Забава
Јоко Оно покрена тужба против поранешен асистент на Џон Ленон
Јоко Оно го тужи поранешниот личен асистент на нејзиниот покоен сопруг Џон Ленон, тврдејќи дека тој повторно се обидел да профитира од нејзиното семејство и покрај тоа што претходно се согласил да не дава никакви интервјуа за работењето со легендата на „Битлси“.
Според порталот „ТМЗ“, Оно (87) поднела нова тужба против Фредерик Симен – кој работел за Ленон 18 месеци до неговата смрт во 1980 година – бидејќи смета дека тој прекршил претходна судска наредба што го спречува да дава интервјуа за музичката икона.

Оно тврди дека Симен на 10 септември дал 23-минутно интервју на кое говорел за животот на Ленон и околу него биле изложени сувенири на пејачот, што е спротивно на договорот од 2002 година кој го обврзува да остане тивок за неговиот краток работен однос со семејството Ленон.
Оно бара 150.000 долари заедно со друга отштета, во обид да го натера Симен да се воздржи од понатамошно профитирање од Ленон.
Деценискиот правен спор меѓу двајцата почна во 1983 година, кога Симен му призна на окружниот правобранител на Менхетен дека има земено приватни фотографии, писма и журнали од резиденцијата на Ленон во Менхетен.
Оно беше принудена повторно да преземе правни дејствија кон крајот на деведесеттите, кога Симен се појави како експерт за детството и адолесцентниот живот на Ленон во програмата Family channel нa „Фокс“, каде што покажа фотографии за кои Оно тврдеше дека ги украл.
Во 2002 година, Оно ја реши тужбата со Симен, кој се согласи да се откаже од авторско право на стотици семејни фотографии од семејството Ленон и да биде обврзан со договор за доверливост што го потпиша уште во 1979 година.
Во тоа време, Симен, наводно, се согласил да се воздржи од давање интервјуа за неговата работа како личен асистент на Ленон, за време на последните месеци од неговиот живот, пред да биде убиен во 1980 година.
Во најновата тужба Оно тврди дека Симен дал интервју на 10 септември, повторно говорејќи уште еднаш за периодот кога работел со музичката икона, за убиството, и за неговата книга „Последните денови на Џон Ленон“ од 1991 година.
![]()
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Заборавените предмети добиваат нов живот: Еко-свест организира Еко трампа „На ти го, дај ми го“
Организацијата Еко-свест ја најавува следната Еко трампа под мотото „На ти го, дај ми го“, која ќе се одржи на 14 февруари (сабота) во Бистро Комедија, од 12 до 15 часот.
Во свет во кој доминира брзата потрошувачка, овој настан им нуди на граѓаните алтернативен и свесен начин на размислување. Наместо купување нови производи, Еко трампата поттикнува кружна економија и заедница базирана на споделување и грижа за околината.
Зошто да бидете дел од Еко трампата? Настанот е дизајниран за секој кој сака да направи позитивна промена. Учесниците ќе имаат можност:
● Да го победат конзумеризмот: Наместо трошење пари, се користи размена.
● Да го растеретат домот: Ослободете се од предмети кои долго не сте ги користеле.
● Да израдуваат некој друг: Вашиот стар предмет може да биде нечие ново „богатство“.
● Да се поврзат: Запознајте истомисленици кои се грижат за одржлива иднина.
Како функционира процесот? Системот на размена е едноставен и фер:
1. Секој учесник може да донесе до 5 предмети (облека, книги, модни додатоци, ситни апарати и слично).
2. За секој донесен предмет се добива купон за размена.
3. Со купонот, учесникот избира „нов“ предмет од понудата донесена од другите учесници.
Како дополнителен мотив за дружење, секој учесник ќе добие бесплатно кафе, овозможувајќи простор за пријатен разговор и размена на идеи во опуштена атмосфера.
„Многу сум среќна што во мојот град има толку многу луѓе што ја препознаа целта на Еко-трампата. Покажавме дека убавата енергија и дружбата можат да се остварат преку добри одржливи еко практики избегнувајќи го конзумеризмот и отварајќи се за наша поубава иднина. Првата Еко-трампа ми ги надмина очекувањата, се надевам така ќе биде и со оваа“, вели Милијана Богданоска, правник за животна средина во Еко-свест.
Таа ги покани сите граѓани да се придружат, да ја негуваат културата на повторна употреба и заедно да направиме нешто добро за нашата планета и нашето општество.
Забава
(Видео) Хали Бери ја потврди веста за свршувачката: Подготвена е за четврти брак
Актерката Хали Бери откри дека се свршила за време на гостувањето во емисијата „The Tonight Show“ на Џими Фалон. Големото прашање го постави нејзиниот долгогодишен партнер, музичарот Ван Хант.
„Имаше одредена конфузија околу тоа дали тој ми предложил брак и дали јас го одбив“, рече 59-годишната актерка. „Не, тоа не е вистина. Не реков не. Само сè уште немаме закажано датум.“
По кратка пауза, фановите ширум светот добија јасен одговор – потврда!
„Но, секако дека се согласив да се омажам за него! Ми стави ‘прстен’ на раката“, рече таа хумористично.
Хали се мажеше три пати, а сега отворено проговори за тоа како се чувствувала по третиот развод.
„По третиот развод, луѓето почнаа да велат: Што не е во ред со неа? Таа е луда. Не може да задржи маж“, се присети актерката. „Затоа избегнував да давам интервјуа речиси десет години бидејќи ми здодеа истата приказна. Секогаш се сведуваше на: Кутрата Хали, повторно нема среќа во љубовта.“
Забава
(Видео) Толку мрачно, толку секси – Марго Роби повторно измамува воздишки
Марго Роби и Џејкоб Елорди продолжуваат да го промовираат филмот „Wuthering Heights“ во Лондон. За оваа пригода, тие донесоа беспрекорни креации кои зрачат со уникатен моден израз.
Треба да се напомене дека зачудувачката русокоса, сепак, беше ѕвезда на вечерта бидејќи нејзиниот фустан беше повеќе од само фустан.
Марго носеше фустан од турската дизајнерка Дилара Финдикоглу, која полека, но сигурно се прославува во модната индустрија. Нејзините парчиња претставуваат комбинација од темен гламур и винтиџ мода и се чини дека полека ги освојуваат жените низ целиот свет.
Се чини дека Марго Роби веќе ги шармираше сите присутни на црвениот тепих.
Креацијата е украсена со корсет направен во викторијански стил, како и со проѕирна ткаенина.
Деталите беа исто така интересни, имено, рачно изработени зелени конци кои се протегаа по целата должина на фустанот, сè до вратот.
Фустанот ја нагласи нејзината завидна фигура, а што се однесува до остатокот од нејзиниот стајлинг, таа се одлучи за земјени тонови и пунџа што ги истакна нејзините природни црти на лицето.

