Забава
Џеф Безос има одличен совет за успех – и за возрасни и за деца
Одличен совет за сите родители, но и за возрасните подготвени за промени, доаѓа од една од најуспешните луѓе денес.
Станува збор за навика што Џеф Безос ја нарекува „суперважна“ и која секогаш ја советува. Всушност, тој експлицитно ги охрабри родителите да им ја „проповедаат“ на своите деца. И како татко на четири деца, тој вели дека тоа е совет што се обидел да им го даде на сопствените деца.
Овој совет речиси во целост се совпаѓа со истражувањето на Керол Двек, професорка по психологија на Универзитетот Стенфорд.
Двек спроведе многу студии кои укажуваат на предноста на развојниот ментален склоп во однос на фиксниот ментален склоп. Кај развојниот, станува збор за напорот што го вложуваме за да постигнеме нешто, промена на нашето размислување во предизвикувачки ситуации, а фиксниот начин на размислување се однесува на талентите и карактерот што ги имаме. Ако веруваме дека нашиот успех е резултат на нашиот карактер и талент, тој припаѓа на фиксен начин на размислување.

Безос го даваше овој совет многу пати. На пример, ова го рече на доделување на награди во Сиетл пред извесно време.
„Бидете горди на вашите избори, а не на вашите таленти … Ова е нешто што е исклучително важно за младите да го разберат и за родителите да им го проповедаат на младите. Навистина е лесно за една талентирана млада личност да се гордее со својот талент: Јас сум многу паметен.Јас сум добар спортист или имам математика во малиот прст“, рече тој.
„Тоа е добро. Треба да бидете среќни што сте талентирани. Но, не можете да бидете горди на своите таленти … Ги имате или ги немате. Она на што можете да бидете горди се вашите избори.“
„Како одлучивте да ги искористите своите таленти? Дали учевте напорно? Дали се трудевте? Вежбавте? Луѓето кои се истакнуваат комбинираат талент и напорна работа, а работата е избор. И секој мора да го направи тој избор за себе. И, тоа е нешто со што ќе бидете горди кога ќе погледнете назад во својот живот“, рече Безосј во својот говор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

