Забава
Љубовната приказна на кралицата и принцот Филип во слики, на годишнината од објавата на нивната свршувачка
Британски медиуми гледаат наназад во една од најромантичните кралски љубовни приказни на сите времиња.
Кога станува збор за љубовните приказни, приказната за принцезата Елизабета што се вљуби во војник, принцот Филип од Грција и Данска, е достојна за Дизниев филм. Оваа приказна се враќа во триесеттите години на минатиот век, се протега повеќе од 70 години, и така, Филип ќе биде запаметен како кралски сопружник со најдолг стаж во британската историја. Но, од каде започна сето тоа?

Првпат ѝ го привлече вниманието летото 1939 година кога принцезата Елизабета имаше само 13 години. Тој беше грчки принц пет години постар од неа и наскоро требаше да започне кариера во кралската морнарица. Елизабет и нејзината сестра Маргарет беа на патување со своите родители во Britannia Royal Naval Collegе. Тука на сцената влезе еден дрзок кадет, Филип. Убавиот „викиншки“ изглед на Филип – светла коса и сини очи – ја привлекоа Елизабета.
Некои од роднините на кралицата отворено зборуваа за љубовта на Елизабета кон Филип во тие рани денови. Меѓу нив беше и Маргарет Родос, братучетка на Елизабет, која во својата автобиографија напиша „Елизабета беше навистина вљубена од самиот почеток“.
Свршувачката се случи осум години подоцна, по војната, во 1947 година, со склучувањето брак во опатијата на Вестминстер во ноември истата година.
Елизабета тогаш не знаеше дека за само пет години, таа ќе се искачи на тронот и ќе положи заклетва како кралица Елизабета Втора.
И доколу необичната животна сторија се премота нанапред, сè до смртта на Филип на 9 април 2021 година, двојката беше во брак вкупно 74 години, со четири деца, осум внуци и 10 правнуци.
Рамо до рамо патуваа низ целиот свет, од Австралија до Америка, Африка и Индија, виорејќи го знамето на Комонвелтот на чело со нејзиното височество.
Двајцата беа целосно посветени на своите должности и служба и секогаш се имаа еден со друг со малку смеа да го олеснат товарот на јавниот живот.
Кралицата, принцезата Ана, војводата од Единбург и принцот Чарлс, 1951 година
Кралицата и војводата од Единбург, 1958 година

Кралицата и војводата Единбург, 1963 година
Војводата од Единбург, кралицата и принцот Едвард, 1964 година
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Темни кругови по празниците: 7 природни и брзи решенија за нивно отстранување
Новогодишните прослави честопати носат незаборавни моменти, но можат да остават и трага на нашиот изглед, особено во пределот околу очите.
Ако се разбудивте со уморни очи и темни кругови по забава, не грижете се, бидејќи имаме неколку ефикасни совети кои ќе ви помогнат да ја вратите свежината и сјајот на вашето лице.
Темните кругови се однесуваат на темни или подуени кругови под очите, кои често се предизвикани од проширени крвни садови, губење на волуменот на кожата или акумулација на течности во пределот околу очите. Исто така, заморот и недостатокот на сон сигурно влијаат на појавата на темните кругови, но постојат трикови кои можат да ја намалат нивната видливост и да постигнат свеж изглед по бурна ноќ на прослави.
7 совети за тоа како да се ослободите од темните кругови
Ако сакате да влезете во новата година со сјаен тен без темни кругови околу очите, еве што можете да направите дома.
Хидратација одвнатре
Првиот чекор за освежување на изгледот на вашето лице е правилна хидратација одвнатре. Многу е важно да внесете доволно количество вода во телото бидејќи помага во ревитализација на кожата и намалување на отокот. Можете исто така да додадете парчиња свежа краставица во водата, која има дополнителни антиоксидантни ефекти.
