Забава
Ја прогласија за најсекси жена на светот, а најмногу мрази кога ја опишуваат како „плус сајз“
Ешли Грем е најсексапилната жена на светот во 2023 година, според магазинот „Максим“.
„Максим“ традиционално ја објавува својата годишна листа Hot-100 најуспешни и најубави жени во индустријата за забава, спортот и поп-културата. Годинава, на врвот ја ставија Ешли Греам, едно од најпознатите имиња во движењето „плус сајз“.
Како една од причините зошто „плус сајз“ моделот се најде на врвот на листата Hot-100, како што наведуваат од магазинот, е дека таа е претставник на движење што ги потсетува луѓето да се прифатат себеси такви какви што се.

35-годишната манекенка неодамна беше предмет на контроверзии по церемонијата на доделување „Оскари“ за нејзиното незгодно интервју со Хју Грант. Таа го интервјуира нерасположениот актер на црвениот тепих, а тој не се обиде да скрие колку не му се допаѓа тој разговор. „Знаете што, мајка ми ми рече да ги убивам луѓето со љубезност, па ете“, коментира Греам за ТМЗ во интервјуто што налути многу гледачи и корисници на социјалните мрежи, кои сметаа дека актерот бил груб кон неа.
Која е Ешли Греам? Убавицата што беше откриена на 12-годишна возраст во трговски центар има многу успешна кариера. Таа соработува со светски познати брендови, повеќе од 20 милиони луѓе ја следат на „Инстаграм“, а многу жени во светот наоѓаат инспирација во неа бидејќи нејзините облини го сменија начинот на кој се гледа женското тело.
Таа често споделува природни фотографии без никакво разубавување или филтри за да ја истакне природната убавина и гордо ги покажува своите стрии и целулитот. Ешли напиша и инспиративна книга „Како навистина изгледаат самодовербата, убавината и моќта“.
Влезе во историјата како првиот модел со облини што се појавил на наслоите странвници на „Вог“ и „Спортс илустрејтед“. Потоа нејзината кариера напредуваше и таа продолжи да позира за најпознатите модни списанија „Вог“ „Ел“ и „Харпер базар“, а настапуваше на ревии за Мајкл Корс, „Долче и Габана“, „Ејч енд ем“ и други.

Во една пригода го откри својот рецепт за успех: „Кога престанав да се споредувам со другите жени и да се натпреварувам со нив, тогаш почнав да се фокусирам на она што го работам и на мојата кариера. И – бум. Почнав да се надминувам себеси. Кариерата напредуваше, можев да добијам сè што сакав“, рече таа.

Позира гола по раѓањето на близнаците – го привлече вниманието и во 2021 година кога роди близнаци и гордо позира гола и објави природна фотографија без филтри. „Еј, ново стомаче. Поминавме низ многу нешта заедно. Ти благодарам“, напиша таа во описот на објавата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

