Забава
Џастин Бибер ќе објави нов албум на 19 март

Канадскиот поп-пејач се огласи на „Инстаграм“ во петокот (26 февруари) за да ја сподели насловницата за својот претстоен шести студиски запис за кој им откри на фановите дека ќе биде со наслов Justice („Правда“) и ќе биде достапен за три недели.
26-годишниот пејач напиша: Justice доаѓа на 19 март.
„Во време кога толку многу лоши нешта се случуваат на планетава, сите копнееме за исцелување и правда за човештвото. Во создавањето на овој албум мојата цел е да направам музика што ќе ви овозможи удобност, да направам песни со кои луѓето ќе може да се поврзат за да се чувствуваат помалку осамено. Страдањето, неправдата и болката може да направат луѓето да се чувствуваат беспомошно“.
„Музиката е одличен начин да се потсетуваме едни на други дека не сме сами. Музиката може да биде начин да се поврзете едни со други. Знам дека не можам едноставно да ја решам неправдата со правење музика. Но, сигурен сум дека ако сите дадеме свој придонес користејќи ги нашите дарби за да ѝ служиме на оваа планета, како и едни на други, ќе бидеме чекор поблиску до обединување“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Метју Меконахи откри зошто престанал да снима романтични комедии

Американскиот актер Метју Меконахи (55) откри зошто по долго време престанал да снима романтични комедии, и покрај големиот успех во жанрот.
Во интервју за „Гардијан“, Меконахи признава дека иако филмовите како „Планер на венчавки“, „Како да изгубиш дечко за 10 дена“ и „Духовите на поранешните девојки“ му донеле популарност, не се чувствувал исполнето.
„Бев добар во нешто што не го сакав“, вели тој.
По последната романтична комедија во 2009 година, решил да направи пауза и да чека посериозни улоги. Поддржан од сопругата Камила Алвес, одбивал понуди, иако, како што вели, неговите браќа постојано го прашувале „што не е во ред со него“.
По речиси две години чекање, Меконахи доживеа препород на кариерата – улоги во Вистински детектив, Интерстелар и Клуб на купувачи во Далас (за кој ја доби и Оскаровската статуетка) го вратија на мапата на сериозна драма. Тоа новоразвиено поглавје во неговата кариера критичарите го нарекоа McConaissance.
„Сакав работата да ми биде важна исто како и животот. Тоа ми требаше,“ вели актерот, кој додава дека одлуката да се повлече од романтичните комедии била ризична, но клучна за да ја пронајде новата страст во глумата.
Иако никогаш целосно не ги напуштил шармантните улоги, Меконахи денес вели: „Сега навистина се забавувам.“
Забава
(Фото) Кралицата на деколтеата го носи хит костимот за капење за крајот на летото

Сè попопуларната млада актерка Сидни Свини неодамна го прослави својот 28. роденден, а сега на социјалните мрежи покажа како изгледало сето тоа.
Сидни, која често е цел на коментари за нејзините прекрасни облини, направи кратко патување со своите пријатели за да го прослави еден од најважните денови во годината.
Секако, кога станува збор за неа и нејзините фотографии од костими за капење, јасно е дека следуваат низа позитивни коментари на социјалните мрежи. Таа позира во виралниот TA3 Hi Cut Sleeveless Surfy едноделен костим за капење, кој совршено ги истакнува нејзините облини.
View this post on Instagram
Овој модел чини помалку од 200 долари и стана омилен најмногу поради кројот како корсет и затоа што има патент што ви овозможува да го приспособите деколтето на градите.
Сидни позира во неколку други модели, имаше бел едноделен, но и златен бикини, а не се знае кое ѝ стоеше подобро.
„Мало патување на Марс“, напиша таа на шега во описот на објавата.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Најпознатата лото-девојка од поранешна Југославија поттикна озборувања дека е во врска со Стивен Сигал

Најпознатата лото-девојка од поранешна Југославија, Сузана Манчиќ, објави фотографија на „Инстаграм“, на која позира со холивудскиот актер Стивен Сигал поттикнувајќи озборувања за можна врска.
„Добра вечер, може ли да се фотографирам со вас? Ви благодарам многу“, напиша таа покрај фотографијата, обожавателите прашаа во коментарите дали е на повидок нова љубов, а некои ја искористија можноста да се пошегуваат.
View this post on Instagram
„Нова љубов“, „Добар пар“, „Прекрасна“, „Честитки, Сузи, толку сум љубоморна“, „Поприродно е тој да побара да се фотографира“ и „Стивен е толку згоден“, се некои од коментарите под објавата.
Стивен Сигал присуствуваше на воената парада „Моќта на единството 2025“ во Белград во саботата. Актерот, најпознат по своите улоги во акциони филмови во 80-тите и 90-тите, стана редовен гостин во Србија.
Сигал доби српско државјанство во 2016 година. Тој е близок со претседателот Вучиќ и со српската влада, а за време на посетите на Белград често го изразува своето восхитување од српската култура и традиција.
фото: принтскрин