работи поврзани со работата. Љубовната ситуација е премногу напорна бидејќи очекувате премногу од партнерот. Здравјето е стабилно.
Бик
Месечината го активира вашето поле на комуникација и во текот на денот ќе бидете посветени на се што е поврзано со односите со пријателите. Личност под знакот Овен веќе неколку дена ви испраќа убави зборови и пофалби. Можно е да покажат некои емоции.
Близнаци
Самиот почеток на денот ќе биде под влијание на проблеми во куќата. Обидете се да ги решите работите што е можно поскоро бидејќи проблемот може да се зголеми во наредните денови. Проблем со грбот.
Рак
До крајот на денот поволни вести од личност под знакот Овен. Тоа е нешто за работата со кое не сте се занимавале досега. Обидете се да се посветите на се што сте планирале порано. Здравјето е одлично.
Лав
Венера во Лав ви дава чувство на стабилност и сигурност. Во следните неколку дена ќе бидете под силно влијание на личност под знакот на Водолија која ви дава чувство на стабилност. Деловната ситуација е многу комплицирана.
Девица
Тврдоглави сте кога се во прашање врските на работа. Љубовната ситуација е многу комплицирана поради вашата потреба да се посветите на се до крај. Тоа може да биде многу негативно искуство бидејќи другите можат да се вклучат.
Вага
Во следните неколку дена ќе бидете под силно влијание на личност под знакот Јарец. Ова е личност која ве инспирира во бизнисот, но може да биде и голема пречка. Добро размислете што зборувате и кои се вашите планови.
Шкорпија
Самиот почеток на денот е многу незгоден, бидејќи ќе бидете многу емотивно вознемирени. Тоа најмногу се однесува на вашите проблеми во љубовта кои веќе некое време не сте во можност да ги решите. Пазете се од настинки.
Стрелец
До крајот на овој ден ќе имате можност да изберете дали повеќе ќе се посветите на работата или на кариерата. Доколку сте посветени на кариерата, треба да направите многу добар план во следните неколку дена.
Јарец
До крајот на денот поволни вести од личност Овен која е многу влијателна во бизнисот. Од таа личност можете да добиете многу позитивни работи во однос на деловните активности.
Водолија
Ова е совршен ден да се посветите на семејните односи, особено кога се во прашање парите. Во следните неколку дена ќе доцните со вашите реакции во однос на партнерот и неговата нерасположение. Не е се до него.
Риби
Во следните неколку дена ќе бидете силно импресионирани од деловните активности кои веќе сте ги започнале. До крајот на неделата очекувајте многу нови работи поврзани со работната и деловната соработка со странство.
Забава
Илјадници гости и стотици шатори стигнаа на „Д Фестивал“ во Дојран – најавена богата музичка програма на првиот фестивалски ден
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/д-фестивал.jpg)
Денеска е првиот фестивалски ден од четиринаесетото издание на Д Фестивал.
Вчера во 17 часот на пладне беше отворен фестивалскиот камп за сите посетители чијшто број достигна до повеќе од неколку илјади со наредени повеќе од стотици шатори.
„Програмата и активности се веќе во тек, извежбавме утринска јога, Таи Чи Чуан, играме друштвени игри со ,,Гоблин‘‘, Д Базарот, беребрницата, Tattoo студиото и сите други Д Другари се веќе во акција! 72 часовната забава може да започне!“, велат организаторите на настанот.
Вечерва главната бина TOGETHER X ја отвораат најдобрата хрватска хип – хоп атракција – Elemental, потоа за прв пат на Д Фестивал ни доаѓа големата пејачка од Мали – Fatoumata Diawara, фаворитете на ланската Евровизија – Joker Out, а за крај техно ѕвездите Deborah De Luca i Sama’ Abdulhadi. Младиот македонски колектив – OVC Kolektiv со целовечерна журка на Lake Awake бината.
Забава
Фестивалот Златни денови Кратово 2024 почнува следниот петок
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/thumbnail_IZVEDUVACI.2-06.jpg)
Од следниот петок (05.07.2024) почнува фестивалот Златни денови во Кратово.
Во духот на добрата забава и традицијата, „Златни денови Кратово 2024“ одново ќе ја докаже посветеноста и лојалноста кон публиката, благодарение на одличната музичка програма.
Првата фестивалска вечер е во петок (05.07.2024) и градот ќе заживее во ритамот на најубавата македонска музика, благодарение на сите реномирани музички уметници кои ќе настапат. Честа за остварање на фестивалот ја имаат Кратовски тамбураши, а забавата ќе продолжи со Трио Тајфа, Распеани кичевчани, мераклиите од Мерак меана, односно Блага Петреска, Влатко Миладиноски, Дамјан Стојаноски, Благоја Грујовски, Кате Брезева Соната, Златко Миладиноски, Елена и Лазар Наумови. Веднаш потоа публиката ќе има можност да се забавува на настапот на Brass Brothers и Диџеј.
Во текот на фестивалот, домаќин ќе биде Лила Филиповска.
Во сабота (06.07.2024) први настапуваат Б.А.Д, локален рок бенд, а атмосферата дополнително ќе ја загреат Ana & The Girls. Ѕвезда на вечерта ќе биде една од најголемите балкански ѕвезди Данијела Мартиновиќ, која ќе обезбеди одлична забава и ќе приреди незаборавно фестивалско искуство за целата публика. ЗЛАТНИ ДЕНОВИ КРАТОВО 2024 ќе заврши со Диџеј Жак и со настапот на еден од најактуелните и најпопуларни музички артисти Пајак.