Забава
Џенифер Гарнер најубава жена за 2019 година, според „Пипл“
Холивудската актерка Џенифер Гарнер е прогласена за најубава жена за 2019 година, според магазинот „Пипл“. Списанието секоја година го прави изборот за најубава дама, а годинава изборот падна на Џенифер.
Поранешната сопруга на актерот Бен Афлек, која се најде на насловната страница на „Пипл“, вели дека ја знае тајната за безвремената убавина.
„Веднаш по враќањето од некој настан или снимање, ми велат да ја тргнам шминката од лицето, да ја врзам косата и да ставам очила. Тоа е моето омилено издание и за мене тоа претставува комплимент“, вели Гарнер, која неодамна за магазинот „Харпер“ откри дека приватно не сака да се шминка.
Џенифер е на прагот на петтата деценија, а вели дека за нејзиниот изглед голема заслуга имаат и нејзините три деца Вајолет (13), Серафина (10) и Семјуел (7).
Џенифер вели дека оваа ласкава титула за најубава жена ја изненадила премногу. Таа не се смета за премногу убава ниту, пак, размислувала на тој начин за себе.
Минатата година за најубава жена во изборот на магазинот „Пипл“ беше избрана Пинк.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Почина таткото на Марија Шерифовиќ, пејачката објави емотивна порака
Пејачката Марија Шерифовиќ објави на Инстаграм дека починал нејзиниот татко Рајко Шерифовиќ. Таа се збогува со него со емотивна посвета и објави негова фотографија.
Емотивна објава на Инстаграм
„Мојот татко. Мојата омилена бараба. Знам дека Господ ги сака таквите луѓе и дека те чека некоја рајска градина. Чувај нè таму каде што си сега 🙏🏼 Твој шампион 💔💔💔💔💔“, напиша Марија во објавата.

Тие беа во лоши односи со години
Српските медиуми објавија дека тој починал во Крагуевац по кратка и тешка болест. Рајко се ожени со Верица Шерифовиќ во 1982 година, со која ја доби ќерката Марија. До неодамна, пејачката и нејзиниот татко беа во лоши односи, а потоа, додека гостуваше во емисијата „На терапија со Славица Ѓукиќ Дејановиќ“, Марија рече дека се смириле.
„Неодамна се видовме во Крагуевац и тој ми рече: Без разлика што направив погрешно, погрешно, погрешно, вака или онака… Барем знам дека сè што има врска со тебе, направив правилно“, рече пејачката. „Тоа го кажа во контекст на оставање зад себе личност на која е горд. Беше искрен“, заклучи таа.
Забава
(Фото) Хејли Бибер во тесно бикини го полуде Џастин Бибер
Манекенката и инфлуенсерка Хејли Бибер објави многу провокативна фотографија во бикини, а нејзиниот сопруг Џастин Бибер не остана имун на нејзиниот изглед, кој уште еднаш покажа колку е заљубен во својата сопруга.
Хејли објави серија фотографии во тесни бикини за да ја промовира својата нова линија костими за капење бргу собирајќи милиони „допаѓања“ и коментари.
View this post on Instagram
Сепак, еден коментар особено го привлече нејзиното внимание – од нејзиниот сопруг, кој напиша: „О, боже мој“.
Тој јасно стави до знаење што чувствува во врска со Хејли и што мисли за нејзиниот изглед и се чини дека тоа го прави со години.
Обожавателите реагираа веднаш пишувајќи: „Ова е љубов“, „Најдете соба вие двајца! Но, сериозно, толку сте слатки“… А само на коментарот на Џастин Бибер ‘допаѓање“ ставија речиси 50.000 луѓе.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Аријана Гранде за малку ќе настрадаше во Париз, обезбедувањето реагира во последен момент
Поп-ѕвездата Аријана Гранде имаше драматичен момент во Париз избегнувајќи за малку сериозна несреќа. Инцидентот се случи во четвртокот, 7 ноември, кога автомобил одеднаш влезе во пешачката зона пред театарот, каде што се одржуваше европската премиера на филмот Wicked.
Пејачката, за среќа, не беше повредена.
@snmicka je l’aime d’amour #arianagrande #wicked ♬ Popular – Ariana Grande
Гранде позира на црвениот тепих таа вечер опкружена со обожаватели и фотографи во нејзината вообичаена гламурозна атмосфера.
Според медиумските извештаи, додека одела кон својот автомобил, возило се приближило малку премногу до неа додека таа сè уште ги поздравувала обожавателите пред влезот. Автомобилот очигледно влегол во пешачка зона, што ги натерало обезбедувачите веднаш да реагираат токму кога ѕвездата успеала да се тргне. Никој не бил физички повреден, но краткиот хаос предизвикал паника меѓу толпата.
Париската полиција потврди дека била повикана на местото на настанот за да го истражи инцидентот. Портпаролот изјавил дека во моментот на објавување на извештајот немало апсења и дека истрагата е во тек. Возачот наводно соработувал со властите и немало индикации дека нападот бил однапред смислен.
фото: принтскрин

