Забава
Ќе се снима втора сезона на „Сквид гејм“, играчот 456 се враќа

Режисерот на „Сквид гејм“, дистописка јужнокорејска драма на „Нетфликс“, изрази уверување дека популарната ТВ-серија ќе се врати за втора сезона.
„Во преговори сме за сезона 2“, рече писателот режисер Хванг Донг Хјунг во интервју во понеделникот. „Сè е во мојата глава. Ги имам основната приказна и заплетот, сега сме во фаза на групни дискусии“.
„Тој ќе се врати, ќе се врати и ќе направи нешто за овој свет“, рече режисерот алудирајќи на главниот протагонист Сеонг Гихун (играчот 456), кого го глуми актерот Ли Јунгџе.
Хванг, Ли и другите вклучени во серијата, една од најголемите хитови на „Нетфликс“ досега, присуствуваа на специјалната холивудска проекција во понеделникот за да го прослават нејзиниот успех.
Серијата наиде на голема популарност веднаш по нејзината премиера привлекувајќи 111 милиони гледачи, според податоци на „Нетфликс“. „Сквид гејм“ е сторија за луѓе со натрупани долгови, кои се натпреваруваат во смртоносна игра за богатство.
Сето ова се смета за сурова аналогија на капиталистичкото општество.
Серијата, меѓу другото, инспирира костими за Ноќта на вештерките и тематски протести на глобалниот самит за климата во Глазгов, Шкотска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Брутално убиени познат рапер и неговата ќерка (5), во нив се испукани 20 куршуми

Познатиот тексашки рапер Џ.С. Лил Рони и неговата петгодишна ќерка Р`Mани се брутално убиени во автоперална. Трагедијата се случила среде бел ден додека раперот си го миел автомобилот, а нападот бил снимен на безбедносните камери.
Полицијата добила дојава за пукање околу 11 часот, но и покрај брзата интервенција на итната помош, таткото и ќерката биле пронајдени мртви. Според властите, двајца напаѓачи се приближиле до возило „Киа“ и отвориле оган без предупредување.
Властите во Тексас успеаја да уапсат еден од осомничените за убиството, човекот по име Робисон, кој ќе биде екстрадиран во округот Тарант каде ќе се соочи со две обвиненија за убиство. Меѓутоа, вториот осомничен Џејкоб Расел сѐ уште е во бегство, а полицијата интензивно трага по него.
Безбедносните камери снимија застрашувачки сцени – раперот Џеј Ес Лил Рони се обидува да избега, трчајќи преку паркинг, додека неговите напаѓачи го бркаат и пукаат во него. Видеото од убиството брзо се прошири на социјалните мрежи, шокирајќи ги неговите обожаватели и јавноста.
Неговото семејство, пријателите и обожавателите се уште се во неверување поради бруталното убиство. Тетката на убиениот рапер, Стела Хјустон, во изјава за локалниот огранок на „NBC“, „WCAU News“, не можеше да ги сокрие солзите додека зборуваше за својот внук.
„Тој беше добро момче. Не повреди никого. Зошто би го нанел? Зошто би пукал во бебе“, рекла таа низ солзи.
Соседите кои биле во близина во моментот на нападот изјавиле дека слушнале бучава и бројни истрели. Некои сведоци тврдат дека биле испукани дури 20 куршуми.
Посебно трогателен податок е тоа што малата Р’Мани го прослави својот петти роденден ден пред нападот, несвесна дека тоа ќе биде нејзиниот последен ден на среќа и радост.
Рони беше познато име во тексашкиот хип-хоп светот, со над 151.000 следбеници на „Instagram“, 19.000 претплатници на „YouTube“ и 40.000 слушатели на „Spotify“. Меѓу неговите најпознати песни се „Hoodfame Killuminati“, „Wops“, „Stay Out My Way“ и „Crash Pt 4“.
Забава
Хороскопски знаци кои се мајстори за манипулациja во врските

Некои хороскопски знаци точно знаат како да го натераат партнерот да го прави она што го сакаат – без кавга, викање или драма. Нивните методи се суптилни, но ефективни и дури подоцна ќе сфатите дека сте попуштиле. Еве три знаци кои се мајстори за манипулации во врските.
Шкорпија
Шкорпијата нема да ве нападне со зборови, но ќе ве погледне со тој интензивен поглед и ќе ве натера да се запрашате дали сте згрешиле. Нејзината тактика? Мистериозна дистанца што ве тера да се трудите уште повеќе – токму како што планирала.
Вага
Вагите не бараат ништо директно, но ќе направат да се чувствувате виновни доколку не го правите тоа што тие го сакаат. Длабоки воздишки, тажни погледи низ прозорецот и суптилни забелешки – пред да сфатите, ќе попуштите само за да ја избегнете атмосферата на разочарување.
Близнаци
Близнаците нема да ве молат, да се закануваат или да ви се нафрлаат – тие ќе ве убедат дека нивната идеја е всушност ваша. Нивната моќ лежи во нивните зборови и нивната неверојатна способност да го свртат секој аргумент во своја полза.
Забава
(Видео) Што прави Мет Лебланк по Пријатели: „Тој го живее сонот на секој маж“

