Забава
Џенифер Лопез бесна по последните неуспеси во кариерата: „Таа навистина лошо го доживува сето тоа“

Новиот филм на Џенифер Лопез „Kiss of the Spider Woman“ беше добро прифатен на филмскиот фестивал „Санденс“, но и покрај тоа, таа сè уште е повредена поради неодамнешните неуспеси во филмската индустрија.
Иако „Бакнежот на жената-пајак“ доби и почесно признание, ѕвездата е бесна поради тоа што е номинирана за Златната малина, наградата што се доделува за најлошите достигнувања во кинематографијата.
Таа беше номинирана за најлоша актерка во филмот „Атлас“.
Според извор близок до Џенифер Лопез, уште еден удар за нејзиното его била реакцијата на критичарите на нејзиниот автобиографски филм „This Is Me… Now“, а поради слабата продажба на билети, таа морала да ги откаже своите премиери. Во таа прилика изјавила дека само сака да поминува повеќе време со своите деца.
„Џенифер навистина лошо го доживува тоа. Во моментов се чувствува како да не може да се одмори. Изминатата година беше убедливо најтешката во нејзиниот живот”, рекол изворот.
Таа се разведе од Бен Афлек минатата година, а неодамна го финализираше разводот. Меѓутоа, откако потврдија дека повеќе не се заедно, таа еднаш изјави дека заљубувањето сепак и е важно.
Исто така, медиумите претходно објавија дека и покрај нивната разделба, Џенифер презема стратешки чекори за да остане блиску до Афлек, и емотивно и физички.
Таа неодамна погледна имот во населбата Брентвуд во Лос Анџелес, кој се наоѓа во близина на замокот во кој живее Бен Афлек.
„Џенифер се однесува како да ѝ е удобно со оваа нова фаза во нејзиниот живот, но сепак е многу заљубена во Бен. Таа, исто така, сака да го одржи пријателството со Бен и замислува дека ќе имаат блиски односи како тој со неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер“, објасни тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) „Ви благодарам на сите за честитките“: партнерката на Кијану Ривс проговори за венчавката

Откако веста дека Кијану Ривс и неговата долгогодишна партнерка Александра Грант наводно се венчале во тајност се прошири со огромна брзина, а потоа ПР-от на актерот проговори и објасни дека тоа не се случило и дека е само гласина, понежната половина на холивудскиот заводник и еден од омилените актери на денешницата „се вмеша“.
Александра Грант не можеше да одолее да не ги икоментира гласините дека се омажила за Кијану по седум години врска, а на тие тврдења директно одговори преку социјалните мрежи.
„Ова е вистинска фотографија. Не е објава за свршувачка или свадба… Едноставно, бакнеж! (Иако можеби момент порано или подоцна… со оглед на глупавите изрази на нашите лица!)“, изјави Александра.
„Го споделувам ова овде за да им се заблагодарам на сите за честитките за нашата свадба. Освен што не се венчавме. Добрите вести се многу потребни овие денови, но ова е сепак лажна вест, затоа бидете внимателни. Па еве ви вистинска среќа“, рече партнерката на Кијану Ривс.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Есента веќе пристигна за фаталната русокоса

Скарлет Јохансон веќе некое време го привлекува вниманието на јавноста. Неодамна имавме можност да ја видиме во дамско издание, а сега во облека што го најавува доаѓањето на есента.
Холивудската актерка неодамна беше фотографирана на улиците на Њујорк, каде што, според медиумите, имала закажано гостување во ТВ емисија.
За оваа пригода, убавицата одлучила да облече кафеав кожен капут, кој го комбинирала со панталони во малку посветла нијанса и црна кошула.
Својот стајлинг го надополнила со црна чантичка, а кога станува збор за шминка, се одлучила за „природни“ нијанси што го заокружиле овој есенски изглед.
Скарлет покажа како ја комбинира најпопуларната боја на оваа есен – кафеавата.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Ким Кардашијан во проѕирен тесен сив комбинезон: луѓето се прашуваат како воопшто го облекла

Ким Кардашијан секогаш знае како да привлече внимание и тоа го прави добро со години, но… сигурни сме дека понекогаш не е баш удобно во гардеробата во која се појавува, па сите очи се вперени во неа. Меѓу тие парчиња е секако необичниот комбинезон што го носеше на отворањето на заедничката продавница на Skims и Nike во Њујорк.
Не е ни чудо што апсолутно сите гледаа во Ким Кардашијан, бидејќи нема да можете да го тргнете погледот од комбинезонот што го носеше, кој изгледа како футуристичка облека. Станува збор за проѕирен тесен сив комбинезон, кој не само што ги оцртува нејзините облини, туку и ги нагласува максимално.
Оваа комбинација е еден од првите модели од колекцијата создадена во соработка помеѓу брендот Nike и брендот на ријалити ѕвездата – Skims.
Секој детаљ од нејзиното тело беше истакнат, а дизајнот на комбинезонот е таков што изгледа како да носи долна облека преку облеката. Белите странични ленти на ракавите и ногавиците даваат впечаток на спортска елеганција, а Ким носеше сиви зашилени чевли и сива марама на главата со ова иновативно парче.
Иако овој стајлинг на Ким Кардашијан предизвика мешани реакции кај јавноста, па на некои им се допаѓа затоа што е оригинален, а на други го сметаат за бизарен и претерано, таа успеа во она што секогаш го очекува – да ги помести границите и да биде во центарот на вниманието. Веќе сме навикнати на храброста да носиме вакви изданија во јавност.
фото: принтскрин