Забава
Џенифер Лопез и нејзиното дете го привлекоа вниманието на фотографите на Бродвеј
Џенифер Лопез и нејзиното небинарно дете Еми Марибел Муниз (17) беа фотографирани заедно на Бродвеј, каде присуствуваа на премиерата на „Good Night, and Good Luck“ во која глуми Џорџ Клуни.

Џеј Ло и Еми се појавија во елегантни црни комбинации, Џенифер во долг црн фустан со длабоко деколте, а Еми во црн костум и бела кошула со вратоврска.

Неодамна Џенифер и Еми заедно ја посетија премиерата на претставата Отело, во која главните улоги ги толкуваат Џејк Гиленхал и Дензел Вашингтон. После тоа, Лопез на Инстаграм го нарече излегувањето со детето „најдобар состанок“. Наводно, тогаш еден од фотографите премногу се зближил до Еми, поради што Џенифер морала да реагира.

„Таа стана како мајка мечка, почна да вика“, изјави извор за „Пејџ Сикс“.
Пејачката и актерка повеќе пати јавно зборуваше за посебниот однос кој го има со своите деца. Во интервју за „Пипл“ во 2020 година, таа истакна: „Тоа е безусловна љубов. Знам дека сите така се чувствуваат за своите деца, но имам чувство дека тие се навистина посебни. Едвај чекам да видам што ќе постигнат во животот“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нела Манческа ѝ донесе седмо место на Македонија на „Јуниор Евросонг“
Нела Манческа со песната „Miracle“, со која ја претставуваше Македонија на „Јуниор Евросонг“, го заврши натпреварот на високото седмо место, освојувајќи вкупно 141 поен.
Конечниот пласман беше одреден од комбинираните гласови на стручните жири-комисии и публиката, при што Македонија оствари одличен резултат кај жирито, пласирајќи се меѓу првите пет земји според нивното гласање.

Во жири-гласањето, Македонија доби 12 поени од Црна Гора и Италија, што дополнително го потврди силниот впечаток што настапот на Нела Манческа го остави кај професионалните оценувачи.
Победник на годинашното издание на Јуниор Евросонг е Франција со освоени 248 поени, второто место ѝ припадна на Украина, а третото на Грузија.
Забава
(Видео) „Miracle“ одекна во Тбилиси: Нела Манческа ја претстави Македонија на Јуниор Евросонг
Вечерва во Тбилиси, Грузија, се одржува 23-то издание на Јуниор Евросонг, а Македонија ја претставуваше Нела Манческа со песната Miracle.
Aвтори на песната се продуцентoт Лазар Цветкоски и Магдалена Ена-Цветкоска која го напиша текстот.
View this post on Instagram
На овогодишниот избор за песна на Детска Евровизија учествуваат 18 земји.
Гласањето можете да го следите во живо на линкот.
Забава
Љубов под елката: Три знаци ќе доживеат филмска љубов до крајот на месецот
Иако декември е хаотичен месец, за некои хороскопски знаци љубовта оваа година доаѓа посилно од очекуваното. Според астрологот Адама Сисеј од „Lilith Astrology“, клучни се транзитите на Венера и Марс – планетите на љубовта, привлечноста и страста. Кога тие се поволно поставени, се случуваат токму оние „филмски“ моменти: вистинско време, вистинско место, вистинска личност.
Овие три знаци имаат најголеми шанси Новата година да не ја дочекаат сами:
Близнаци – Венера и Марс се во силен аспект со вашиот знак, носејќи нови средби, лесна комуникација и природна хемија. Ќе бидете похрабри и поотворени – токму она што ви оди најдобро.
Стрелец – Венера и Марс се во вашиот знак речиси цел месец, па вашата привлечност е на врвот. Спонтани излегувања, флерт и романса доаѓаат без многу напор.
Јарец – Кон крајот на декември, двете планети влегуваат во вашиот знак и ги активираат романтичните и страстните импулси. Можно е новогодишниот бакнеж да биде со некој навистина посебен.
Ако не сте меѓу овие знаци – вреди да го проверите и вашиот подзнак.
Фото: Pexels

