Забава
Џони Деп го тужи британски „Сан“ затоа што пишувал дека ја тепа сопругата

Актерот Џони Деп почна судска постапка против британски таблоид, кој, најверојатно, ќе открие детали од приватниот живот за него и неговата поранешна сопруга Амбер Херд.
Деп (57), ѕвездата на филмот „Пиратите од Карибите“, го тужеше издавачот на таблоидот „Сан“ и неговиот извршен уредник Ден Вутон за клевета за написот на Вутон од 2018 година во кој го нарече човекот што ја тепа сопругата.
Случајот ќе го води Високиот суд во Лондон и судењето треба да трае три недели, а исказ треба да дадат и актерот и неговата поранешна сопруга.
Двојката се запознала во 2011 година во серијата The Rum Diary, а се венчале во февруари 2015 година. Актерката поднесе барање за развод по 15 месеци брак и побара од судот да му забрани да ѝ се приближи. Таа го обвини за физичка злоупотреба, што тој го негира.
Тие се разведоа во 2017 година и тогаш му беше укината забраната за приоѓање и Деп се согласи да ѝ плати 7 милиони долари.
„Сан“ се обиде да издејствува судот да ја отфрли тужбата, но не успеа, иако судијата пресуди дека Деп не ја доставил целата потребна документација, вклучувајќи ја и неговата преписка по телефон со помошникот, кој, според „Сан“, му набавувал дрога.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада
На Роби Вилијамс му е дијагностициран Туретов синдром

Музичката ѕвезда Роби Вилијамс откри дека тајно се бори со Туретов синдром. Педесет и едногодишниот пејач вели дека неговите тикови се „наметливи“ и главно внатрешни, но мислите му се толку интензивни што не може да ги замолчи дури ни за време на настап пред десетици илјади обожаватели, пишува „Дејли мејл“.
Вилијамс претходно имал дијагнози за АДХД и посттрауматско стресно нарушување, а се соочувал и со зависности од алкохол и дрога. Неодамна направил и тестирање за аутизам – резултатот бил негативен, но му било укажано дека има „аутистични особини“, вклучувајќи анксиозност кога ја напушта сигурноста на својот кревет.
Во искрен разговор за подкастот ‘I am ADHD! No, you’re not’, пејачот призна дека турнеите и понатаму го плашат, и покрај децениското искуство на распродадени стадиони.
„Што и да е во мене, тоа не разбира“
Говорејќи за најновата дијагноза, Вилијамс изјави: „Штотуку сфатив дека имам Туретов синдром, но не се манифестира надворешно. Би помислиле дека стадион полн со луѓе кои ви даваат љубов би делувал како одвлекување на вниманието, но тоа не е така. Што и да е во мене, тоа не може да разбере.“
Како и шкотскиот пејач Луис Капалди, кој во 2023 година направи пауза поради Туретов синдром, и кај Вилијамс менталното здравје силно влијае врз настапите.
„Имам многу комплициран однос со турнеите и настапите во живо. Луѓето велат: Одеш на турнеја? Сигурно си возбуден. Но не баш, ужаснат сум,“ призна тој.
Добитникот на 18 БРИТ награди рече дека АДХД му бил дијагностициран дури три пати, бидејќи секојпат „заборавал“ на дијагнозата. Првиот пат бил околу 2006 година. „Се почувствував олеснето што конечно имам официјална дијагноза,“ изјави тој.
„Но потоа почувствував уште поголемо олеснување кога добивав по 200 апчиња и мислев дека тие ќе ме поправат, затоа што секогаш барате лек. Барате лек за болеста во вашата глава. Така многу брзо преминав од голтање апчиња до нивно дробење и вшмркување,“ рече Вилијамс.
Денес, вели, е посвесен за своето ментално здравје и постојано ги бара корените на својата нелагодност.
„Кога сум во кревет, тоа е мојата зона на комфор. Се друго надвор од креветот е моја зона на нелагодност. Во дваесеттите беше ужасно, во триесеттите лошо, во четириесеттите почна да се подобрува, сега сум на нагорна линија, но сè уште се чувствувам лошо во сопствената кожа,“ заклучи пејачот.
Туретов синдром е наследно, невролошко нарушување кое се карактеризира со неволни звуци и движења – тикови. Обично започнува во детството, а симптомите можат да вклучуваат често трепкање, гримаси, слегнување со раменици или движење на главата. Состојби како АДХД, опсесивно-компулсивно нарушување и анксиозност често се поврзани со Туретов синдром.
Забава
(Фото) Сега е непрепознатлива, послаба и поубава од кога било: се сеќавате ли како изгледаше?

На свадбата на Селена Гомез и Бени Бланко, одржана во интимна атмосфера во Санта Барбара, меѓу гостите беше и светската музичка ѕвезда, пејачката Адел, која многумина дури и не ја препознаа на почетокот поради нејзиниот сосема поинаков изглед.
ADELE pic.twitter.com/OHHMT9nSoz
— Adele Stats (@StatsAdele) September 28, 2025
Фотографии од популарната пејачка се појавија на социјалните мрежи, а Адел изгледа послабо и поубаво од кога било досега. За оваа свечена пригода таа избра елегантен црн фустан, а обожавателите не штедеа зборови кога ѝ даваа комплименти за нејзината нова фигура.
Како што е познато, Адел направи долга пауза и неодамна ѝ се врати на музиката, а нејзиниот последен настап беше во ноември 2024 година.
Медиумите исто така пишуваат дека таа набргу ќе се врати во студиото за да почне да работи на нов албум, а потоа ќе планира светска турнеја.
Исто така, постојат шпекулации дека таа е во преговори за настап на Супербоул, иако ја одбила можноста пред десет години наведувајќи дека „шоуто не е за музика, а таа не танцува или нешто слично“. Сепак, засега ова се само шпекулации, а потврдено е дека главната ѕвезда на полувремето на Супербоул 2026 ќе биде Бед Бани, порторикански рапер и пејач, кој освоил неколку Греми-награди.
Додека не видиме дали Адел ќе блесне на Супербоул и ќе ја изненади публиката, да се потсетиме на некои од нејзините претходни изданија, кои ја потврдуваат нејзината огромна физичка трансформација.
Адел во 2008 година
Адел во 2012 година
Адел во 2013 година
Адел во 2016 година
Адел во 2022 година
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Памела Андерсон повеќе не е русокоса

Памела Андерсон долго време е една од најпознатите русокоси во светот. Од почетокот на нејзината кариера и улогите како Си-Џеј Паркер во „Baywatch“, навикнавме да ја гледаме во препознатливи нијанси на руса боја – од шампањ и платина до медени тонови.
Но, се чини дека таа ера заврши, бидејќи познатата актерка сега се обои во црвено.
Новата боја на косата, во комбинација со полежерна фризура, е само дел од постојано еволуирачкиот пристап на Андерсон кон убавината во последните години. Сè започна во 2023 година, кога актерката се појави на Неделата на модата во Париз без ни малку шминка, неочекувано контроверзен потег.
„Само си помислив, го правам ова за сите девојки и ова е за нив. Во денешно време, дали воопшто знаеме како изгледа едно лице? Ова е тоа“, рече Памела во тоа време. Таа претходно изјави за Elle дека престанала да носи шминка откако нејзината долгогодишна шминкерка и пријателка Алексис Вогел почина од рак на дојка во 2019 година.
фото: принтскрин