Забава
Џејн Фонда помина една ноќ во затвор, планира да биде уапсена секој петок

Актерката и активистка Џејн Фонда помина една ноќ во затвор по нејзиното четврто апсење за учество во демонстрации за климатски промени. Овие демонстрации се одржани четири пати во Вашингтон.
Актерката, која има 81 година, беше меѓу 40-те лица уапсени во петокот додека седела во атриумот на деловната зграда на Сенатот.
Портпаролот на движењето „Пожарна вежба во петок“, Ајра Арлук, рече дека од уапсените лица само Фонда ја минала ноќта во затвор, за првпат за време на денешните демонстрации, пренесува АП.
Арлук рече дека таа се појавила пред судија во Високиот суд вчера попладне и тогаш е ослободена.
Фонда рече дека планира да биде уапсена секој петок, сè додека се залага за намалување на употребата на фосилни горива штетни за климата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Хајди Клум позираше сосема гола: актерката на 52 години изгледа одлично

Хајди Клум (52) повторно го привлече вниманието на јавноста позирајќи сосема гола и без шминка за списанието Paris Match.
Германско-американската манекенка се појави во сосема природно издание на фотографиите, а во интервју за француските медиуми откри како го поминува летото со својот сопруг, музичарот Том Каули.
Клум истакна дека овој јули одлучила да направи пауза од својот зафатен распоред, патувања и постојана работа, па затоа времето со сопругот го поминала на омилено место – островот Свети Вартоломеј. Пред повеќе од три децении, се заљубила во тој карипски остров, а со Каули изградила куќа таму во ридовите на Сен-Жан. Како што вели тој, тоа дополнително го зајакнало нивниот брак.
Познато е дека Клум отворено зборува за својот приватен живот – претходно нагласила дека нејзината страсна врска со нејзиниот сопруг, кој е 16 години помлад од неа, е причината зошто се чувствува млада и витална. Таа со насмевка рече дека нема болки во грбот или колената, а освен тоа, има сопруг кој совршено ѝ одговара. Клум вели дека разликата во годините нема никакво значење за нив двајца – таа верува дека љубовта и енергијата што ја споделуваат одат многу подалеку од бројките.
Забава
Привлекуваат пари: Три хороскопски знаци наскоро ќе го откријат своето „ковчезе со злато“

Лав
По природа, луѓето родени во овој знак сакаат да бидат во центарот на вниманието и да заземат важна позиција. Овој страствен знак полн со самодоверба претставува неоткриена ѕвезда на Зодијакот. Кога ќе види раскош, можност за драма и да се зборува за него, Лавот не пропушта.
Бидејќи Сонцето е планета на самоизразување, Лавовите се многу креативни и уживаат да го покажуваат својот талент. Без разлика на професијата што ќе ја избере, Лавот е создаден да биде забележан и познат.
Вага
Вагата е воздушен знак кој го владее Венера, романтичната планета на уметноста и убавината. Вагата е позната како најшармантниот знак и како многу друштвена личност. Таа многу лесно воспоставува врски со луѓето и особено со вистинските личности, што ѝ овозможува да си го изгради патот кон слава.
Благодарение на луксузната Венера која ја надгледува, Вагата секогаш изгледа многу естетски привлечна и лесно се издвојува од масата. Не е чудо што некои од најубавите жени во светот ја должат својата убавина на тоа што се родени во знакот Вага.
Стрелец
Стрелец е огнен знак кој го владее Јупитер, планета на среќата и изобилството. Благодарение на благословот на Јупитер, среќата е секогаш на страната на Стрелецот, кој сака да презема ризични чекори. Стрелецот, воден од страст и неуморна желба за авантури, многу лесно може да си обезбеди место на листата на славни личности, без многу да размислува.
Тој едноставно живее на свој начин – бунтовно, храбро и безстрашно, а луѓето тоа го сметаат за фасцинантно и вредно за внимание.
Забава
Кoja е актерката што со Ед Ширан пристигна на Хвар?

Ед Ширан снима спот на Хвар, а со него на хрватскиот остров дојде и актерката Фиби Дајневор.
Англиската актерка, родена на 17 април 1995 година во Манчестер, потекнува од уметничко семејство – мајка ѝ, Сали Дајневор, е долгогодишна актерка во британската сапуница Coronation Street, а татко ѝ, Тим Дајневор, пишува телевизиски сценарија.
Светска слава со „Bridgerton“
Првите актерски чекори ги направи како тинејџерка во драмската серија на BBC Waterloo Road (2009–2010), а потоа оствари улоги во сериите Prisoners’ Wives, Dickensian, Younger и криминалистичката серија Snatch. Светска препознатливост стекна во 2020 година благодарение на улогата на Дафни Бриџертон во хит-серијата на Netflix Bridgerton, каде што беше главната хероина во првите две сезони.
На филм се истакна во биографската драма The Colour Room (2021), потоа во забележаниот трилер Fair Play (2023), а за 2025 година е најавено нејзиното учество во шпионскиот трилер Inheritance. За својата работа доби признание и од критиката – во 2024 година беше номинирана за наградата BAFTA Rising Star, наменета за млади актерски таленти во подем.
Во 2021 година беше во врска со американскиот комичар Пит Дејвидсон, што предизвика голем интерес кај јавноста. Подоцна изјави дека била наивна мислејќи дека таа врска ќе остане приватна и дека целата ситуација ѝ била надреална. Денес е среќно верена за актерот Камерон Фулер, а свршувачката ја потврдија во мај 2024 година, пишува хрватски „Индекс“.
Ќе глуми во спотот
Фиби ќе глуми во спотот што Ед Ширан го снима на Хвар. Мештани за Вечерњи лист откриле дека некои кадри биле снимени во кафе-барот „Kiwa“, а дел и на плажата Дубовица. Двете локации многу му се допаднале на музичарот. Се очекува дел од спотот да се снима и во Сплит. Засега не е познато за која песна станува збор.
Ширан настапи во Загреб
Во рамки на својата светска турнеја „+−=÷× Tour“ (Mathematics Tour), Ед Ширан минатата година настапи во Хрватска, на хиподромот во Загреб. Специјален гостин беше британскиот пејач Калум Скот. Концертот привлече околу 70.000 луѓе. Тогаш Ед ги изведе песните од сите пет студиски албуми означени со симболи + − = ÷ ×, вклучувајќи ги и хитовите Castle on the Hill, Shivers, The A Team, Perfect, Bad Habits и многу други.