Забава
Џесика Алба ја раскажа својата мрачна приказна

Таа е една од најпознатите ѕвезди на Холивуд и успешна деловна жена. Иако по успешните филмови „Хани“, „Син Сити“ и „Фантастична четворка“ се повлече од јавниот живот, Џесика Алба е позната во целиот свет.
Последниве години таа им е посветена на својата компанија The Honest Company и на семејството, кое ѝ дава утеха по тешкото детство. Како што раскажа, во училиште ја нарекувале курва, а кога имала 15 години, била киднапирана. Таа ни денес не сака да зборува за овој трауматичен настан.
Во тоа време, во 1996 година, ја снимила првата серија „Флипер“. Одеднаш таа почнала да добива чудни телефонски повици за кои мислела дека се нечија шега. Во еден момент целосно исчезнала и никој не знаел каде била цели 14 часа. Беше пронајдена со заврзани раце и нозе, со превез преку очите и затната уста во багажникот на автомобилот.
Бидејќи не можела да обезбеди информации за напаѓачите, случајот бил одбиен. Таа досега одбиваше да одговори на сите прашања во врска со случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Претпочитаат да уживаат во луксузот и сите слатки работи што ги нуди животот: хороскопски знаци кои не внимаваат со парите

За некои хороскопски знаци парите се едноставно алатка за уживање во животот и често не обрнуваат внимание на тоа колку трошат.
Кога станува збор за управување со пари, некои хороскопски знаци не се познати по тоа што внимателно го пресметуваат секој трошок – тие претпочитаат да уживаат во луксузот и сите слатки работи што ги нуди животот.
Иако инвестирањето во квалитетни производи не е нужно лоша работа, овие знаци понекогаш може да претераат.
Овен
Овните се познати по својата импулсивна природа, а тоа се одразува и во односот кон парите. Овој знак не сака да чека – кога сака нешто, мора веднаш да го има.
Овенот донесува брзи одлуки и го купува она што го сака без да размислува премногу за финансиските последици. Ако видите како Овен импулсивно троши на најновиот гаџет или луксузна облека, не е чудно – тие веруваат дека животот треба да се живее во моментот.
Бидејќи Овенот често делува под влијание на моментална возбуда, трошењето може да стане начин да се доживее адреналинот и да ужива во секој момент.
Лав
Лавовите се карактеризираат со силна желба за внимание и статус, а парите често служат како средство за постигнување на таа цел. Овој знак сака да живее со стил и често се одлучува за скапи набавки кои ќе му овозможат да блеснат во општеството.
Од луксузни автомобили до најнови модни парчиња, Лавовите не штедат кога се работи за работи кои им помагаат да бидат во центарот на вниманието.
За Лавот парите не се само средство за преживување, туку симбол на успех и моќ. Затоа, кога ќе почувствуваат дека им треба нешто ново и впечатливо, тешко им е да одолеат.
Стрелец
Стрелците ја обожаваат слободата и авантурата, а парите често служат како средство за остварување на овие желби.
Патувања, екскурзии, одмори на егзотични дестинации – Стрелците имаат тенденција да трошат на искуства кои им обезбедуваат возбуда и незаборавни спомени. Иако тоа не е нужно лошо, понекогаш забораваат на својот буџет кога ќе се занесат да ја планираат својата следна авантура.
Нивното трошење произлегува од желбата за нови искуства и често не се грижат за цената кога стаува збор за работи кои ќе ги одведат на ново, возбудливо место.
Риби
Рибите се длабоко емотивен и сонлив знак, што значи дека лесно им подлегнуваат на импулсите и желбата за луксузно уживање.
Тие често се препуштаат на трошење на убави работи што им носат чувство на удобност – од убава облека и производи од висока класа до луксузни искуства.
Рибите се склони кон трошење и кога се под емоционален стрес, па парите им стануваат начин да се опуштат и да се „наградат“.
Иако се многу сочувствителни и грижливи, кога се во прашање нивните лични желби, Рибите не се двоумат да се почестат и да трошат на работи кои им обезбедуваат емоционална удобност.
Забава
(Фото) Ким Кардашијан ги покажа своите неверојатни облини во бикини на плажа во Лос Анџелес

Контроверзната Ким Кардашијан уште еднаш ги покажа своите неверојатни облини во бикини додека позираше во плиткото на плажа во Лос Анџелес.
kim kardashian pic.twitter.com/k7U7FbrEEx
— 𝒥 (@yslpradior) February 22, 2025
Серијата провокативни фотографии брзо станаа главна тема на социјалните мрежи, а малкумина можеа да останат имуни на познатата старлета.
Kim Kardashian People 😮💨🩶 pic.twitter.com/vSg9hLrchu
— leandre koffi (@leandek15) February 22, 2025
Ким за својата најнова фотосесија избра син долен дел од бикини, но горниот дел сепак заслужи малку повеќе внимание. Бела, проѕирна маичка која ја претвори во градник со длабоко деколте, а како може да биде поинаку кога се работи за Кардашијан.
Забава
(Фото) Се соблече и ги покажа најубавите нозе на светот

Ева Лонгорија после долго време објави серија секси фотографии и на најдобар можен начин ги изненади сите свои фанови.
Познатата актерка Ева Лонгорија важи за една од најжешките жени во Холивуд, а прекарот џебна Венера одлично и прилега.
Ева е позната по своите облини, но и вродената елеганција, а секоја нејзина објава на социјалните мрежи привлекува големо внимание.
Сега таа позираше во црн едноделен костим за капење и ги покажа своите извајани нозе.
„Подготвена за викенд“, напиша таа во натписот на објавата, додека луѓето во коментарите претпоставуваа дека оди на плажа во Мајами.
Во коментарите, фановите и порачаа дека изгледа божествено, како вистинска кралица, а на нејзиниот изглед не остана имуна ниту Парис Хилтон, која исто така им се придружи со комплименти.