Што би направиле ако имате проценета нето вредност од 80 милиони долари и би можеле да заработувате 20 милиони долари секоја година без да правите апсолутно ништо? Луѓето на интернет веруваат дека Мет Лебланк го нашол единствениот точен одговор на тоа прашање, откако вирално видео на „Тик-ток“ го прикажа неговиот живот и размислувањата по серијата „Пријатели“.
Неодамна некој состави компилација од неговите ТВ интервјуа од кои јасно се гледа дека после „Пријатели“ единствен приоритет му било да не прави – ништо.
Мет Лебланк (57) доби животна шанса во 1994 година кога ја доби улогата на Џои Трибиани во легендарната серија која траеше 10 сезони, до 2004 година.
Првично, актерите заработуваа 22.500 долари по епизода, но до третата сезона нивната плата скокна на 100.000 долари. До деветтата сезона, сите шест главни актери преговараа за рекордни 1 милион долари по епизода, тогаш најголемиот договор за ситком во историјата.
Имајќи предвид дека некои сезони имаа и до 25 епизоди, јасно е зошто станува збор за работа од соништата.
Сепак, профитот не застана тука. Во 2018 година, беше откриено дека главната актерска екипа сè уште заработувала околу 20 милиони долари годишно од репризите.
Кога повторно се собраа во 2021 година за специјална средба, секој од актерите доби 2,5 милиони долари само за 104-минутниот документарен филм.
Додека другите ја продолжија својата кариера, Мет реши да забави.
По завршувањето на Пријатели, повеќето од актерите останаа во центарот на вниманието. Џенифер Анистон ја продолжи својата филмска кариера и стана една од главните ѕвезди на хит серијата Утринско шоу на „Епл тв“. Дејвид Швимер, Кортни Кокс и Лиза Кудроу продолжија да работат на телевизија и филм, додека Метју Пери за жал почина во 2023 година.
И Мет првично се обиде да остане во актерскиот свет. Од 2004 до 2006 година ја сними спин-оф серијата Џои, а потоа се повлече од екранот пет години. Тој се врати дури во 2011 година со улога во серија, додека неговото последно појавување на ТВ беше во јуни 2020 година, кога беше откажан неговиот ситком „Човек со план“.
Ако се прашувате зошто Мет не работеше многу во последните години – тоа беше неговата намера од самиот почеток.
@outstandingscreenplays #MattLeBlanc loves to do Nothing 😅 #Joey #friends #screenwriting #screenwriter #screenplay #fyp #shorts #filmtok #author #writer #movies #films ♬ original sound – Outstanding Screenplays
Неодамна, некој на „Тик-ток“ состави компилација од неговите ТВ-интервјуа, во кои е јасно дека неговиот единствен приоритет по Пријатели бил да не прави ништо.
Во гостувањето на Конан О’Брајан во 2017 година, Мет отворено рече: „Мислам дека повеќе би сакал да не правам апсолутно ништо. Апсолутно ништо, нула“.
Тој објасни како за него изгледа идеален ден.
„Спиете колку сакате или станувате рано – ако сакате. Никој не ви кажува што да правите. Можеби одите во теретана, можеби не. Можеби пиете девет кафиња, можеби ниту едно“, се пошегува тој тогаш.
Слична изјава даде и во 2018 година во скандинавското ток-шоу Скавлан, каде рече дека од самиот почеток планирал да направи пауза од кариерата по „Пријатели“.
„Работев 10 години на „Пријатели“, а потоа две години на Џои, а потоа реков: „Ќе земам една година одмор“.
Таа една година се покажа како долг одмор, а Мет целосно уживаше во својата финансиска слобода.
Компилација од интервјуата на Мет стана вирална на „Тик-ток“, каде што е прегледана повеќе од 1,2 милиони пати, со илјадници лајкови и коментари. Многумина изразија восхит за неговиот „освежувачки“ поглед на богатството и неговата одлука да не ја брка славата.
„Ова е вистинскиот начин да уживате во богатството“, напиша еден корисник, додека друг додаде: „Мет Лебланк го живее сонот на секој маж“.