Забава
Џеј Ло со близнаците на вечера во Беверли Хилс

Џенифер Лопез изгледа елегантно и софистицирано додека се упатува на вечера со своите 13-годишни близнаци Макс и Еми во Беверли Хилс, откако претходно ги обиколи приватните средни училишта во областа.
Латино дивата изгледа ништо помалку од етерично во бел долг фустан со едно рамо, кој го покажува нејзиниот сончан тен, на семејната вечера во саботата.
Откако утрото го поминаа во обиколка на приватни средни училишта во Санта Моника со нејзиниот 13-годишен син Макс, на Џенифер и Макс им се придружи неговата сестра близначка Еми во еден ресторан во Беверли Хилс.
Додека излегува од задното седиште на нејзиниот автомобил, 51-годишната Џенифер носи златни очила за сонце, а косата ѝ е прибрана во ниско опавче.
Двократната кандидатка за „Греми“ во последните неколку месеци поминува повеќе време во Лос Анџелес , откако ја обнови врската со поранешниот свршеник Бен Афлек.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
„Се вратил да ги спаси децата од дискотеката, се молам Господ да им даде сила…“: срцепарателно простување од Андреј „ДНК“

Македонскиот пејач Данијел Кајмакоски на својот Инстаграм профил се прости со колегата Андреј со емотивни зборови.
Тој на социјалните мрежи испрати емотивни зборови и изрази сочувство до семејствата на починатите.
„Не се сеќавам на толку тежок и мрачен ден. Срцето ме боли за сите загинати во пожарот во Кочани. Не знам како родителите и семејствата се справуваат со оваа страшна загуба и болка, се молам Господ да им даде сила.
Андреј, многу ми е тешко да се збогувам со тебе. Голема душа, секогаш подготвена да помогне. Се врати да ги спаси децата од дискотеката… ќе ми недостигаш неизмерно.
Изгубивме прекрасни луѓе и колеги. Андреј Ѓоргиески, Сара Пројковска, Ѓорги Ѓоргиев, Филип Стевановски, Александар Коларов. Моите мисли и молитви се со жртвите и нивните семејства“, напиша Даниел.
Забава
„Тага до небото!“: Јелена Томашевиќ емотивно се прости од трагично загинатите членови на бендот на „ДНК“

Пејачката Јелена Томашевиќ проговори за страшната трагедија што ја потресе Македонија, каде што најмалку 59 лица загинаа, а повеќе од 150 се повредени во пожар во дискотека во Кочани.
Таа се прости од трагично загинатите членови на бендот на „ДНК“, меѓу кои и тапанарот Горги Горгиев.
– Нека ви бидат светли Господовите патишта за вас и членовите на вашиот бенд „ДНК“, како и за сите оние кои прерано заминаа со вас во царството небесно. Тага до небо во мојата сакана Македонија! Длабоко сочувствувам со вас! Искрено сочувство до сите семејства на жртвите и до сите граѓани на Македонија, напиша Јелена на Инстаграм споделувајќи фотографија со Горги.
Забава
Владо Георгиев скршен по страшната трагедија во Македонија: „Господе Боже, можно ли е…“

Пејачот Владо Георгиев проговори за трагедијата што ја потресе Македонија, во која најмалку 59 лица загинаа, а повеќе од 150 се повредени во пожар во дискотека во Кочани.
Георгиев на социјалната мрежа „Икс“ изрази шокираност и тага, повикувајќи ги сите да се молат за настраданите.
– Страшна трагедија во Кочани. Да се молиме за душите на жртвите. Господе Боже, можно ли е вакво нешто да се случи во 2025 година?“, напиша тој.