Забава
Џенифер Анистон, Гвен Стефани и Пинк добија награди за икони
Жените владееја на шоуто на годинешната церемонија People’s Choice Awards, а Џенифер Анистон, Гвен Стефани и Пинк наградени се како икони.
Беа потребни повеќе од милијарда гласови од фановите за да се добијат победниците на церемонијата People’s Choice 2019, една од најголемите награди во САД. Главниот настан се одржа во Лос Анџелес во неделата вечерта.
Церемонијата, всушност, е американско шоу за награди, признанија за луѓето од светот на забавата, филмот, шоу-бизнисот… а се гласа преку интернет од страна на фановите и општата јавност.
Победници беа и Роберт Дауни Јуниор за најдобра машка филмска ѕвезда, и Зендаја, која освои награди за најдобра женска филмска ѕвезда и ТВ-драма ѕвезда.
Пинк беше почестена за својата филантропија. Таа е именувана како икона за работата во добротворни цели вклучувајќи ги кампањите „Планирано родителство“, „Аутизмот зборува“ и „Да нема гладно дете“.

Гвен Стефани ја доби наградата „Модна икона“. Во својот говор за наградата пејачката рече дека нејзиниот уникатен стил е дел од нејзиното наследство. „Мајка ми, баба ми, прабаба ми, сите шиеа облека“, рече таа.

Џенифер Анистон им оддаде почит на „Пријатели“ веднаш по врачувањето на наградата.
Говорот, што ја насмеа публиката од целиот свет, таа го почна со: „Ова секогаш беше посебно за мене затоа што како актери ние не го правиме ова за критичарите или едни за други или за да ги направиме нашите семејства горди. Ова го правиме за пари“.
„Се шегувам. Ние го правиме тоа за вас, луѓе. Сериозно, ние навистина го правиме тоа за вас. И никој од нас не може да го прави она што го правиме без сите вас. Сите вие бевте толку добри кон мене сите овие години,“ рече Анистон.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Генијален трик со кибрити ќе ја спаси секоја билка што вене
Ставањето кибрити во саксија можеби ви звучи како суеверие, но зад овој трик стои и наука. Со негова помош можете да одгледувате поздрави растенија кои побрзо ќе цветаат и ќе даваат плодови.
Доколку вашите билки и собни растенија не напредуваат, иако имаат доволно светлина и топлина, причината може да биде недостиг на есенцијални минерали во почвата или присуство на штетници.
Поставувањето кибрити во земјата околу растенијата во саксии создава средина што ги одбива штетниците, а истовремено ги „храни“ растенијата со неопходни минерали.
Кибритите содржат фосфорен сесквисулфид, калиум-хлорид и мали количини магнезиум и железни оксиди. Некои видови содржат и црвен фосфор.
Сулфурот во кибритите помага во борбата против штетници без употреба на хемикалии штетни за луѓето, додека калиум-хлоридот и црвениот фосфор делуваат како дезинфициенс и природен пестицид и се сметаат за безбедни за употреба, наведува „Ask Prepper“.
Често е тешко да се одреди точната количина ѓубриво за растенијата. Тие најдобро напредуваат со почести и помали дози, што бара редовна рутина.
Растенија како бамја, модар патлиџан и пиперки се особено зависни од хранливите материи во почвата, но и чувствителни на нивната рамнотежа. Прекумерна количина азот од хемиски ѓубрива може да доведе до буен раст на листови, но без цветови и плодови.
Користењето кибрити како природно ѓубриво ги елиминира овие проблеми. Со редовно наводнување, влагата постепено ги раствора главите на кибритите, ослободувајќи сулфур, фосфор и магнезиум, кои ги хранат растенијата.
Фосфорот и фосфорниот сесквисулфид го поттикнуваат развојот на пупки. Доволно е да забодете 10 до 20 кибрити во земјата, така што главите да бидат добро закопани. Најдобро е тие да се постават на половина растојание меѓу работ на саксијата и стеблото. Не ги ставајте премногу блиску до стеблото за да не го оштетите коренот.
pexels
Забава
Застани и погледни каде си: хороскоп за последните денови од 2025
Последните денови од 2025 година не носат големи ветувања, туку тивка, но силна порака – застанете и погледнете каде сте. Ова е период на затворање циклуси, внатрешни пресметки и свесно отпуштање на сè што ве исцрпува. Малите одлуки сега имаат долгорочно влијание.
Ова не е време за пасивно чекање, туку за активна лична одговорност, јасност и искреност кон себе.
Овен – Успорување и поставување граници. Помалку обврски значат повеќе енергија.
Бик – Вредности и пари. Крај на трошоци и односи што не ве почитуваат.
Близнаци – Комуникација. Искрен разговор носи олеснување.
Рак – Емоционален баланс. Учите да не ги носите туѓите грижи.
Лав – Идентитет. Престанувате да се докажувате – суштината останува.
Девица – Здравје и рутина. Мали промени носат брзи резултати.
Вага – Односи. Бирате мир и стабилност, не компромис по секоја цена.
Шкорпија – Контрола. Ослободувањето носи вистинска сила.
Стрелец – Насока. Ги преиспитувате целите и правите искрен избор.
Јарец – Одговорност кон себе. Балансот станува подеднакво важен како и обврските.
Водолија – Иднина и планови. Идеите сега стануваат темел за 2026.
Риби – Внатрешен глас. Интуицијата води – тишината носи одговори.
Забава
„Зooтопија 2“ стана најпрофитабилен холивудски филм за 2025 година
Вториот дел од приказната на неочекуваното дуо, „Зоотопија 2“, е официјално најпрофитабилниот холивудски филм за оваа година.
Анимираното продолжение на Дизни , преполно со животински ликови, веќе достигна импресивни 1,13 милијарди долари светски приходи само 20 дена по премиерата, победувајќи го римејкот на „Лило и бод“, кој заврши со 1,03 милијарди долари.
Сепак, надвор од Асоцијацијата на филмски уметници, кинескиот анимиран блокбастер „Не Жа 2“ останува најголемата заработка во 2025 година со огромни 1,9 милијарди долари.
depositphotos