Ладни облоги
Ладните облоги се одличен начин за намалување на отокот и црвенилото околу очите. Можете да користите ладни кесички чај или парчиња краставица – студот ќе ги стесни крвните садови, ќе го намали отечениот изглед и ќе обезбеди моментално чувство на свежина.
Фластери за очи
Овој сè попопуларен производ за нега на кожата ќе ви биде корисен по новогодишната прослава бидејќи придонесува за посветол и помазен изглед на кожата под очите за кратко време.
Креми за очи со кофеин
Кофеинот привремено ги стеснува крвните садови, намалувајќи ги отокот и темните кругови. Покрај тоа, ја стимулира циркулацијата, правејќи ја кожата посвежа и поодморена, а исто така делува како антиоксиданс кој ја штити кожата од оштетувања предизвикани од слободни радикали, УВ зрачење и стрес.
Спиење со малку подигната глава
Доколку е можно, спијте во положба во која главата е малку подигната. Ова спречува задржување на течности околу очите и го намалува отокот. Дополнителна перница може да помогне, а во комбинација со ладни облоги наутро, резултатот е загарантиран.
Намалете го внесот на сол и алкохол
Обрнете внимание на внесот на сол и алкохол, бидејќи двата фактори можат да придонесат за задржување на течности и оток. Умереното консумирање ќе направи голема разлика и ќе го олесни справувањето со темните кругови и уморниот изглед.
Лесна физичка активност
Нежно истегнување на вратот и рамената ќе биде доволно за да се стимулира циркулацијата, што ја прави кожата да изгледа подобро. Кратка прошетка на свеж, ладен воздух исто така може да помогне.
Забава
„Џенифер Анистон и Бред Пит од Тему“: актерката искритикувана поради копирање
Актерката Кејли Куоко се појави на доделувањето на наградите „Critics Choice“ со свршеникот Том Пелфри и предизвика мешани реакции на црвениот тепих.
Кејли одлучи да носи црно одело, инспирирана од Џенифер Анистон, која ја носеше истата комбинација во 2002 година на доделувањето на „Златните глобуси“. Популарната Рејчел беше модно усогласена со Бред Пит тогаш, а сега Кејли сакаше да го стори истото.
Исто како што напиша на Инстаграм, таа копирала сè од Џенифер, дури и нејзината коса и шминка.
„Сакам да го рекреирам иконскиот стил на Џенифер Анистон, жена која е мој модел во сè и која отсекогаш сум ја сакала“, напиша Кејли, меѓу другото.
Иако Кејли имаше најдобри намери, многумина го опишаа ова како неуспех и дека немала шанси да покаже што Џенифер успеала да направи со такво одело.
„Џенифер Анистон и Бред Пит од Тему“, беше еден од коментарите, малку суров, мора да се признае.
Забава
„Раскинувањето е најдоброто нешто што ти се случило“: познатата актерка ужива во сингл живот
Актерката Нина Добрев стана вистинска ѕвезда на социјалните мрежи дури по раскинувањето на свршувачката. Иако отсекогаш била привлечна со својот изглед, се чини дека не била толку активна или провокативна на социјалните мрежи сè додека не раскинала со Шон Вајт.
Ѕвездата на „Vampire Diaries“ објави серија фотографии од својот одмор, што претходно беше реткост да се најде на нејзиниот профил.
„Некои стари, некои нови пријатели, сега сите најдобри пријателки“, напиша таа во описот на објавата.
На почетокот, таа покажа неколку фустани кои ја истакнуваа нејзината фигура, а имаше и фотографии во бикини, само за да ја поттикне имагинацијата.
„Толку си згодна што ме боли главата“, „Ти одговара самечкиот живот“, „Раскинувањето е најдоброто нешто што ти се случило“, беа само некои од коментарите.
Нина Добрев и Шон Вајт беа во врска пет години и токму кога сите очекуваа венчавки, објавија дека раскинуваат. Очигледно, Нина сè уште сака да биде посветена на својата кариера и не е подготвена за семејство, додека Вајт има различни планови за иднината.

