Забава
Џенифер Лопез сподели фотографија во костим за капење и собра над милион лајка
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/07/moze-ovaa-za-naslovna.jpg)
Џенифер Лопез се огласи на „Инстаграм“ во средата за да ги израдува своите 248 милиони следачи во секси костим за капење.
Суперѕвездата (53) претходниот ден присуствуваше на големата забава во елитниот „Хемтонс“, организирана од милијардерот Мајкл Рубин по повод Денот на независноста.
Латино-дивата позира покрај базен во едноделен костим во боја на лосос, а во истата објава покажа како ужива во разладениот пијалак и традиционалниот огномет.
„Се надевам дека сите имаа одличен празничен викенд исполнет со љубов, семејство, пријатели и забава“, напиша таа.
Објавата ја лајкнале 1.187.846 луѓе за само 12 часа, а фановите во коментарите го фалат нејзиниот изглед.
„Изгледаш нестварно“, „Преубава“ и „Треба да е злосторство да изгледаш вака добро“, се само дел од коментарите на фановите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Забава
(Видео) Џенифер Лопез објави видео со кое ги засили шпекулациите за развод
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/це.jpg)
Пејачката и актерка Џенифер Лопез објави видео во кое го промовира својот бренд за убавина на социјалните мрежи, но уште еден детаљ привлече внимание.
Имено, многумина забележаа дека пејачката на спотот не носи бурма.
View this post on Instagram
Тие истакнуваат дека иако не носи бурма, на десната рака носи други прстени, а со овој потег сигнализира потенцијален развод со актерот Бен Афлек.
Светските медиуми веќе некое време пишуваат за наводниот развод на славниот пар.
Сомнежите се засилија кога се дозна дека Бен и Џенифер ја продаваат вилата што заедно ја купија пред една година. Џенифер претходно ја откажа турнејата и се појави сама на премиерата на својот нов филм.
Во голем дел од коментарите под ова видео се споменува нејзиниот изглед. Многумина забележале дека таа видно ослабела. „Убава си, но зошто ослабе толку многу килограми?“, „Многу си ослабела“, „Дали јас сум единствената што забележала дека Џенифер многу ослабе?“, се некои од коментарите.
Некои пишуваа дека Џенифер мора да била под голем стрес, со оглед на тоа што веќе подолго време на големо се зборува за разводот.
Забава
Влатко Стефановски слави 50 години кариера
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/09/vlatko-stefanovski.jpg)
Влатко Стефановски, композитор, текстописец, пејач, автор на применета музика за филмови и театарски претстави, годинава прославува јубилеј – 50 години успешна кариера.
В сабота на 6 јули ќе има целовечерен концерт во Ниш, в недела првпат ќе настапи во Белград како дуо со Васил Хаџиманов, во ботаничката градина на фестивалот „Џез во градината“, а на 16 декември во новореновираниот „Сава центар“.
Влатко е роден во типично театарско семејство. Неговите родители како уметници често патувале, па така набргу Стефановски се преселил во Скопје, во населбата Тафталиџе. Во рамките на домот Стефановски го сместил своето тонско студио „Езотерија“.
Забава
Бекамови ја оживеаја својата позната виолетова свадбена облека: Изгледав како од филмот „Глуп и поглуп“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/6bb4bcf4-b5db-4e4b-b41b-f78f707e3777.jpg)
Викторија и Дејвид Бекам објавија фотографија на „Инстаграм“ пред 25-годишнината од бракот.
Со оваа фотографија тие ја оживеаја својата многу позната виолетова свадбена облека. И двајцата се во виолетова боја и седат на златен трон.
„Погледнете што најдовме“, гласи описот на објавата, која има речиси милион „допаѓања“ на „Инстаграм“.
Дејвид претходно се пошегува на сметка на модната комбинација на Desert Island Discs на Радио 4 во 2017 година: „Имав дури и виолетова капа, што мислев? Изгледав како момците од „Глуп и поглуп“.
Во коментарите на „Инстаграм“, мајката на Дејвид, Сандра, напиша: „25 години и сè уште изгледате неверојатно, посебни спомени“. Неговата помлада сестра Џоан напиша: „Сега изгледаш исто толку добро како тогаш“. „Ќе им кажам на моите деца дека ова се кралот и кралицата на Англија“, „Ова е моето кралско семејство“, гласеше коментарот.
Една година по средбата, парот се сврши, а медиумите ги нарекоа Пош и Бекс. Дејвид ја побарал за жена во хотелот по натпреварот со „Манчестер јунајтед“. Двојката се венча во замокот Лутрелстаун во Ирска во 1999 година на раскошна церемонија, која чинеше речиси 1 милион фунти. Викторија и Дејвид имаат четири деца, синовите Бруклин, Ромео и Круз и ќерката Харпер.
Двојката помина романтичен викенд на Сардинија пред 25-годишнината од бракот. Инаку, во 2022 година годишнината ја прославија во Хрватска, каде што веќе традиционално секоја година се со семејството на островот Лопуд.