Забава
Џони Деп поранешната сопруга ја нарекувал џган
Џони Деп и Амбер Херд постигнаа спогодба за развод во август 2016 година, пред разделбата да стане формална во јануари 2017 година.
Во новооткриените СМС-пораки кои актерот ги испраќал по договорената спогодба, тој пишувал дека „ја мрази и дека не би ја допрел ниту во хазмат одело“.
СМС-пораките излегоа во јавност минатата недела кога беа презентирани пред Апелациониот суд во Лондон, каде Деп поднесе жалба за случајот клевета против весникот „Сан“. Таблоидот го оквалификува како тепач на жена по наводите кои ги изнесе Амбер по нивната разделба.
Адвокатот на 57-годишниот актер тврди дека Амбер го измамила судијата во случајот клевета да мисли дека таа била жртва на семејно насилство.

Како одговор, адвокатот на „Сан“ презентираше СМС-пораки и рече дека Деп бил преокупиран со идејата дека неговата поранешна е џган и копач на злато.
А во СМС-пораките Џони пишува:„Ми се лоши кога ќе помислам колку напорно се трудев да направам бракот да успее“. „Искрено, јас не би го допрел тоа ѓубре ниту со облечен хазмат“. „Каков џган. Јас ја мразам!”
Адвокатот на „Сан“, Адам Волански, пред судот рече: „Етикетирањето на г-ѓа Херд како копач на злато е реторика на некој кој мрзи жени. Ова било безнадежно, исто како и неговата теорија дека обвинувањата за насилство се измама.“
Апелациониот суд дополнително ќе ја објави својата одлука за тоа дали ќе му даде зелено светло на Џони за жалба.
Во ноември минатата година судија на Кралскиот суд на правдата во Лондон донесе одлука дека Деп физички ја напаѓал својата поранешна сопруга за време на нивната бурна петгодишна врска и ја довел до ситуација да стравува за својот живот.
Во пресуда со која сериозно може да се наруши угледот и кариерата на Деп, судијата рече дека ги прифаќа тврдењата на поранешната сопруга на актерот дека тој бил насилник. Според него, подносителот на барањето не успеал да ја докаже постапката за клевета.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Принцот од Брунеј и убавицата со хрватско потекло ја покажаа својата ќерка
Принцот Абдул Матин од Брунеј и неговата сопруга, Аниша Калебиќ, од хрватско потекло, добија ќерка на 8 февруари, според телевизијата RTB.
Среќната двојка сега ја објави првата фотографија од својата ќерка, а го откри и името што ѝ го дале на девојката.
„Захра Маријам Болкија. Аниша и јас сме неизмерно благодарни на сите за нивната поддршка и грижа и ви благодариме на сите за вашите убави желби“, напишаа тие во описот.
Тие покажаа и како изгледа бебето, но таа нема да биде во редот на наследници поради правилата на Брунеј дека само мажи можат да го наследат тронот.
Името Захра е од арапско потекло и значи „цвет“ или „блеска“, а Маријам има и семејна симболика, со оглед на тоа што и мајките на Абдул и на Аниша се викаат исто.
Забава
(Видео) Ретко носи проѕирни фустани, а сега ги воодушеви сите: Го покажа своето витко тело
Ен Хатавеј неодамна присуствуваше на ревијата на Ралф Лорен во рамките на Неделата на модата во Њујорк. За таа пригода, таа одлучи да облече креација која комбинира чист сексапил и темен гламур.
Станува збор за специфично парче облека кое ја следи линијата на телото, а е украсено со висока јака и целосно отворен грб. Покрај тоа, има слоеви од чипка кои ја продолжуваат должината на целиот фустан и дискретно откриваат црна долна облека.
Но тоа не е сè…
Таа додаде и на стајлингот, да речеме, интересна наметка која ги обвиваше нејзините раце и му даде на целиот аутфит доза на елеганција.
Оваа фатална креација ја надополни со шминка во нежни тонови, а косата ја стилизираше на наједноставен начин – се одлучи за брановидна фризура која паѓаше по рамената.
Во еден момент за време на фотосесијата, стави очила и изгледаше како вистинска дива каква што сите ја посакуваат!
Забава
Контролата им дава чувство на моќ: Ова се најголемите перфекционисти во хороскопот
Некои луѓе можат да дозволат работите да се случат и мирно да прифатат непредвидливи ситуации. Други, пак, се чувствуваат непријатно штом ќе ја изгубат контролата врз околностите.
Во астрологијата, постојат знаци кои едноставно мора да знаат кој што прави, кога и како. За нив, импровизацијата не е доблест, туку извор на стрес. Контролата им дава сигурност, а без неа се чувствуваат изгубено. Ова се хороскопските знаци кои најтешко се справуваат со губење на контролата.
Девица
Девиците се познати по својата аналитичка природа и потреба за ред. Сè мора да има свое место, свој распоред и јасен план. Кога работите одат поинаку од очекуваното, тешко им е да останат смирени. Нивната потреба за контрола произлегува од желбата сè да биде совршено и ефикасно. Иако често изгледаат смирени, можат да бидат проголтани од нервоза ако нешто не оди според планот.
Јарец
Јарците ја сакаат структурата, хиерархијата и јасните цели. Во деловната средина, нивната потреба да ја контролираат ситуацијата е особено очигледна. Тешко им е да ја префрлат одговорноста на другите затоа што веруваат дека само тие можат да ги прават работите правилно. Контролата им дава чувство на моќ и стабилност.
Шкорпија
Шкорпиите не го сакаат непознатото. Иако можеби не покажуваат отворено потреба да контролираат некоја ситуација, тие сакаат да знаат сè што се случува околу нив. Информациите се нивна алатка за одржување на контролата. Ако почувствуваат дека нешто им се лизга од контрола, стануваат сомничави и преземаат акција зад сцената.
Лав
Лавовите сакаат да имаат контрола, но на поинаков начин. Важно е да бидат во центарот на вниманието и да се почитува нивниот збор. Ако почувствуваат дека губат авторитет или дека некој ги игнорира, реагираат бурно. Нивната потреба за контрола е поврзана со потребата за признание и статус.

