Забава
Џејми Фокс останува во болница по итната медицинска интервенција
Актерот Џејми Фокс останува хоспитализиран во Џорџија речиси една недела откога неговата ќерка обелодени дека претрпел медицинска компликација, изјави за Си-ен-ен извор близок до семејството.
Неговата ќерка Корин Фокс минатата недела се огласи на „Инстаграм“ и откри дека татко ѝ имал компликации поврзани со здравјето, иако не прецизира што се случило.
Таа во својата објава додаде: „Благодарение на брзата акција и добрата грижа, мојот татко е на пат кон закрепнување“.
Си-ен-ен викендов објави дека Фокс завршил во болница и дека е подложен на медицински тестови. Семејството и понатаму не открива со каков здравствен проблем се соочува.
Фокс беше во Атланта, каде што ја снима акционата комедија „Повторно во акција“ со колешката Камерон Дијаз. Извор близок до продукцијата на филмот изјави дека снимањето е во тек и се очекува да заврши оваа недела.

Сето ова доаѓа по веста дека снимањето на првиот филм на Камерон по пауза од девет години наводно било оптоварено со многу проблеми, при што Џејми Фокс, кој воедно е и извршен продуцент на филмот, имал нервен слом.
„Повторно во акција“ (Back in Action) почна да се снима во Велика Британиja. Проблемите што наводно се појавиле на снимањето резултирале со одлука на 55-годишниот Џејми да отпушти четворица членови на персоналот вклучувајќи го и својот возач, еден продуцент и помошник-режисер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бившата на Дикаприо во „опасен“ корсет од 3.800 евра: Покажа многу повеќе од очекуваното
Поранешната девојка на Леонардо Дикаприо, актерката Камила Мороне (28), блесна на премиерата на втората сезона од серијата „Night Manager“ во Лондон, а нејзиниот изглед привлече големо внимание.
@camilamorronebrasil Camila Morrone wearing Carolina Herrera for the The Night Manager season 2 premiere! @Carolina Herrera #camilamorrone #tomhiddleston #thenightmanager #diegocalva ♬ Feel Good – Clara La San
За овој важен настан, таа избра смела модна комбинација која се состоеше од златен корсет вреден дури 3.800 евра и проѕирно црно здолниште од брендот Carolina Herrera.
@camilamorronebrasil Stories posted by Cami today ❤️ #camilamorrone #tomhiddleston #diegocalva #thenightmanager ♬ original sound – Tom Walker The Music Man
Златниот корсет ѝ помогна на убавата актерка да ги привлече сите погледи, а своето убаво лице го истакна со дискретна шминка.
@camilamorronebrasil The cast of The Night Manager season 2 ❤️🔥 #camilamorrone #tomhiddleston #diegocalva #thenightmanager ♬ Tuyo – Rodrigo Amarante
Имаше и лежерна фризура, а уште еднаш нè потсети зошто Леонардо Дикаприо „се заљуби“ во неа.
@camilamorronebrasil Camila Morrone, Tom Hiddleston and Diego Calva for the Night Manager season 2 premiere 😻 #camilamorrone #tomhiddleston #diegocalva #thenightmanager ♬ safety net – Ariana Grande
Целиот стајлинг го комплетираше само со ѓердан и црн лак за нокти, а беше одлично расположена во текот на вечерта. Позираше со своите колеги и се шегуваше пред собраните фотографи.
Таа беше во врска со Леонардо Дикаприо повеќе од четири години, а нивната врска беше една од најгледаните во светот на славните, делумно поради големата разлика во години – дури 23.
Забава
Скопје се подготвува за највеселата празнична Дедомразовска трка
Започна пријавувањето за традиционалната Coca-Cola Дедомразовска Трка 2025, највеселиот и најпразничниот спортски настан што секоја година ги обединува децата, семејствата и сите љубители на празничната енергија. Трката ќе се одржи на 28 декември 2025 година (недела), со старт од Плоштад Македонија.
Оваа уникатна трка не е само натпреварувачка, туку и забавна, а сите, без разлика на возраста, се добредојдени да се приклучат. Трасата е долга само 2 километри – совршена за деца, родители и рекреативци. Децата можат да учествуваат во придружба на своите родители, создавајќи незаборавни семејни спомени.
Оваа година, по прв пат е воведена и Семејна пријава, која им овозможува на семејствата да трчаат заедно, создавајќи уште поубаво празнично доживување и спомени кои траат.
Александар Георгиевски од Прв до врв, организатор на Coca-Cola Дедомразовската трка, изјави:
„Интересот за овогодинешната Coca-Cola Дедомразовска трка е огромен и веќе бележиме рекорден број пријавени учесници, што јасно покажува колку овој настан е прифатен од граѓаните. Оваа трка одамна прерасна во вистински празник кој го става Скопје во друштво на големите светски метрополи кои традиционално организираат трки со дедомразовци. Заедно со нашите партнери, подготвуваме незаборавна забава и магично доживување за сите генерации.“
Пријавување и дедомразовски костуми Пријавувањето се одвива преку веб-страницата и трае до 25 декември или до пополнување на капацитетот. Со регистрацијата, секој учесник добива комплетен дедомразовски костум – палто, панталони, капа, ремен и брада за Дедо Мраз, или фустан и капа со плетенки за Баба Мразица и соодветни величини за децата според возраста. Трчањето во дедомразовски костум е задолжително за сите учесници во трката.
Забава
Ја познаваме како природна убавица, а сега откри што „поправила“ на себе: „Ќе го правам ова до крајот на животот“
Актерката Аманда Сејфрид (39), најпозната по улогите во филмовите „Mamma Mia“, „Les Misérables“ и „Mean Girls“, даде интервју за „Who What Wear“ во кое отворено проговори за својата рутина за убавина, навиките, но и за козметичките корекции.
„Имам добар дерматолог и таа ми рече дека нема да направи ништо за мене освен ботокс на истото место до крајот на мојот живот“, изјави Аманда.
Сепак, таа дефинитивно не е зависна од козметички корекции, па за улогата во филмот „The Testament of Ann Lee“ призна дека се откажала од ботоксот, што беше малку необично за неа.
„Јас сум актерка и тоа е мојата работа, можам да жртвувам малку. Тоа беше голема задача, бидејќи не ми беше дозволено да ставам ботокс една година“, изјави таа за People.
Аманда Сејфрид е една од ретките јавни личности која нема проблем да го покаже своето лице без шминка, но исто така не крие што си направила самата на себе. Иако нагласи дека не би сакала да инјектира или да менува ништо друго освен ботокс, можеби ќе се предомисли во иднина.

