Забава
Џенифер Лопез и Бен Афлек рака под рака на црвениот тепих во Венеција

Џеј Ло и Бен Афлек во јули ја официјализираа својата врска нa „Инстаграм“, но сега тоа го направија и на црвениот тепих.
Сè старо беше повторно ново на Филмскиот фестивал во Венеција во петокот бидејќи новиот пар, претходно свршен од 2002 до 2004 година, се појави на свечената премиера на „Последен двобој“.
Лопез (52) и Афлек (49) го запечатија новото помирување со бакнеж.
Медиумите ова го коментираа како официјално лансирање на парот Бенифер 2.0.
Афлек и Лопез слетаа на аеродромот во Венеција во четвртокот пред да отпатуваат во градот со такси-глисер Confusion. Нивното пристигнување стави крај на неколкунеделните шпекулации за тоа дали двојката ќе присуствува на филмскиот фестивал и ќе го направат своето прво големо деби на црвениот тепих по повторното обединување.
Шпекулациите завршија, конечно, кога Лопез излезе на тепихот во бел фустан, со синџир скапоцени камења околу вратот и со раката на Афлек околу половината.
Тие позираа заедно со актерите Мет Дејмон и Џоди Комер и режисерот Ридли Скот на светската премиера на историската драма „Последниот двобој“, вистинита приказна за предавство и одмазда, сместена во Франција во 14 век.
Афлек и Дејмон ги глумат главните улоги во историската драма, адаптација на книгата на Ерик Јагер
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Новата фотографија од Шарлот ги воодушеви фановите: „Иста како татко и, копија на Вилијам“

За да го одбележат 10-тиот роденден на принцезата Шарлот, принцот и принцезата од Велс објавија нова фотографија од неа. Фотографијата ја направила Кејт претходно оваа година. Објавена е на социјалните мрежи на нејзините родители со пораката: „Среќен 10-ти роденден, принцезо Шарлот“.
Многу луѓе забележале во коментарите на социјалните мрежи колку принцезата Шарлот наликува на својот татко, принцот Вилијам.
Објавата брзо собра илјадници лајкови и реакции, и коментари како: „Принцезата Шарлот е копија на принцот Вилијам“, „Шарлот многу личи на Вилијам на оваа фотографија“, „Иста како татко и – таа изгледа исто како него“.
Забава
(Видео) „Уништен сум, сакам помирување со семејството“ – Принцот Хари откако го загуби спорот

Принцот Хари вели дека сака помирување со остатокот од кралското семејство, во емотивно интервју, во кое рече дека е уништен што ја изгубил правната битка за неговата безбедност во Обединетото Кралство.
Во интервју за „Би-Би-Си“, тој изјави дека моментално не е во контакт со својот татко, британскиот крал Чарлс Трети.
Принцoт рече дека кралот не сака да разговара со него поради безбедносното прашање, но оти тој не сака повеќе да се бори и не знае уште колку долго ќе живее неговиот татко.
Принцот Хари зборуваше за Би-Би-Си откако го загуби случајот за нивото на обезбедување на кое тој и неговото семејство имаат право додека се во Обединетото Кралство.
„Имав многу несогласувања со некои членови од моето семејство, но им простив“, рече тој.
Принцот сакаше да ги промени правилата за неговата безбедност кога ќе дојде во Велика Британија, кои беа воведени кога тој се повлече од кралското семејство и се пресели во Соединетите држави.
Рече дека се чувствува изневерено и го опиша судскиот пораз како „старомоден установен план“ и го обвини Кралското домаќинство за влијание врз одлуката за намалување на неговата безбедност.
На прашањето дали побарал од неговиот татко да интервенира во безбедносниот спор, принцот Хари рече: „Никогаш не барав од него да интервенира – го замолив да се тргне од патот и да ги остави експертите да си ја завршат работата“.
Поразот на суд и тоа што безбедносното прашање за него и неговото семејство нема да се промени значи дека во моментов не може да го донесе семејството во Велика Британија, изјави тој за Би-Би-Си.
„Во овој момент не можам да замислам да ги донесам сопругата и децата во Велика Британија“, вели принцот Хари.
За одлуката рече: „Се чувствувам уништен – не толку од губитокот колку од луѓето кои ја донесоа одлуката, кои сметаат дека ова е во ред. Дали ова е победа за нив?“
Тој продолжи: „Сигурно има некои луѓе таму, веројатно најмногу оние кои ми посакуваат штета, кои ја сметаат оваа одлука за голема победа.“
Принцот Хари рече дека одлуката да му се одземе безбедноста има влијание на него секој ден, и го оставила во ситуација каде што може безбедно да се врати во Велика Британија само ако биде поканет од Кралското семејство – бидејќи во тие околности ќе добие доволно обезбедување.
Тој рече дека промените во неговиот безбедносен статус во 2020 година не влијаеле само на него, туку и на неговата жена, а подоцна и на неговите деца.
Продолжи: „Сите знаеја дека не ставаат во ризик нас во 2020 година и се надеваа дека знаењето на тој ризик ќе не’ натера да се вратиме.“
„Но кога сфаќаш дека тоа не функционира, дали не сакаш да не’ чуваш безбедни?“
„Без разлика дали си влада, Кралско домаќинство, дали си мој татко, моето семејство – без разлика на сите наши разлики, дали не сакаш да се осигураш за нашата безбедност?“, рече принцот.
Кога беше прашан дали му недостига Велика Британија, тој додаде: „Го сакам мојот дом, секогаш сум го сакал, без оглед на тоа што некои луѓе во таа земја го направиле… и мислам дека е навистина трагично што нема да можам да им ја покажам мојата татковина на моите деца.“
Принцот Хари рече дека нема да бара понатамошен правен предизвик, изјавувајќи дека петочната пресуда „докажала дека не постои начин да се победи преку судовите“.
„Сакам некој да ми го кажеше тоа предходно,“ рече тој, додавајќи дека пресудата била „изненадување“.
Забава
Де Ниро проговори за трансродовата ќерка: „Ниеден родител не е совршен…“

Американскиот актер Роберт де Ниро изрази поддршка за својата трансродова ќерка Ејрин.
Де Ниро изјави за „Дедлајн“ дека го сакал и поддржувал Ејрон како свој син, а сега ја сака и поддржува Ејрин како своја ќерка, објави „Гардијан“.
View this post on Instagram
Наведувајќи дека ниеден родител не е совршен, Ејрин им се заблагодари на Де Ниро и на мајка ѝ, моделот Туки Смит, што ја држеле подалеку од очите на јавноста за да може да има нормално детство.
Eјрин претходно даде интервју за онлајн ЛГБТК-списанието „Дем“, во кое опиша како станала трансродова и дека чувствувала извесен страв и вознемиреност поради реакциите на семејството.
„Дел од мене се плаши дека моето семејство можеби сè уште ме гледа како личноста што бев пред транзицијата“, рече таа.