Забава
Џенифер Анистон прави бебешки чекори назад во јавниот живот

Sвездата на „Утринското шоу“ нема да присуствува на доделувањето на наградите „Еми“ в недела (19 септември) и покрај тоа што специјалната средба на „Пријателите“ доби четири номинации. Анистон уште се приспособува да биде повторно со други луѓе по неколку месеци карантин среде пандемија.
Во видеоразговор на „Џими Кимел лајф“ таа рече: „Не, нема да одам. Мислам дека Бен Винстон, нашиот продуцент и режисер, кој ја состави целата работа, ќе оди“.
„Ова е голем чекор за мене да бидам тука. Јас сега правам бебешки чекори“.
Во меѓувреме, 52-годишната актерка призна дека сака кога нејзиниот и ликот на Рис Витерспун во The Morning Show – Алекс Леви и Бредли Џексон – се расправаат бидејќи таа и Рис имаат одличен пријателски однос во реалниот живот.
„Секогаш е забавно да се расправаш со Рис затоа што таа не е таква во реалноста. Таа е толку слатка и зрачи со енергија, како сонце“, рече Џенифер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Бен Афлек проговори по видеото на кое синот му бара патики од 6.000 долари

Видео неодамна стана вирално на социјалните мрежи во кое синот на Бен Афлек бара од својот татко патики што чинат 6.000 долари. Актерот во ново интервју ги откри своите размислувања за желбата на својот син.
„Ете што се случува кога на синот ќе му речеш да коси трева. Одеднаш повеќе не ги сака тие патики. Му реков: Не ти требаат патики од неколку илјади долари. Тој ми одговори дека имаме пари, а јас му возвратив: Јас имам пари, ти немаш“, рече актерот во интервју за „Аксес Холивуд“.
„Вака се воспитуваат децата во милионерско домаќинство“, „Еден од ретките луѓе што изгледа разумно и пристапно“, „Бен одеднаш стана вистински бостонски татко“, „Сосема си во право“, „Тој ја кажува вистината, треба да ги научи децата на скромност“, коментираат обожавателите, воодушевени од неговата реакција.
Додека неговиот син Семјуел гледаше во патики, особено му го привлекоа вниманието едни чија цена достигнува шест илјади долари. Еден од присутните во видеото коментира дека актерот сигурно не бил воодушевен од идејата, на што Афлек даде едноставен, но ефикасен одговор: „Тоа се многу тревници за косење“.
Овој момент одекна кај обожавателите што отидоа на „Тик-ток“ за да го пофалат родителскиот пристап на Афлек.
„Тој вреди стотици милиони, а рече не. Нека ги заработи, добар татко“, напишал еден корисник. Друг додаде: „Секоја чест, така се воспитува дете“.
Афлек и неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер заедно одгледуваат три деца – Вајолет (19), Серафина (16) и Семјуел (13). Иако се разведоа во 2015 година по една деценија брак, останаа во добри односи и продолжуваат да соработуваат како родители.
Забава
Кога бил измислен првиот телефон, пронаоѓачот имал пропуштен повик од Чак Норис – легендарниот актер слави роденден

Легендарниот американски актер Чак Норис, кој стана симбол за непобедлив херој со натчовечки способности, денеска полни 85 години. Филмовите во кои тој глумеше во 70-тите, 80-тите и во 90-тите се движеа од умерено добри до понекогаш шокантно просечни, во кои тој обично играше ист тип на ликови.
И покрај тоа, Чак Норис стана вистински феномен за кого се споделуваат подвизи доведени до апсурдност, како и херој на многу анегдоти, кои можеби го прават уште попознат од неговите филмови. И иако тој повеќе не е на екранот, на интернет продолжуваат да кружат коментари за него, во кои непроменливо е претставен во ликот на суперхерој, способен да го направи и невозможното возможно.
Всушност, самиот Чак Норис редовно објавува шеги за своите наводни натчовечки способности на својата веб-страница или ги чита на глас во своето телевизиско шоу.
Да се потсетиме на некои од анегдотите за поранешниот светски шампион во карате:
Чак Норис го отвора фрижидерот и гледа дека пудингот се тресе. Тој вели: „Полека, тука сум на пиво!“
Чак Норис еднаш убил 37 терористи со 2 истрела. Првиот бил предупредување…
Кога бил измислен првиот телефон, пронаоѓачот имал пропуштен повик од Чак.
Кога бил измислен часовникот, Чак Норис бил 1 час пред времето.
Чак Норис користи каскадер само за сцените во кои неговиот лик плаче…
Чак Норис е единствениот човек што ја убедил својата баба дека не е гладен.
Бог сакаше да го создаде светот за 10 дена. Чак Норис му даде 7.
Забава
Андре Агаси објави ретки фотографии од сопругата Штефи: „Најсилната жена што ја познавам“

Легендарниот поранешен тенисер Андре Агаси на „Инстаграм“ објави ретки фотографии од сопругата Штефи Граф. По повод Денот на жената ѝ посвети емотивен опис.
„Среќен Меѓународен ден на жената на најсилната жена што ја познавам“, напиша Агаси и додаде емотикон со срце.
View this post on Instagram
Меѓу фотографиите е и една со нивните деца, синот Џејден Гил и ќерката Џез Ел.
„Најубавата приказна во историјата на спортот“, „Обожавам да гледам како ѝ оддаваш почит“, „Прекрасни фотографии“, „Изгледаш одлично како и секогаш“, „И двајцата изгледаат неверојатно по сите овие години. Штефи изгледа како да не остарела“, „Првото семејство на тенискиот свет“, „Две легенди“, напишаа следбениците во коментарите.
View this post on Instagram
Агаси и Граф се сретнаа во 1999 година на Отвореното првенство на Франција, каде што и двајцата победија во своите категории. Набргу по Отвореното првенство на Франција, меѓу нив се роди љубов и се венчаа во 2001 година на интимна церемонија во Лас Вегас.